„ПРО-ЗА БАЛКАН“ - прв меѓународен фестивал на прозата во Македонија

Со идеја публиката да ги запознае своите автори и да го чуе нивниот глас, да се воспостават поблиски книжевни и човечки врски и да се засили регионалната поврзаност, од 4 до 6 март во Скопје, ќе се одржи „ПРО-ЗА БАЛКАН“, Меѓународен фестивал на прозата, прв од ваков вид во Македонија. На манифестацијата учествуваат петмина врвни раскажувачи од пет балкански држави – Владислав Бајац од Србија, Андреј Блатник од Словенија, Миленко Јерговиќ од Хрватска, Алек Попов од Бугарија и Андреј Николаидис од Црна Гора.
Македонија конечно добива и свој прозен фестивал. Од 4 до 6 март, во организација на издавачката куќа „Икона“, ќе се одржи „ПРО-ЗА БАЛКАН“, меѓународната манифестација на која е најавено присуството на петмина писатели кои не само што се високо вреднувани во контекст на својата национална литература туку и многу пошироко.
Се работи за Алек Попов од Бугарија, многу особен, интелектуален, духовит, Владислав Бајац автор кој веќе со децении е присутен не само на регионалниот туку и на европскиот простор, Миленко Јерговиќ, веројатно еден од најконтроверзните и најдинамични автори кој ни доаѓа од Хрватска, Андреј Блатник, можеби најекпонираниот словенечки писател и Андреј Николаидис, едно ново име кое многу брзо се наметна со својот строг и суров израз и кој е преведуван ширум Балканот и во Европа.
Александар Прокопиев, писател и уметнички директор на фестивалот.

„Се работи за Алек Попов од Бугарија, многу особен, интелектуален, духовит, Владислав Бајац автор кој веќе со децении е присутен не само на регионалниот туку и на европскиот простор, Миленко Јерговиќ, веројатно еден од најконтроверзните и најдинамични автори кој ни доаѓа од Хрватска, Андреј Блатник, можеби најекпонираниот словенечки писател и Андреј Николаидис, едно ново име кое многу брзо се наметна со својот строг и суров израз и кој е преведуван ширум Балканот и во Европа“, ќе забележи Александар Прокопиев, писател и уметнички директор на фестивалот.

Владислав Бајац, писател од Србија.


Тој дополнува дека секој од овие автори со себе носи засебна поетика, свој специфичен свет доволно интересен за нашите читатели и дека нивните книги се печатени кај нас и високо вреднувани од критиката.
Покрај претставувањето на писателите и нивните дела, на вториот ден од Фестивалот во Младинскиот културен центар ќе се одржи и трибина насловена како „Мобилност на балканските писатели“ на која покрај гостите е планирано учество и на десеттина македонски творци кои имаат преведени дела и издавачи.
Фестивалот има за цел да ја промовира литературата од овие балкански простори, да ги вмрежи писателите едни меѓу други и да допринесе, да речеме, во она што е најважно а тоа е да се создаде една платформа на заедничко работење.
Дејан Трајковски, идеен творец и директор на манифестацијата.

„Фестивалот има за цел да ја промовира литературата од овие балкански простори, да ги вмрежи писателите едни меѓу други и да допринесе, да речеме, во она што е најважно а тоа е да се создаде една платформа на заедничко работење. Ние помагаме да се затвори една дупка во Македонија која што зјае шеесеттина години, а тоа е како и сите нормални држави што имаат фестивали на прозата, а некои дури и неколку, да имаме и ние како држава свој“, појаснува Дејан Трајковски, идеен творец и директор на манифестацијата.

Фестивалот е планирано да додели и награда за развој на балканската книжевност, а нејзин прв добитник е Владислав Бајац, овенчан и со престижната „Балканика“ во 2008 година за романот „Амамот Балканија“. Статуетката ќе му биде врачена на затворањето на случувањето во книжарницата на „Икона“, а едногласната одлука ја донел Уметничкиот совет на „ПРО-ЗА БАЛКАН“, во кој покрај Прокопиев се и Елизабета Шелева и Ермис Лафазановски.
Инаку, организаторите на Фестивалот потенцираат дека нивните заложби се за Вториот Балкан, за Балканот на култура, на новоизградени мостови, на духовни вредности.

„Секој од овие автори, и Бајац и Попов, Јерговиќ, Никола Идриз, Блатник...се јаки индивидуални и интелектуални гласови кои често се вметнуваат, ајде да кажеме, во она што е полемика, дискусија. Тие не се луѓе кои се потчинети на некоја ситуација која е диригирана. Тие сами себе се диригираат. Тоа е многу важно. И сите се независни духови. А, она што по наше мислење може да ја гради таа иднина на заеднички духовен Балкан е токму таа независноста. Поврзување на сродноста на независноста. Независните духови, ослободеното мислење“, заклучува Прокопиев.