Изборната кампања врви, кумановци во летаргија

Куманово.

Без оглед на нивната возраст, кумановци некако малку или воопшто не се заинтересирани за предизборната кампања.
Тркачите во изборната кампања во Куманово веќе се изморија од активности и убедувања на граѓаните дека токму нивната опција е најдобра и заслужува да го добие нивниот глас за да ја освои власта, поголемиот број кумановци длабоко паднале во летаргија. Без оглед на нивната возраст, некако малку или воопшто не се заинтересирани за она што се случува околу нив. Зачмаени во битката со секојдневието исполнето со егзистенцијални проблеми, неопределените велат дека ниту ги знаат програмите на кандидатите, ниту пак веруваат дека тоа е реално и дека ќе им се подобри животот.
За никого не би гласал. Еве млади деца избегаа од Македонија, заминаа во странство. Ние постарите дали и пензија ќе добиеме! Голгота се создаде меѓу народот. И омрази и сè. Не знам што би рекол! Би требало да се излезе, а дали ќе гласам или не, ќе видам.
Анкетиран граѓанин.

Оние што претпладневните часови ги минуваат на градскиот плоштад или се рашетуваат по центарот на Куманово не запираат ниту пред шарените излози, уште помалку пак нивното внимание го привлекуваат пропагандните материјали што им се нудат од партиските штабови. Одамна им е јасно дека за партиски неопределените, по изборите нема надеж нешто да се смени. Ним им е сеедно кој ќе ги менаџира градот и општината.

РСЕ: Одлучивте ли за кого ќе гласате?

„Сè уште не.“

„Да завршат овие што нудат.“
Да има повеќе работни места и младите да се вклучат во повеќе проекти, тоа.
Анкетиран граѓанин.

„Да.“

„Уште е рано и не сум се одлучил.“

„За никого не би гласал. Еве млади деца избегаа од Македонија, заминаа во странство. Ние постарите дали и пензија ќе добиеме! Голгота се создаде меѓу народот. И омрази и сè. Не знам што би рекол! Би требало да се излезе, а дали ќе гласам или не, ќе видам.“

„За ниедна. Не можам да се определам за никого. Сите се исти“, велат анкетираните кумановци.

РСЕ: Ја знаете ли програмата на кандидатите?

„Не.“

РСЕ: Кога ќе се информирате?

„Се надевам во текот на оваа недела.“

РСЕ: Што ќе биде пресудно за вашата одлука?

„Пресудно? Не сум определена партиски, па ќе видиме.“

„Личноста.“

„Во програмата сите нудат, а потоа слабо се реализира.“

„Локална политика.“

Има и такви кои се определиле за опцијата, но недоволно им е јасно што се локални, а што парламентарни избори. Подобра иднина пред сè за младите, бидејќи тие се иднината на Македонија, очекуваат граѓаните.

„Да има повеќе работни места и младите да се вклучат во повеќе проекти, тоа“, велат запрашаните кумановци.