Меѓународната заедница бара итно решавање на кризата

Евроамбасадорот Аиов Орав и британскиот амбасадор Кристофер Ивон.

Оваа недела постои мал прозорец на можности за лидерите и за политичките партии да изнајдат решение за излез од политичката криза, порача евроамбасадорот Аиво Орав.
Опозицискиот СДСМ на Централен одбор ја потврди одлуката за дефинитивен бојкот на локалните избори. Членовите на одборот заклучиле дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не демонстрира политичка волја за нормализирање на состојбите, туку претставува смислена провокација за здружената опозиција. Во соопштението до јавноста се наведува дека на седницата биле разгледани сите аспекти на кризата, можните решенија за нејзино надминување, како и ефектите што ќе ги предизвика бојкотот на престојните локални избори.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не демонстрира политичка волја за нормализирање на состојбите, туку претставува смислена провокација за здружената опозиција.
Соопштение на СДСМ.

Вицепремиерот Зоран Ставрески изрази жалење за одлуката на Централниот одбор на СДСМ, оценувајќи ја како лоша. Сепак смета дека опозицијата има доволно време да ја смени одлуката.

Архивска фотографија -Евроамбасадорот во Македонија Аиво Орав и премиерот Никола Груевски


„До недела остануваат уште неколку дена. Верувам дека ќе размислат добро за тоа да донесат праведна одлука и да не се вметнува земјата во непотребна политичка криза, да не се креираат проблеми и да останеме на патот на евроатлантските интеграции“, изјави меѓудругото Ставрески.
До недела остануваат уште неколку дена. Верувам дека ќе размислат добро за тоа да донесат праведна одлука и да не се вметнува земјата во непотребна политичка криза.
Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

Во меѓувреме и Меѓународната заедница изрази жалење поради одлуката за бојкот на опозицијата и побара политичките несогласувања итно да се решат. Евроамбасадорот Аиво Орав изјави дека бојкотот не е добар чекор и дека се уште има можност за решение.

„Случувањата на 24 декември не беа добри, но исто така не верувам дека бојкотот на локалните избори е добар чекор. Мислам дека оваа недела постои мал прозорец на можности за лидерите и за политичките партии да изнајдат решение за излез од политичката криза. Ако не се изнајде решение оваа недела, тоа ќе значи дека постои голема опасност не само за политичките лидери и политички партии, туку и за граѓаните“, изјави Орав.

И британскиот амбасадор во земјава Кристофер Ивон изјави дека од извонредна важност е политичките несогласувања итно да се решат, зашто ако тоа не се случи, ќе биде жално да се загрози европскиот пат на Македонија, за кој како што рече земјата има постојан поттик од Велика Британија.