Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид Никола Бакрачески го одби повикот за ТВ-дуел со актуелниот градоначалник кој се бори за нов мандат, Александар Петрески од СДСМ.
Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа повикот на Александар Петрески за телевизиски дуел и спротивставување на програмите и визиите за Охрид за наредните четири години. Петрески вели дека е отворен за дебата со неговиот противкандидат, но вели дека Бакрачески е тој што треба да побара дуел со него. Од Сојузот за иднината во Охрид рекоа дека се отворени за дуел со ВМРО-ДПМНЕ на сите нивоа.
„Бидејќи не ме предизвикуваат на дуел, јас преку портпаролот ги повикав на дуел. Почнавме да броиме. Остануваат уште неколку дена за дуел, па доколку соберат храброст ги повикуваме како сакаат и каде сакаат и со кого сакат. Да излеземе пред граѓаните, да разговараме и не со наместени реклами и соопштенија, не да зборуваат пред огледало, туку да излеземе на дуел и граѓаните нека ценат кој е подобар“, рече Петрески.
Бакрачески рече дека не прифаќа никаков дуел и оти дуелот со Петрески ќе се реализирал на 24 март.
„Моето ниво на култура и моето ниво на воспитување не дозволува спуштање на ниво кое не е дозволиво за еден цивилизиран начин на комуникација. Затоа јас кажав дека ние дуелот ќе го имаме на 24 март. На кој начин вие ќе го спречите нивото на ниска комуникација на мојот опонент. Тоа ве прашувам и бидете искрени?“ рече Бакрачески.
Петрески врати дека другата страна се плаши од дуел со него.
„За да излези на дуел, треба храброст за таа работа“, вели Петрески.
Охриѓани сметаат дека кандидатите за градоначалници не треба да бегаат од дуел, за да може да се слушнат ставовите.
„Тоа е најреално и треба да има, кој е подобар нека кажи. Нека кажи кој и што стои зад него. Бакрачески не го прифаќа дуелот? Не знам зошто, не ми е јасно. Не знам од што се плашат“, вели граѓанин на Охрид.
„Нека има, да ги спротивстават ставовите“, вели друг граѓанин.
„Зошто да не прифаќа? Тоа не го оправдувам. Подобро е очи во очи да се видиме и да слушне јавноста“, вели граѓанин на Охрид.
Едно локално радио во Охрид упати покани до Бакрачески и Петрески за радио дуел, но само Петрески ја прифати поканата.
Бидејќи не ме предизвикуваат на дуел, јас преку портпаролот ги повикав на дуел. Почнавме да броиме. Остануваат уште неколку дена за дуел, па доколку соберат храброст ги повикуваме како сакаат и каде сакаат и со кого сакат.Александар Петрески, градоначалник и кандидат за градоначалник на Охрид од СДСМ.
„Бидејќи не ме предизвикуваат на дуел, јас преку портпаролот ги повикав на дуел. Почнавме да броиме. Остануваат уште неколку дена за дуел, па доколку соберат храброст ги повикуваме како сакаат и каде сакаат и со кого сакат. Да излеземе пред граѓаните, да разговараме и не со наместени реклами и соопштенија, не да зборуваат пред огледало, туку да излеземе на дуел и граѓаните нека ценат кој е подобар“, рече Петрески.
Бакрачески рече дека не прифаќа никаков дуел и оти дуелот со Петрески ќе се реализирал на 24 март.
„Моето ниво на култура и моето ниво на воспитување не дозволува спуштање на ниво кое не е дозволиво за еден цивилизиран начин на комуникација. Затоа јас кажав дека ние дуелот ќе го имаме на 24 март. На кој начин вие ќе го спречите нивото на ниска комуникација на мојот опонент. Тоа ве прашувам и бидете искрени?“ рече Бакрачески.
Петрески врати дека другата страна се плаши од дуел со него.
Моето ниво на култура и моето ниво на воспитување не дозволува спуштање на ниво кое не е дозволиво за еден цивилизиран начин на комуникација. Затоа јас кажав дека ние дуелот ќе го имаме на 24 март.Никола Бакрачески, кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.