Се надеваме дека изборите ќе поминат без проблеми и ќе бидат добар кредит за Македонија. Тој аспект на репутација е многу важен. Слоганот е „каков белег ќе оставиме“. Тоа е белег кој го остава секоја индивидуа, семејство, заедница и општина. Тоа белег и на регионално ниво, затоа што и останатите држави гледаат како биле спроведени изборите во Македонија, меѓународен белег, затоа што меѓународната заедница сака да види избори кои ќе бидат за гордеење, а не за загриженост, вели британскиот амбасадор Кристофер Ивон во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Ваша екселенцијо во каква атмосфера според Вас се одвива кампањата за локалните избори?
Што се однесува до атмосферата околу локалните избори, не постојат научни мерила за атмосферата. Зборував со луѓе патувајќи низ земјата, изгледаат мошне заинтересирано, ентузијастички и посветено и мислам дека тоа е важно за локалните избори. Сум го видел тоа и во други држави каде што луѓето се многу заинтересирани за локалните прашања, училиштата, болниците, работните места, што мислам дека е токму основа на локалната кампања и демократскиот живот. Исто така слушнав реторика што е персонализирана и можеби контроверзна и мислам дека тоа ја покажува потемната страна на изборната кампања што нормално го гледаме и на локалните избори и во други држави. Но, она од што сум навистина задоволен е позитивниот пристап кој што се случува, а тоа е дека навистина постои фокусирање на локалните прашања и луѓето стануваат посвесни и го спроведуваат тоа како што се ближат изборите.
Слушнав за одредени градоначалници кои потпишаа „Кодекс на однесување“, проект што е поддржан и од Британската амбасада, со цел да придонесат кон фер и демократски избори. Би било добро да видиме како и некои други би потпишале таков кодекс.
На самиот старт од кампањата имавме непријатни слики низ улиците, како ги оценувате меѓуетнички односи во земјава во овој момент?
Мислам дека сцените што ги видовме на телевизиските екрани пред недела-две беа мошне грди и јас лично бев многу вознемирен од тоа што го слушав за инцидентите во училиштата, автобусите, и изолирани инциденти и исто така сцени кои ги видовме од протестите кои исто така беа мошне вознемирувачки. Мислам дека тие генерално создаваат атмосфера на страв во пошироката заедница и знам луѓе кои случајно се нашле на местото на протестите со нивните деца и беа многу исплашени. Се надевам дека повиците од политичките претставници, претставниците на меѓународната заедница, но и од Македонија ќе бидат земени предвид затоа што локалните избори се однесуваат на локалните прашања и на други прашања кои се наметнуваат во дебатата.
Дали мислите дека политичките лидери доволно работат во насока на смирување на тие страсти?
Сметам дека фактот што протестите не се повторија со истиот интензитет и дека постои очигледно намалување на фреквентноста на протестите и покрај тоа што неколку протести беа откажани, мислам дека тоа е знак дека стравот кај луѓето влијае да бидат одбиени такви негативни реакции. Луѓето сакаат да одговорат на еден многу поконструктивен и попродуктивен начин. Се надевам дека тоа ќе продолжи до денот на изборите.
Што мислите што е тоа што ја мотивираше Европската унија да интервенира за разрешување на несогласувањата меѓу власта и опозицијата? Што беше тоа што особено во тие несогласувања да мораше да се интервенира од страна?
Сметам дека комесарите се заинтересирани за две работи. Најпрвин, Комисијата има мандат да подготви извештај. И тоа ќе им биде доставено на земјите членки. Тој ќе разгледува три области: чекорите преземени во насока на изнаоѓање на решение во спорот за името, ЕУ реформите предвидени со дијалогот на високо ниво и добрососедските односи. Така што Комесарот лично е длабоко заинтересиран неговиот извештај да биде колку што е можно попрецизен и веродостоен. Освен тоа, кога ќе ги видиме деновите од почетокот на март, политичката ситуација упати вистински загрижувачки повици кон меѓународната заедница и треба да го прашате комесарот Филе, но претпоставувам дека неговата потреба да дојде овде потекнува од тоа да го види напредокот на Македонија на европската патека, но исто така и да објасни кои би можеле да бидат последиците доколку не се најде некое решение за политичката ситуација. Така што тој учествуваше во оформувањето на некакви решенија и одлуки.
Дали тоа значи дека политичките лидери од власта и опозицијата не се однесуваат најдобро во овој момент во насока на создавање добра политичка клима во земјата?
