Претседателот Ѓорге Иванов по гласањето во скопската гимназијата Јосип Броз Тито изјави дека денеска е денот кога граѓаните го даваат гласот за оние во коишто имаат најмногу доверба.
„Очекувам и овие избори да поминат во најдобар можен ред и вечер да им честитаме на победниците, на оние кои ја заслужиле довербата, изјави претседателот Иванов.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски изјави дека овој ден е многу значаен за Македонија и за нејзините граѓани во контекст на претстојниот извештај на Европската комисија.
„Сакам да им честитам на граѓаните на Република Македонија за вака добро и успешно спроведени избори, за нивната зрелост за овој судбоносен би рекол значаен момент за Македонија. Како што беше добро спроведена изборната кампања и денешниот ден, очекувам, се надевам и убеден сум во тоа дека ќе помине во мирна, фер и демократска атмосфера“.
Гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера, без посериозни инциденти или покрупни проблеми, оцени премиерот Никола Груевски откако гласаше во основното училиште Кузман Јосифовски Питу.
„Очекувам граѓаните во голем број да го искористат своето гласачко право и да гласаат за оној за кој сметаат дека треба да гласаат, а Македонија ќе продолжи да чекори напред, во следните проеки, во следните работи кои се предвидени да се направат за сите македонски граѓани“, изјави премиерот Груевски.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави дека очекува изборниот ден да помине мирно без било какви инциденти, насилства и без посериозни нерегуларности.
„Се надевам дека граѓаните масовно ќе излезат на избирачките места и ќе го остварат своето право, но и ќе ја исполнат својата граѓанска должност и по сопствено убедување без било какви притисоци и закани ќе го дадат својот глас за онаа опција за која сметаат дека е најдобро“, изјави Црвенковски откако го оствари своето право на глас.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, откако гласаше оцени дека локалните избори се одвидаат фер и демократски.
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи не гласаше, го немало во избирачкиот список. То покажал биометриска патна исправа, но и покрај тоа што имал биометриски документ , според неговите информации, Секторот за внатрешни работи-Тетово не го известил Државниот завод за статистика дека тој поседува патна исправа и затоа не е во избирачкиот список.
Кандидатот за градоначалник за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски изрази задоволство од текот на кампањата што измина и додаде оти очекува доверба од граѓаните.
„Очекувам доверба од граѓаните на Град Скопје врз основа на сето она што е направено во изминатите четири години од страна на Град Скопје, како и од она што во моментов се прави, проектите што се градат и врз основа на проектите што им се нудат на граѓаните на главниот град“, рече Трајановски.
Верувам дека како што и сега се одвива гласањето во мирна, фер и демократска атмосфера, денеска ќе имаме убави вести за Македонија дека сме способни да организираме фер и демократски избори, изјави кандидатот на „Сојузот за иднината“ за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули.
Јас верувам дека граѓаните на Скопје ќе се определат за подоброто, за иднината. Верувам дека денеска и од утре посјајно ќе сјае сонцето во Скопје“, додаде Макрадули.
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски оцени дека предизборната кампања не била фер и демократска, но очекува денот на изборите да помине во фер и демократска атмосфера и дека граѓаните слободно ќе го изнесат своето мислење.
„Верувам дека граѓаните знаат дека со сите притисоци, закани и уцени, сепак, на крајот се сами со изборното место, со изборната кутија, со изборното ливче, така што верувам дека нивната слободна волја на крајот ќе го даде својот резултат, рече Георгиевски по гласањето на избирачко место во ОУ „Кочо Рацин“.
Претседателот на Националната Демократска Преродба (НДП) Руфи Османи очекува изборите да поминат во слободна и демократска атмосфера.
„Со жалење констатирам дека ОИК Гостивар е крајно политизирана. Тоа го манифестираше вчера со фалсификување на личните документи на болните и изнемоштени лица. Дел од нив ние успеавме да ги откриеме и обелодениме. Нашите политички опоненти и денеска продолжуваат со притисоци и агитација во близина на избирачките места, а има случаи на купувањето гласови, изјави Османи по гласањето.
Очекувам и овие избори да поминат во најдобар можен ред и вечер да им честитаме на победниците, на оние кои ја заслужиле довербата.Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.
„Очекувам и овие избори да поминат во најдобар можен ред и вечер да им честитаме на победниците, на оние кои ја заслужиле довербата, изјави претседателот Иванов.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски изјави дека овој ден е многу значаен за Македонија и за нејзините граѓани во контекст на претстојниот извештај на Европската комисија.
„Сакам да им честитам на граѓаните на Република Македонија за вака добро и успешно спроведени избори, за нивната зрелост за овој судбоносен би рекол значаен момент за Македонија. Како што беше добро спроведена изборната кампања и денешниот ден, очекувам, се надевам и убеден сум во тоа дека ќе помине во мирна, фер и демократска атмосфера“.
Очекувам граѓаните во голем број да го искористат своето гласачко право и да гласаат за оној за кој сметаат дека треба да гласаат, а Македонија ќе продолжи да чекори напред, во следните проеки, во следните работи кои се предвидени да се направат за сите македонски граѓани.Никола Груевски, премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера, без посериозни инциденти или покрупни проблеми, оцени премиерот Никола Груевски откако гласаше во основното училиште Кузман Јосифовски Питу.
„Очекувам граѓаните во голем број да го искористат своето гласачко право и да гласаат за оној за кој сметаат дека треба да гласаат, а Македонија ќе продолжи да чекори напред, во следните проеки, во следните работи кои се предвидени да се направат за сите македонски граѓани“, изјави премиерот Груевски.
Се надевам дека граѓаните масовно ќе излезат на избирачките места и ќе го остварат своето право, но и ќе ја исполнат својата граѓанска должност и по сопствено убедување без било какви притисоци и закани ќе го дадат својот глас за онаа опција за која сметаат дека е најдобро.Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.