Додека сум зафатена да балансирам и не гледам надоле не забележувам дека веќе не сум високо. Сме го удриле дното. Немам веќе што да изгубам, пишува граѓанската активистка Тамара Атанасоска во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Внимавам, внимавам секој мој збор и став да е издржан, да не се прелева на ниедна страна, балансирам, секојдневно, да ја штипнам и едната и другата страна, балансирам за да не го етикетираат и обезвреднат она што имам да го кажам. И додека се трудам да не гледам надоле на кај јажето високо од земја и го држам стапот цврсто кој ги мава и едните и другите по малку, мојот став станува прав како линијата по која одам, прав и млак, од толку балансираност, незначаен.
И, ја играм нивната игра. Неприметно, сум завиена во нивниот дискурс. Додека сум зафатена да балансирам и не гледам надоле не забележувам дека веќе не сум високо. Сме го удриле дното. Немам веќе што да изгубам.
„Раздели па владеј“ функционира веќе илјадници години и дури и оние кои мислат дека и пружаат најголем отпор на пропагандата не можат да ја избегнат, ќе им се провлече од некаде. Па тоа е овде начин на живот. Македонија, мојата татковина, земјата на заборавот е поделена на сите можни начини. Ќе запалат милион жарчиња во граѓаните и ќе ги разгоруваат по потреба. Им се може бе. Не сте иста етничка припадност! Не сте од иста партија! Сака луѓе од ист пол, а ти не! Верува во различен бог! Идентитетот кој ви го градат со националистичките кампањи, со мудрите верски спинови, со непотизмот и партиската зависност од мали нозе, идентитетот ви го креваат и рушат, трескаат до земја кога ќе им текне.
И секогаш се криви сите, само власта не е. Има изговор. Ние и допуштаме да се извлече со тој изговор затоа што сме зафатени, завиени во балансираност. Оставени да бираме да рипнеме во една или друга жива кал затоа што не ни се презентира никаква друга опција, си ги кршиме коските пробувајќи да останеме надвор од двете.
Во последниве неколку недели пред наши очи беше крајно некултурно, како што не и доликува на една влада, исвиркана во Собрание една жена која имаше храброст да застане пред народните избраници и да чита нешто позади кои застанале 13.000 граѓани, жена која таму беше гласот на народот. Стоејќи таму се соочи со потсмев и дофрлања во домот кој треба да е лицето на демократијата, а сите ја свртија главата пред тоа што имаше да го каже. Власта, оние кои ги плаќаме да се грижат за нашите интереси и добробит со тоа ни пратија јасна порака - дека повеќе не се тука за нас.
Во последните неколку недели се соочивме со цензура на неколку медиуми. Тоа почна да станува толку нормално што веќе не го ни забележуваме. Новинарската професија исчеснува, а ја заменува водителската, или пишувањето раскази по нарачка.
Во последните неколку недели, коалицијата од најголемите опозициски партии реши да ги бојкотира изборите затоа што смета дека нема демократија во државата.
Во последните неколку недели на чело на македонската Армија поставија човек кој е претставник на етничката заедница против која ни градеа систематска омраза сите овие години. На своите гласачи кои ги дојат со национализам им стапнаа врз прстите на нозете и ги чекаат да видат дали ќе писнат. Зошто им се може.
Во последните месеци, ако стисокот со кој ја држевме демократијата полека ни се олабавуваше, последниве неколку недели забрзано ни се лизга низ прстите.
Што чекаме?
Македонија, мојата татковина, земјата на заборавот е поделена на сите можни начини. Ќе запалат милион жарчиња во граѓаните и ќе ги разгоруваат по потреба. Им се може бе. Не сте иста етничка припадност! Не сте од иста партија! Сака луѓе од ист пол, а ти не! Верува во различен бог! Идентитетот кој ви го градат со националистичките кампањи, со мудрите верски спинови, со непотизмот и партиската зависност од мали нозе, идентитетот ви го креваат и рушат, трескаат до земја кога ќе им текне.
И, ја играм нивната игра. Неприметно, сум завиена во нивниот дискурс. Додека сум зафатена да балансирам и не гледам надоле не забележувам дека веќе не сум високо. Сме го удриле дното. Немам веќе што да изгубам.
„Раздели па владеј“ функционира веќе илјадници години и дури и оние кои мислат дека и пружаат најголем отпор на пропагандата не можат да ја избегнат, ќе им се провлече од некаде. Па тоа е овде начин на живот. Македонија, мојата татковина, земјата на заборавот е поделена на сите можни начини. Ќе запалат милион жарчиња во граѓаните и ќе ги разгоруваат по потреба. Им се може бе. Не сте иста етничка припадност! Не сте од иста партија! Сака луѓе од ист пол, а ти не! Верува во различен бог! Идентитетот кој ви го градат со националистичките кампањи, со мудрите верски спинови, со непотизмот и партиската зависност од мали нозе, идентитетот ви го креваат и рушат, трескаат до земја кога ќе им текне.
И секогаш се криви сите, само власта не е. Има изговор. Ние и допуштаме да се извлече со тој изговор затоа што сме зафатени, завиени во балансираност. Оставени да бираме да рипнеме во една или друга жива кал затоа што не ни се презентира никаква друга опција, си ги кршиме коските пробувајќи да останеме надвор од двете.
Во последниве неколку недели пред наши очи беше крајно некултурно, како што не и доликува на една влада, исвиркана во Собрание една жена која имаше храброст да застане пред народните избраници и да чита нешто позади кои застанале 13.000 граѓани, жена која таму беше гласот на народот. Стоејќи таму се соочи со потсмев и дофрлања во домот кој треба да е лицето на демократијата, а сите ја свртија главата пред тоа што имаше да го каже. Власта, оние кои ги плаќаме да се грижат за нашите интереси и добробит со тоа ни пратија јасна порака - дека повеќе не се тука за нас.
Во последниве неколку недели пред наши очи беше крајно некултурно, како што не и доликува на една влада, исвиркана во Собрание една жена која имаше храброст да застане пред народните избраници и да чита нешто позади кои застанале 13.000 граѓани, жена која таму беше гласот на народот. Стоејќи таму се соочи со потсмев и дофрлања во домот кој треба да е лицето на демократијата, а сите ја свртија главата пред тоа што имаше да го каже.