Победа на владејачките партии на локалните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја прослави победата на локалните избори 2013 на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Според досегашните податоци, ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 25 градоначалнички места, наспроти 5 на опозицискиот СДСМ.
Кандидатите за градоначалници и советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ остварија победа во првиот круг или се во водство пред оние на СДСМ во најголемиот број општини во Македонија. Слична ситуација е и во албанскиот политички блок каде што владејачката ДУИ води во однос на ДПА.

Потпретседателот на СДСМ Зоран Заев повторно победи во Струмица.


Според досега објавени податоци на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 25 градоначалнички места, наспроти 5 на опозицискиот СДСМ. Коалицијата „За подобра Македонија“ на листите за советници освоила над 400 илјади гласови, наспроти опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ која освои 288 илјади гласови.
Според досега објавени податоци на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 25 градоначалнички места, наспроти 5 на опозицискиот СДСМ. Коалицијата „За подобра Македонија“ на листите за советници освоила над 400 илјади гласови, наспроти опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ која освои 288 илјади гласови. Податоците се добиени од избројани 98 проценти од гласачките ливчиња.

Тесни битки за градоначалнички места и советнички листи се водеа во многу општини. Во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ победи во Охрид, Битола, Прилеп, Гевгелија, Штип и во неколку помали општини, додека СДСМ победи во Струмица, Велес, најверојатно и во скопската општина Центар, како и во две помали општини.

ДУИ победи во Кичево.


За татко на Град Скопје во вториот изборен круг ќе се борат досегашниот градоначалник Коце Трајановски и неговиот опонент Јани Макрадули, додека пак на советничката листа коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 39 илјади гласови повеќе од опозициската коалиција.

Најголемата битка за скопските општини беше во Карпош и сè уште е неизвесно кој ќе му биде против кандидат на Стевче Јакимовски затоа што разликата меѓу Јагнула Куновска и Андреј Петров, според досега избројаните гласови, изнесува 130 гласа, а неизбројани се уште речиси 5 проценти од гласачките ливчиња. Тесно мнозинство во советот на Карпош доби ВМРО ДПМНЕ со само 600 гласа повеќе од СДСМ и 4.600 повеќе од листата на Јакимовски.

Според досегашните 90 проценти избројани ливчиња во Центар, опозициската коалиција, покрај градоначалничкото место, го доби и мнозинството во Советот со освоени 47 проценти од гласовите.

Во останатите скопски општини, ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство победи во Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба и Бутел.

ДУИ победи во Чаир и Сарај, додека, пак, ДПА во првиот круг не освои ниту едно градоначалничко место, а во втор круг е во игра со Зиадин Села за Струга и Сади Беџети за Тетово.

По тесната и неизвесна македонско–албанска трка, Кичево доби градоначалник и мнозинство советници од редовите на ДУИ.

Во Гостивар трката во втор круг ќе се одвива меѓу Руфи Османи од НДП и Невзат Бејта од ДУИ.