Достапни линкови

Светот преокупиран со Кипар, ние со изборите


Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Локални избори 2013.
Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Локални избори 2013.

Светската јавност е преокупирана со банкротот на Кипар, домашната, пак, јавност и партиите се преокупирани со локалните в недела.

Додека Европската унија мака мачи да го реши банкротот на Кипар, со што се преокупирани светските медиуми, кај нас сите весници ги објавија изјавите на министерот за финансии, првата, строга и отсечна, дека според македонските закони, наши граѓани и правни лица не смеат да имаат сметки во странски банки, но и втората, дека државата нема проценка колку Македонци имаат сметки во банките на Кипар. Домашната, пак, јавност и партиите се преокупирани со локалните в недела.
Обвинувања за измами со фантомски гласачи ја зовреа кампањата пред нејзиниот финиш.
Утрински весник.

Главен коментар во Вечер е дека СДСМ го активирал резервниот план за по изборниот пораз со сценариото за непризнавање на изборните резултати. „Обвинувања за измами со фантомски гласачи ја зовреа кампањата пред нејзиниот финиш“, објави Утрински, а дневниот Фокус оди со насловот:
Редици пред банкоматите во Кипар.
Редици пред банкоматите во Кипар.
„СДСМ открива шема за лажирање на изборите: увезените 345 гласачи од Мала Преспа ќе го спасуваат Тодоровиќ од пораз во Центар“. „Од игла до локомотива и уште триста чуда, сè без пари“, ги опишува предизборните ветувања Нова Македонија.
СДСМ открива шема за лажирање на изборите: увезените 345 гласачи од Мала Преспа ќе го спасуваат Тодоровиќ од пораз во Центар.
Фокус.

Малку збунувачки - Вечер ги објавува анализите на невладината Цивил дека во кампањата се ветувале вработувања, но дека се вршат и притисоци и уцени со откази, а дека бил присутен и поткупот, односно плаќање за глас или присуство на митинг: „За глас повеќе ни небото не е граница - невеста ќе ти најдеме, само гласај за мене!“
Предизборен митинг на СДСМ во Гостивар.
Предизборен митинг на СДСМ во Гостивар.

Сите медиуми објавија дека синот на Црвенковски добил кривична пријава за обична тепачка во дискотека во Штип. „Партиите ги пријавија потрошените средства за предизборната кампања“, објави Дневник, кој само набројува дека владејачката партија досега потрошила 724.000 евра, а дека од донации добила само 48.000 евра. Истата вест дневниот Фокус ја објавува со следниов наслов: „Дупка од 680.000 евра во изборната каса на ВМРО-ДПМНЕ“.

Утрински објавува дека „Министрите се главни во изборната кампања - шефовите на министерствата промовираат кандидати за локалните избори во текот на работното време“ со придружни фотографии на Јанкулоска, Ставрески, Тодоров, Кралев и на Канческа-Милевска.

Во кампањата како да се вклучи и ЕУ - во еден ден, од дописникот на државната МИА од Брисел, медиумите бомбардираа дека известувачот Ховит изјавил дека во април Македонија ќе добиела позитивна резолуција, а известувачот во сенка, Кукан, дека во јуни можело и датум за преговори да добиеме.

И за крај, една куриозитетна вест, барем за нас, се разбира: поради навредливи изјави пренесени на Хрватската телевизија паднаа тројца уредници - објави Утрински, кој додава дека во Македонија медиумите не сакаат или не се свесни за потребата од ограничување на говорот на омраза. А за време на кампањава, преку медиумите, се изнаслушавме баш многу, нели?
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG