Достапни линкови

Спомен соби во чест на битолските Евреи


Логор Аушвиц
Логор Аушвиц
Спомен соби во чест на битолските Евреи, жртви на холокаустот се отворени во порталот на Еврејските гробишта во Битола по повод 66 годишнината од депортацијата. Просториите содржат фотографии и предмети кои им припаѓале до Втората светска војна на битолските еврејски семејства. Македонско-еврејското друштво за пријателство покрена иницијатива за собирање на оставнината на некогашните сограѓани која денес се чува зафрлена по визби или во некои приватни збирки на антиквитети. На тој начин ќе има што да
Ова не се обични гробишта како што можеме да видиме на другите места од други цивилизации. Станува збор за гробишта на кои во кратки црти е опишана биографијата на покојникот, што правел во животот, каде одел, што работел. Станува збор буквално за расказ за секој од покојниците. Тоа е една значајна димензија и вредна во овој момент да се покаже
им се покаже на туристите од Израел чиј број минатата година бил над 3000.

„Во 1943 година од Битола беа депортирани 3300 или 3200 наши сограѓани , битолски Евреи. Откако беа собрани на железничката станица беа транспортирани во собирниот центар во монополот во Скопје и после 7 дена депортирани во злогласните логори Треблинка,“

потсети на историјата претседателот на здружението Димче Миновски.

Спомен собите се отворени на влезот од Еврејските гробишта за чие постоење датираат пишани податоци од 20 тите години во минатиот век, но се смета дека се стари околу пет века. Иако неактивни од Втората светска војна, се претпоставува дека се единствените сочувани еврејски гробишта на Балканот.

„Ова не се обични гробишта како што можеме да видиме на другите места од други цивилизации. Станува збор за гробишта на кои во кратки црти е опишана биографијата на покојникот, што правел во животот, каде одел, што работел. Станува збор буквално за расказ за секој од покојниците. Тоа е една значајна димензија и вредна во овој момент да се покаже,“

изјави директорот на битолскиот Завод и музеј, Зоран Николовски.

Во Битола има само еден жив евреин, Моис Серафовски. Во градот од повеќе синагоги до денес не е зачувана ниту една ни како културно наследство. Затоа пак битолските Евреи иселени во Израел изградиле Битолска синагога

Таму има синагога подигната во близина на најпознатиот пазар во Ерусалим, која се вика Јигал Јакоб, но сите ја познаваат како Битолска синагога зашто ја изградиле доселениците од Битола- вели Јехуда Албохер, еден од битолските Евреи кој имал среќа како дете неколку години пред војната родителите да го однесат во Израел и да не ја преживее голготата во 1943 година.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG