Процесот на избирање главно се одвиваше според очекувањата, со мали исклучоци, велат аналитичарите.
На овие локални избори, според аналитичарите, процесот на избирање главно се одвивал според очекувањата, со мали исклучоци. Иако резултатите сè уште не се целосни, може да се каже дека како поголеми или помали отстапувања се сметаат изборниот резултат на опозицијата во Општината Центар, каде во предност е нивниот кандидат и гласањето во Охрид, каде претставникот на ВМРО-ДПМНЕ победи уште во првиот круг.
„Резултатите се очекувани. Можеби условно за нас беше изненадување губењето на Охрид од страна на опозицијата. Центар е специфична општина.
Скопје 2014 е еден од најконтроверзните проекти по којшто јавноста е и најмногу поделена и незадоволството од тој проект веројатно се искажа на овој начин“, изјави политичкиот аналитичар Владимир Мисев.
За овие локални избори, според експертската јавност, исто така е важно да се види дали имало нерегуларности и колку тоа влијаело врз изборниот резултат. Алберт Муслиу упати забелешка зашто процесот на пребројување оди бавно во некои општини како Центар, додека изброени се резултатите од рурални места.
„Не е завршено пребројувањето во Карпош и во Центар, а во општини кои се рурални е завршено, така што тоа малку ми е симптоматично“, вели Муслиу.
Во очекување на официјалните резултати, Здравко Савески вели дека е важно да се почека да се виде дали волјата на избирачите се пресликала во изборниот процес без да биде злоупотребена. Савески нагласи дека за партиите е важен резултатот што ќе го постигнат во поголемите општини.
„Најважно е да се држат најголемите општини, на пример оние што се од клучно значење“, вели Савески.
Инаку во албанскиот политички блок, според Алберт Муслиу, немало некои поголеми отстапувања. Генерално, според него, без изненадувања поминало гласањето во Кичево и во Струга, каде политичкиот натпревар беше повеќе етнички, а не партиски и каде волјата на гласачите е во полза на ДУИ. Како изненадување се смета изборниот резултат во Тетово, каде досега на власт беше опозициската ДПА.
„Нема големи изненадувања. Малку поголемо изненадување е Тетово, односно разликата што ја постигна ДУИ во однос на ДПА, но таму изборниот процес не е завршен и мислам дека во вториот изборен круг ќе биде уште поинтересно и поактивно ќе се вклучат“, вели Муслиу.
Ова се заклучоците на кои, според аналитичарите, наведуваат првично обработените резултати од вчерашното гласање за прв изборен круг низ цела Македонија.
Резултатите се очекувани. Можеби условно за нас беше изненадување губењето на Охрид од страна на опозицијата. Центар е специфична општина. Скопје 2014 е еден од најконтроверзните проекти по којшто јавноста е и најмногу поделена и незадоволството од тој проект веројатно се искажа на овој начин.Владимир Мисев, политички аналитичар.
Скопје 2014 е еден од најконтроверзните проекти по којшто јавноста е и најмногу поделена и незадоволството од тој проект веројатно се искажа на овој начин“, изјави политичкиот аналитичар Владимир Мисев.
За овие локални избори, според експертската јавност, исто така е важно да се види дали имало нерегуларности и колку тоа влијаело врз изборниот резултат. Алберт Муслиу упати забелешка зашто процесот на пребројување оди бавно во некои општини како Центар, додека изброени се резултатите од рурални места.
„Не е завршено пребројувањето во Карпош и во Центар, а во општини кои се рурални е завршено, така што тоа малку ми е симптоматично“, вели Муслиу.
Нема големи изненадувања. Малку поголемо изненадување е Тетово, односно разликата што ја постигна ДУИ во однос на ДПА, но таму изборниот процес не е завршен и мислам дека во вториот изборен круг ќе биде уште поинтересно и поактивно ќе се вклучат.Алберт Муслиу, политички аналитичар.