Од 7 наутро па до 19 часот над милион и седумстотини илјади граѓани треба да го остварат своето право на глас и да ги изберат новите градоначалници и советници
Локалните избори во Македонија се одржуваат во 80 општини и во Градот Скопје. На 2.976 гласачки места својот глас, според избирачкиот список, треба да го дадат 1.743.403 граѓани.
За Советот на Град Скопје и за градоначалник на Град Скопје своето право на глас можат да го искористат 443.770 граѓани запишани во Единствениот избирачки список на 536 избирачки места.
Општина со само три избирачки места е Вевчани каде треба да гласаат 2.055 граѓани, додека Куманово е општина што има најмногу запишани гласачи во избирачкиот список 88.708, кои треба да гласаат на 128 места. Најголем број избирачки места има општина Битола, односно 152, а таму треба да гласаат 81.000 граѓани.
Денеска, пак, своето право на глас ќе го остварат луѓето кои се во казнено-поправните домови, каде треба да гласаат 1.446 избирачи. Освен тоа, денеска ќе гласаат и 136 избирачи со статус на внатрешно раселени лица, а ќе гласаат и луѓето што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, немоќните и болните, ако тоа претходно го побарале од општинските изборни комисии.
Државната изборна комисија веќе ги предаде избирачките ливчиња на општинските изборни комисии, а тие пак го предадоа изборниот материјал на избирачките одбори.
Ова се шести локални избори во Македонија. Првите се одржаа во 1990 година, следните во 1996, во 2000, во 2005, а последните во 2009 година.
Во функција на спроведување фер и слободни избори, Граѓанската асоцијација МОСТ досега има набљудувано девет изборни процеси. МОСТ има 18 регионални канцеларии каде граѓаните ќе може да се информираат и да се пожалат ако им се нарушени нивните права како гласачи.
„За набљудување на Локалните избори 2013 и денот на гласањето ќе бидат ангажирани повеќе од 3.500 набљудувачи на целата територија на Република Македонија. Заради сеопфатна оценка за текот на изборите, набљудувачи на МОСТ ги следат текот на предизборната кампања, работата на изборните органи, предвременото гласање, како и процесот на жалби и поплаки“, рече претседателот на МОСТ Дарко Алексов.
Членови на организацијата биле дел од голем број меѓународни мисии за мониторинг на избори. При спроведување на своите активности, како партнер на ОДИХР и како член на Европската мрежа на организации за набљудување на избори(ЕНЕМО), МОСТ работи според меѓународните стандарди за непристрасно, објективно и навремено известување.
Цивил – Центар за слобода од почетокот на минатиот месец има над 100 мобилни набљудувачи распоредени во сите општини во земјата, а на самиот ден на изборите оваа бројка ќе биде двојно поголема. Набљудувачите на Цивил имаат обврска да ја набљудуваат атмосферата и можните нерегуларности во поширок контекст на целата територија на земјата во подолг временски период, а не само на денот на изборите и не само на избирачките места. Од Цивил соопштија дека досега забележале бројни нерегуларности и над 1000 прекршувања на принципите за фер и слободни избори.
Го прашавме претседателот на Цивил Џабир Дерала, колку од овие регистрирани случаи на изборни злоупотреби може да добијат институционална завршница.
„Ние се трудиме сите можни случаи да ги документираме, но имајте предвид дека луѓето се плашат, ни го кажуваат тоа во доверба, тоа е голем комплимент за Цивил, но од друга страна сè уште не можеме да ги охрабриме граѓаните и граѓанките да го побараат своето право на институционално ниво. Мислам дека тоа ќе оди многу потешко, но она што ние го документираме, еден дел од тоа може и на институционално ниво да се искачи. Сепак, еден огромен дел ќе остане во зоната на изјави коишто ќе влезат во нашиот завршен извештај, се подразбира“, вели Дерала.
Оперативниот штаб на МВР задолжен за реализирање на обврските поврзани со локални избори е подготвен и е ставен во функција на одржување на слободни, фер и демократски избори, велат од МВР. Тие рекоа дека се одредени евентуалните ризични точки, како и разни типови на проблеми кои би можеле да се јават. Пред изборите, на денот на изборите и по затворањето на гласачките места, ќе бидат ангажирани максимален број на полициски службеници. МВР останува отворено за сите граѓани за било каква информација доколку имаат за штета на избирачкиот процес.
Секој полицаец ќе добие посебен прирачник, што е изработен во соработка со ОБСЕ, како корисна алатка за подобро снаоѓање во дадени ситуации. Точната бројка полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на денот на изборите зависи од повеќе параметри. За попречување на изборниот процес предвидени се затворски казни од шест месеци до 5 години, а доколку тоа се прави на организиран начин казните се движат од 1 до 10 години затвор.
Досега за нерегуларности и нарушувања на предизборната кампања, до Државната изборна комисија има поднесено над 400 претставки. Казните за прекршителите се движат од 3.000 до 5.000 евра.
Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР по 13 пат набљудува избори во Македонија. Овие избори ги набљудува со 300 краткорочни и 16 долгорочни набљудувачи, а во мисијата се вклучени и 11 експерти од 9 земји. Тие вообичаено ги набљудуваат спроведувањето на законите, регистрирањето на кандидатите, изборната кампања, работата на изборната администрација и разрешувањето на изборните спорови. Бројката на набљудувачи е иста како и за претходните два изборни циклуси, претседателските и локалните во 2009 и вонредните парламентарни во 2011 година.
Шефот на набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ/ОДИХР, Герт Хенрих Аренс, информира дека во рамки на оваа мисија се сретнал со кандидатите за градоначалници, како и со владини функционери.
„Според нашиот мандат ние сме целосно неутрални и не поддржуваме ниту една страна. Нас не нè интересираат резултатите од овие избори, но важно е резултатите од изборите да бидат остварени на демократски начин“, изјави Аренс.
Тој во 1999 година беше специјален пратеник за Македонија на претседателството на ОБСЕ. Набљудувачката мисија за локалните избори во Македонија функционира независно од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Мисијата ќе ги објави прелиминарните наоди на денот на изборите, а конечниот извештај два месеци по завршувањето на изборниот циклус.
По предвремените парламентарни избори во 2011 година, ОДИХР, која е надлежна за набљудување на изборите, излезе со извештај во кој беа сумирани забелешките и препораки. Главни аспекти беа: да се осигури одвојување на државата од партиските функции, темелна проверка на гласачкиот список, забелешки поврзани со гласањето на дијаспората, медиумите, финансирање на кампањата, изборната администрација и набљудувањето на изборите. Изборната регулатива беше променета, но сепак некои од препораките не беа исполнети.
Во интервју за Радио Слободна Европа, амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет беше запрашана дали може да се гарантираат квалитетни избори без имплементација на оние препораки кои не се вклучени во изборниот законик?
„Легислативата, каква што е, дава можност за слободни и фер избори, но по набљудувањето, ОДИХР треба да каже дали треба некои други работи да се променат“, изјави амбасадорот Брет.
Претседателот на МОСТ Дарко Алексов вели дека и тие имаат забелешки на сегашното законско решение во кое не се вклопени сите препораки, но дека законот, каков и да е, мора да се почитува.
Се надеваме дека изборите ќе поминат без проблеми и ќе бидат добар кредит за Македонија, рече британскиот амбасадор Кристофер Ивон во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Тој аспект на репутација е многу важен. Слоганот е „каков белег ќе оставиме“. Тоа е белег кој го остава секоја индивидуа, семејство, заедница и општина. Тоа белег и на регионално ниво, затоа што и останатите држави гледаат како биле спроведени изборите во Македонија, меѓународен белег, затоа што меѓународната заедница сака да види избори кои ќе бидат за гордеење, а не за загриженост.“
И европратеници повикаа на спроведување на фер избори. Европратеникот и член на Народните партии Едуар Кукан за Дојче Веле, изјави дека е потребно локалните избори да се спроведат на демократски начин во согласност со европските норми и стандарди. Освен тоа, според него, потребно е и внатрешно-политичката ситуација да се развива врз основа на политичкиот дијалог со целосно исполнување на демократските функции на Парламентот, како и нормален демократски дијалог меѓу Владата и опозицијата. За Кукан, тоа е еден од клучните услови земјата на Самитот на Европската унија во јуни оваа година да добие датум за преговори, покрај напредокот во спорот за името.
И известувачот за Македонија Ричард Ховит во изјава за МИА упати апел за „демократски избори кои би биле сигнал со ЕУ да ја поддржи земјата во нејзините следни чекори кон интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Според Изборниот законик, гласачките места започнуваат со работа во 7 часот наутро и гласањето трае непрекинато до 19 часот. Доколку се доцнело со почеток на гласањето, гласањето продолжува за онолку време колку што задоцнило. Гласачките места затвараат во 19 часот, но на оние гласачи кои се затекнале на местото на гласањето ќе им биде овозможено да си го остварат своето право на глас.
Избирачкиот одбор може да го затвори гласачкото место и пред истекот на рокот, по претходна согласност од надлежната општинска изборна комисија, ако гласале сите избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список, но не започнува со броење на гласовите пред 19,00 часот. Ако гласањето е прекинато подолго од 1 час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од 3 часа.
Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој
добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите
излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од
Избирачкиот список за соодветната општина.
Доколку не се остварат тие услови, двајцата кандидати кои освоиле најголем број на гласови одат на втор изборен круг после 2 недели и тогаш победник е оној кој има релативно мнозинство. Кај советничките листи, пак, нема изборен праг, туку се утврдуваат по пропорционалниот модел, Донтова варијанта, каде согласно изборните резултати се добиваат советници. На претходните локални избори, во 2009 година, одѕивот во првиот круг, во просек, изнесувал околу 49 проценти, а во вториот близу 42 проценти.
За набљудување на Локалните избори 2013 и денот на гласањето ќе бидат ангажирани повеќе од 3.500 набљудувачи на целата територија на Република Македонија. Заради сеопфатна оценка за текот на изборите, набљудувачи на МОСТ ги следат текот на предизборната кампања, работата на изборните органи, предвременото гласање, како и процесот на жалби и поплаки.Дарко Алексов, претседател на граѓанската асоцијација МОСТ.
За Советот на Град Скопје и за градоначалник на Град Скопје своето право на глас можат да го искористат 443.770 граѓани запишани во Единствениот избирачки список на 536 избирачки места.
Општина со само три избирачки места е Вевчани каде треба да гласаат 2.055 граѓани, додека Куманово е општина што има најмногу запишани гласачи во избирачкиот список 88.708, кои треба да гласаат на 128 места. Најголем број избирачки места има општина Битола, односно 152, а таму треба да гласаат 81.000 граѓани.
Денеска, пак, своето право на глас ќе го остварат луѓето кои се во казнено-поправните домови, каде треба да гласаат 1.446 избирачи. Освен тоа, денеска ќе гласаат и 136 избирачи со статус на внатрешно раселени лица, а ќе гласаат и луѓето што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, немоќните и болните, ако тоа претходно го побарале од општинските изборни комисии.
Ние се трудиме сите можни случаи да ги документираме, но имајте предвид дека луѓето се плашат, ни го кажуваат тоа во доверба, тоа е голем комплимент за Цивил, но од друга страна сè уште не можеме да ги охрабриме граѓаните и граѓанките да го побараат своето право на институционално ниво. Мислам дека тоа ќе оди многу потешко, но она што ние го документираме, еден дел од тоа може и на институционално ниво да се искачи. Сепак, еден огромен дел ќе остане во зоната на изјави коишто ќе влезат во нашиот завршен извештај, се подразбира.Џабир Дерала, претседател на Невладината организација Цивил - Центар за слобода.
Државната изборна комисија веќе ги предаде избирачките ливчиња на општинските изборни комисии, а тие пак го предадоа изборниот материјал на избирачките одбори.
Ова се шести локални избори во Македонија. Првите се одржаа во 1990 година, следните во 1996, во 2000, во 2005, а последните во 2009 година.
Во функција на спроведување фер и слободни избори, Граѓанската асоцијација МОСТ досега има набљудувано девет изборни процеси. МОСТ има 18 регионални канцеларии каде граѓаните ќе може да се информираат и да се пожалат ако им се нарушени нивните права како гласачи.
„За набљудување на Локалните избори 2013 и денот на гласањето ќе бидат ангажирани повеќе од 3.500 набљудувачи на целата територија на Република Македонија. Заради сеопфатна оценка за текот на изборите, набљудувачи на МОСТ ги следат текот на предизборната кампања, работата на изборните органи, предвременото гласање, како и процесот на жалби и поплаки“, рече претседателот на МОСТ Дарко Алексов.
Според нашиот мандат ние сме целосно неутрални и не поддржуваме ниту една страна. Нас не нè интересираат резултатите од овие избори, но важно е резултатите од изборите да бидат остварени на демократски начин.Герт Хенрих Аренс, шеф на набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ/ОДИХР.
Членови на организацијата биле дел од голем број меѓународни мисии за мониторинг на избори. При спроведување на своите активности, како партнер на ОДИХР и како член на Европската мрежа на организации за набљудување на избори(ЕНЕМО), МОСТ работи според меѓународните стандарди за непристрасно, објективно и навремено известување.
Цивил – Центар за слобода од почетокот на минатиот месец има над 100 мобилни набљудувачи распоредени во сите општини во земјата, а на самиот ден на изборите оваа бројка ќе биде двојно поголема. Набљудувачите на Цивил имаат обврска да ја набљудуваат атмосферата и можните нерегуларности во поширок контекст на целата територија на земјата во подолг временски период, а не само на денот на изборите и не само на избирачките места. Од Цивил соопштија дека досега забележале бројни нерегуларности и над 1000 прекршувања на принципите за фер и слободни избори.
Го прашавме претседателот на Цивил Џабир Дерала, колку од овие регистрирани случаи на изборни злоупотреби може да добијат институционална завршница.
„Ние се трудиме сите можни случаи да ги документираме, но имајте предвид дека луѓето се плашат, ни го кажуваат тоа во доверба, тоа е голем комплимент за Цивил, но од друга страна сè уште не можеме да ги охрабриме граѓаните и граѓанките да го побараат своето право на институционално ниво. Мислам дека тоа ќе оди многу потешко, но она што ние го документираме, еден дел од тоа може и на институционално ниво да се искачи. Сепак, еден огромен дел ќе остане во зоната на изјави коишто ќе влезат во нашиот завршен извештај, се подразбира“, вели Дерала.
Оперативниот штаб на МВР задолжен за реализирање на обврските поврзани со локални избори е подготвен и е ставен во функција на одржување на слободни, фер и демократски избори, велат од МВР. Тие рекоа дека се одредени евентуалните ризични точки, како и разни типови на проблеми кои би можеле да се јават. Пред изборите, на денот на изборите и по затворањето на гласачките места, ќе бидат ангажирани максимален број на полициски службеници. МВР останува отворено за сите граѓани за било каква информација доколку имаат за штета на избирачкиот процес.
Секој полицаец ќе добие посебен прирачник, што е изработен во соработка со ОБСЕ, како корисна алатка за подобро снаоѓање во дадени ситуации. Точната бројка полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на денот на изборите зависи од повеќе параметри. За попречување на изборниот процес предвидени се затворски казни од шест месеци до 5 години, а доколку тоа се прави на организиран начин казните се движат од 1 до 10 години затвор.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Легислативата, каква што е, дава можност за слободни и фер избори, но по набљудувањето, ОДИХР треба да каже дали треба некои други работи да се променат.Ралф Брет, амбасадор на ОБСЕ во Македонија.
Тој аспект на репутација е многу важен. Слоганот е „каков белег ќе оставиме“. Тоа е белег кој го остава секоја индивидуа, семејство, заедница и општина. Тоа белег и на регионално ниво, затоа што и останатите држави гледаат како биле спроведени изборите во Македонија, меѓународен белег, затоа што меѓународната заедница сака да види избори кои ќе бидат за гордеење, а не за загриженост.Кристофер Ивон, амбасадор на Велика Британија во Македонија.