Тоа што ни се случува не е спонтано и неорганизирано, туку напротив децата ги инволвираат и ги злоупотребуваат одредени структури, вели универзитетскиот професор Осман Кадриу.
Малолетници со покриен лик, капа на глава и камен во рака станаа редовна глетка на протестите. На една од групите кои повикуваат на протести е наведено дека тој ќе се оддржи в сабота само затоа што петок е работен ден и се оди на училиште. На социјалните мрежи се вжештуваат главите на млади луѓе кои се организираат да излезат на протести и контрапротести.
Повиците за патриотизам и насилство се дел од коментарите на Фејсбук и Твитер. Но кој стои зад тие повици се уште е енигма за јавноста, а Министертството за внатрешни работи соопшти дека следат неколку сомнителни профили на социјалните мрежи. Како можни организатори на инцидентите, во јавноста се појавија шпекулации за партиски активисти кои биле дел од демонстрантите и иницирале насилство.
Но, затоа, пак, партиските лидери побрзаа да ги демантираат информациите и да го обвинат противникот за организирање на демонстрацииите. И ДУИ и ДПА се оградија и ги осудија насилните протести, но на своите митинзи не ја пропуштија шансата за нивното организирање да го обвинат противникот дека организира протести каде се тепаат Албанци за да си го покријат неуспешното партиско работење. И македонскиот блок излезе со слични објаснувања и меѓусебни обвинувања за потикнување меѓуетнички инциденти покрај осудите за инцидентите.
Хелсиншкиот комитет кој одблизу ги следи протестите неколку пати апелираше да не се манипулира со младите луѓе и повика политичките актери да се воздржат од говор на омраза. Директорката Уранија Пировска вели дека не сака да шпекулира кој се манипулира со младите, но смета дека тоа е феномен кој што со години наназад се појавува во предизборните кампањи.
„Трагично е што политичките актери воопшто не водат сметка за тоа дека токму младите луѓе ги вклучуваат на некој начин во остварувањето на нивните политички цели, притоа не водејќи сметка дека тие се вклучени во насилството кое се случува и стануваат жртви.“
Професор Осман Кадриу вели дека последните инциденти и насилство немат никаква врска со демократското право за протести затоа што тие се насилни и се насочени кој полицијата. Тој додава дека ова што се случува ни оддалеку не е спонтано.
„Тоа што ни се случува не е спонтано и неорганизирано, туку напротив децата ги инволвираат и ги злоупотребуваат одредени да кажам структури кои користат одредени механизми, било да се тие владини или невладини структури, но, според моето мислење, зад сето тоа стои одреден механизам.“
Кадриу смета дека сите политички фактори треба да работат кон подобрување на ситуација, а не да долеваат масло во огнот.
„Со ваквите начини и протести кои се преземаат, а се во директна спротивност со целокупното наше позитивно право и нашиот устав, сакаат да постигнат евентуални политички поени. Ова се случува во период на изборната постапка и се по изгледа одредени партии сметаат дека и на ваков начин со вакви методи и формули, па и со злоупотреба на децата што е мошне штетно и недозволиво, ќе постигнат одредени поени кај народот и гласачите и со други зборови или сакаат да дојдат на власт или тие што се на власт да се задржат таму.“
Малолетниците се користат како иницијална каписла во меѓуетничките инциденти со што лесно се разгорува гневот. Пировска вели дека тоа што во Македонија недостасува за да се превенира злоупотреба на децата е надминување на стереотипите и подобрување на образовниот систем.
„Токму во вакви периоди низ каков што сега ние поминуваме, односно предизборна кампања, тие служат за инструмент. Треба во многу работи да се смени системот на образование на младите луѓе, потребно е да се смени концептот на којшто треба да се гради соживотот во оваа земја.“
Трагично е што политичките актери воопшто не водат сметка за тоа дека токму младите луѓе ги вклучуваат на некој начин во остварувањето на нивните политички цели, притоа не водејќи сметка дека тие се вклучени во насилството кое се случува и стануваат жртви.Уранија Пировска, Хелсиншки комитет.
Повиците за патриотизам и насилство се дел од коментарите на Фејсбук и Твитер. Но кој стои зад тие повици се уште е енигма за јавноста, а Министертството за внатрешни работи соопшти дека следат неколку сомнителни профили на социјалните мрежи. Како можни организатори на инцидентите, во јавноста се појавија шпекулации за партиски активисти кои биле дел од демонстрантите и иницирале насилство.
Тоа што ни се случува не е спонтано и неорганизирано, туку напротив децата ги инволвираат ги злоупотребуваат одредени да кажам структури кои користат одредени механизми, било да се тие владини или невладини структури, но, според моето мислење, зад сето тоа стои одреден механизам.Осман Кадриу, универзитетски професор.