70 години од погромот на македонските Евреи

Отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје на 10 март 2010 година.

На 11 Март 1943 година бугарските фашисти депортираа над 7.000 Евреи од Скопје, Битола и Штип во концентрациониот логор Треблинка со што беа убиени околу 98 проценти од македонските Евреи.
Над 7.000 лица од Скопје Битола и Штип биле депортирани во концентрациониот логор во Треблинка, со што на 11 Март 1943 година бугарските фашисти речиси го уништија петвековниот просперитетен живот на еврејската заедница на овие простори. По повод сеќавањето на холокаустот на македонските Евреи, Еврејската заедница во земјава организира комеморативен концерт во домот на Армијата.
Покрај тоа што изгубивме 98 отсто од македонските Евреи, настанот претставува најголем процент на депортирани лица било каде во светот. За среќа на светот, но за наша несреќа, ова никогаш не се повтори каде било во Европа. На овој ден – 11 март 1943 година, 7.144 души од три македонски града беа депортирани во Треблинка. Тоа во основа стави крај на петвековниот просперитетен живот на Евреите во регионот.
Рахамин Мизрахи, заменик-претседател на Управниот одбор на Еврејската заедница во Македонија.

Пред седумдесет години беа депортирани 98 проценти од еврејското население во Македонија, вели заменик претседателот на Управниот одбор на заедницата Рахамин Мизрахи.

„Покрај тоа што изгубивме 98 отсто од македонските Евреи, настанот претставува најголем процент на депортирани лица било каде во светот. За среќа на светот, но за наша несреќа, ова никогаш не се повтори каде било во Европа. На овој ден – 11 март 1943 година, 7.144 души од три македонски града беа депортирани во Треблинка. Тоа во основа стави крај на петвековниот просперитетен живот на Евреите во регионот.“

Еврејската заедница ги населила просториве во третиот век, но најголемиот број припадници на еврејската заедница дошле на Балканот по протерувањето од Шпанија во 1492 година по тамошната инквизиција.

Еврејската заедница денес е само остаток од тоа што своевремено беше напредна заедница, вели Мизрахи.

„Има само 250 припадници или 54 семејства кои се обидуваат да остварат древна цел: задржување на традицијата и религијата и зачувување на тоа што преостанало од историјата и начинот на живот. Еврејската, заедно со останатите религиски заедници во земјава, проповеда толеранција, еднаквост и се залага во борбата против поделбите на било која основа.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Сеќавање на егзодусот на македонските евреи

Освен во Скопје, еврејската заедница организира и комеморативни активности во Штип и Битола. Предвидени се промоција на книга, полагање цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Штип и пред спомен обележјето на паднатите борци во Битола.