Се надеваме дека изборите ќе поминат без проблеми и ќе бидат добар кредит за Македонија. Тој аспект на репутација е многу важен. Слоганот е „каков белег ќе оставиме“. Тоа е белег кој го остава секоја индивидуа, семејство, заедница и општина. Тоа белег и на регионално ниво, затоа што и останатите држави гледаат како биле спроведени изборите во Македонија, меѓународен белег, затоа што меѓународната заедница сака да види избори кои ќе бидат за гордеење, а не за загриженост.
Дали политичката состојба во овој момент може да се смета дека е доведена на едно задоволително ниво, во насока на тоа да се добие позитивен извештај напролет и евентуално во јуни добивање на датум за преговори?
Мислам дека е прерано да се шпекулира што би можело да се очекува во јуни затоа што извештајот на Комесарот кој го има мандатот за тоа се уште не е напишан, ќе видиме што се вели во него, основните прашања не враќаат на трите аспекти поставени во декември на Советот на министрите-прашањето за името, напредок во добрососедските односи и во ЕУ реформите, а по 1 март кога беше постигнат договорот меѓу политичките лидери, мислам дека тоа го расчисти патот кон постигнување на тие ефекти.
Ќе се навратам на политичката клима во земјата, затоа што власта и опозицијата продолжија околу толкување на тоа што е договорено за предвремени парламентарни избори. Дали сега се потребни дополнителни толкувања на тоа што е договорено и кој е ризикот што го носи сега тоа толкување?
Политичките лидери се согласија да потпишат заедничка изјава, меморандум за разбирање, со кој ќе ги реафирмираат заедничките аспирации кон евро-атлантските интеграции. Тоа е многу важно. Така што, договорот не се однесува на еден одреден аспект. Вредноста на договорот, како што јас разбирам е многу јасна, тој овозможува дијалогот да продолжи во добар дух, за сите опции, без предрасуди. Што се однесува на одредувањето датум за парламентарни избори, таа дискусија се очекува да се одвива веднаш по завршувањето на локалните избори. Ако постојат интерпретации на тој договор кои се различни, тогаш треба да се прашаат тие луѓе. Мојата интерпретација е јасна.
Какви се вашите очекувања од разговорите за името кои се интензивираа по Нова година? Имате ли некакви очекувања?
Не сум сигурен кога ќе се случи наредната рунда разговори. Се надевам дека процесот под ОН ќе продолжи. Од моето доаѓање во Македонија па до сега секогаш сум велел дека сакам да видам што побрзо решение на спорот за името. Не ги потценувам тешкотиите да се дојде до решение. Тоа навистина бара политичко лидерство на двете страни, политичка храброст и неизбежно некаков договор кој содржи компромис. Исто така да се покаже лидерство и флексибилност. Наместо компромисот и флексибилноста да се доживуваат како слабост, треба да се покаже сила за многу чувствителни преговори кои би довеле до евентуално решение. Но, навистина се надевам дека брзо ќе се дојде до решение.
Дали може тоа интензивирање на разговорите за името да се доведе во врска со тоа што беше препорачано со есенскиот извештај, со последната препорака на Европската комисија, како и со очекуваниот пролетен извештај? Дали Вие така гледате на активностите на медијаторот Метрју Нимиц?
Мислам дека има врска. Ако ги погледнете декемвриските заклучоци на Советот, тие се недвосмислени, мора да се постигне напредок пред пролетниот извештај, а потоа и расправата околу него од страна на земјите членки. Во врска со спорот за името, јасно е забележано во заклучоците на Советот дека тоа е една од областите. Што значи има директна врска. Тоа значи напредок. Имате медијатор на ОН и се надеваме процесот ќе продолжи. Покрај тоа, тој процес е набљудуван од страна на Комисијата и земјите членки ќе донесат заклучок дали се задоволни од тоа.
Дали гледате подобрување на бизнис климата во зeмјата и можности или пак атрактивност за инвестирање на британски инвеститори?
Сум сретнал многу британски бизнисмени кои ја посетиле Македонија, многумина од нив гледаат интересни можности. Еден од најголемите наши инвеститори минатата година најави проширување во Македонија. Тоа значи дека може да се очекува нешто позитивно во иднина. Сепак, не можат секогаш да се одвојат политичките и демократските процеси од бизнис климата. Затоа мислам дека начинот на кој ќе се спроведат изборите е мошне важен бидејќи бизнисмените не прават само математички пресметки, туку ја гледаат и целата клима, ако збориме за бизнис.