Претседателот Барак Обама изјави дека Соединетите Држави и натаму ги имаат предвид сите опции за да го спречат Техеран да дојде до атомска бомба.
Пентагон соопшти дека ирански борбен авион се доближил до американско беспилотно летало за надзор над Персискиот Залив. Инцидентот минал без пукање, но е уште еден од неколкуте слични што ја подгрејуваат тензичната состојба во регионот.
Портпаролот на Пентагон Џорџ Литл изјави дека инцидентот се случил над меѓународни води при што ирански авион од типот Ф4 се приближил на помалку од 25 километри до невооружено беспилотно летало „Предатор“.
Иранскиот ловец се повлекол откако пилотот на придружниот американски авион испратил вербално предупредување. Литл прецизира дека „Предоторот“ бил на рутинска мисија на надгледување.
Ова беше последен од серијата слични инциденти во регионот. Во минатиот ноември, ирански ловец пукал врз едно американско беспилотно летало над Персискиот Залив, но не успеал да го погоди. Пентагон тогаш соопшти дека леталото не влегло во иранските територијални води.
Во декември 2011 година, американски „Предатор“ опремен со стелт технологија се урнал во источен Иран при што бил запленет од иранските сили. Најновиот инцидент доаѓа во момент кога продолжува ќор-сокакот меѓу Иран и Соединетите Држави околу иранската нуклеарна програма.
Претседателот Барак Обама изјави дека Иран би можело да биде на една година од достигнување технологија за развој на нуклеарно оружје. Тој додаде дека Соединетите Држави и натаму ги имаат предвид сите опции, за да го спречат Техеран да дојде до атомска бомба.
Обама ова го изјави во интервју за израелската телевизија, пред неговата посета на таа земја во наредната недела. Тоа ќе биде негов престој во Израел откако е на таа функција.
„Претседателот е многу јасен во врска со ова прашање: Нашата црвена линија е дека ние нема да му дозволиме на Иран да поседува нуклеарно оружје. Претседателот јавно и приватно стави до знаење дека ќе направиме се што е потребно, вклучувајќи и воени опции, да го спречиме Иран во тоа поради можните последици врз Израел, регионот и светот“, изјави Бен Родс, советник на претседателот Барак Обама.
И Израел исто така не исклучува преземање воена акција за да го спречи Иран во таа намера. Техеран постојано демантира дека сака да развие нуклеарно оружје.
Повеќе од една година Соединетите Држави го имаат зголемено военото присуство во Персискиот Залив за да помогнат во заштитата на Ормутскиот Теснец на иранскиот јужен брег преку кој се одвива една третина од светскиот извоз на нафта.
Иран се закани дека ќе го блокира теснецот како одговор на меѓународните санкции што се воведени против Исламската република поради нејзината нуклеарна програма, кршењето на човековите права и поддршката на тероризмот во светот.
Во четвртокот, Вашингтон соопшти дека вовел санкции против грчкиот бизнисмен Димитрис Камбис, односно ги замрзнува сите негови сметки на американска територија, бидејќи му помагал на Иран да ги крши меѓународните нафтени санкции со тоа што пријавувал лажен товар на неговите танкери кога доаѓале од таа земја.
Портпаролот на Пентагон Џорџ Литл изјави дека инцидентот се случил над меѓународни води при што ирански авион од типот Ф4 се приближил на помалку од 25 километри до невооружено беспилотно летало „Предатор“.
Иранскиот ловец се повлекол откако пилотот на придружниот американски авион испратил вербално предупредување. Литл прецизира дека „Предоторот“ бил на рутинска мисија на надгледување.
Претседателот е многу јасен во врска со ова прашање: Нашата црвена линија е дека ние нема да му дозволиме на Иран да поседува нуклеарно оружје. Претседателот јавно и приватно стави до знаење дека ќе направиме се што е потребно, вклучувајќи и воени опции, да го спречиме Иран во тоа поради можните последици врз Израел, регионот и светот.Бен Родс, советник на претседателот на САД Барак Обама.