Поранешен командант на ОНА - нов министер за одбрана

Собраниска седница на која се гласаше за новите министри и заменици министри.

Пратеникот Талат Џафери од ДУИ, кој е поранешен командант на ОНА, е нов министер за одбрана. Тој, но и новите министри за евроинтеграции и за локална самоуправа, Фатмир Бесими и Тахир Хани, беа едногласно изгласани од присутните пратеници од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ. На дискусијата која му претходеше на гласањето зборуваа само пратениците Албанци, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се пријавија за збор.
По две паузи и неколку повици да се соберат пратениците за да гласаат, Собранието ги изгласа промените во владиниот кабинет. Едногласно од присутните пратеници од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери и Тахир Хани станаа министри за одбрана, односно за локална самоуправа, а досегашниот министер Фатмир Бесими премина во ресорот евроинтеграции. На дискусијата која му претходеше на гласањето зборуваа само пратениците Албанци, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се пријавија за збор.
Сметам дека врз основа на нивното образование и досегашно работно и професионално искуство овие предлози за нови министри ќе можат успешно да ја спроведат програмата на Владата 2011-2015 година, а со тоа и успешно да ја извршуваат функцијата министри во Владата.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

Премиерот Никола Груевски во едноминутното експозе ги предложи новите министри и заменици, велејќи дека тие имаат соодветна професионална квалификација.

„Сметам дека, врз основа на нивното образование и досегашно работно и професионално искуство, овие предлози за нови министри ќе можат успешно да ја спроведат програмата на Владата 2011-2015 година, а со тоа и успешно да ја извршуваат функцијата министри во Владата.“

Премиерот Никола Груевски на собраниска седница на која ги предложи новите министри и заменици министри.


Опозицијата од албанскиот блок имаше забелешки за работата на досегашните министри од ДУИ.

Пратеникот Зиадин Села од ДПА рече дека и Али Ахмети заедно со другите министри и заменици министри од ДУИ требало да дадат оставки, бидејќи направиле многу грешки во работата, а Ахмети не ги остварил ветувањата кои ги дал за евроатлантско интегрирање на Македонија.
Еден од тие кој секогаш е прв за фотелји е Фатмир Бесими, тој толку добро ги почитува наредбите на своите шефови, што било кај да го сместиш, неговата уста не знае да каже не.
Беким Фазлиу, ДПА.

„Не очекувам да се случи нешто големо во Владата, затоа што овие министри немаат ниту капка морален кредибилитет, ниту еден од нив.“

Тој му забележа и на премиерот Груевски за неговото кратко експозе.

Неговиот партиски колега Беким Фазлиу вели дека функционерите од ДУИ се лудо залепени за своите фотелји.

Прес конференција на Стојанче Ангелов од партијата Достоинство.


„Еден од тие кој секогаш е прв за фотелји е Фатмир Бесими, тој толку добро ги почитува наредбите на своите шефови, што каде било да го сместиш, неговата уста не знае да каже не.“

Пратеничката Мераил Узеири Ферати од ДПА, вели дека ДУИ само ги заменува досегашните статисти со други статисти.
Ги повикувам чесните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, оние малкумина вистински вмровци-патриоти кои сè уште ги има во ВМРО-ДПМНЕ. Барем десет од нив, иако законски се доволно само 9 да не го поддржат предлогот на нивниот претседател и да не гласаат за ова велепредавство, да не гласаат Талат Џафери да стане министер за одбрана во Република Македонија.
Стојанче Ангелов, Достоинство.

„Предлагам основање на нови ресори посебно за ДУИ, како министерство за Вселена и за Гинисови рекорди, бидејќи некои министри само што не ги одведовте да бидат космонаути, мислам дека го скршија рекордот по бројот на министерства во кои беа ангажирани.“

Пратениците до ДУИ ги бранеа своите колеги.

Пред почетокот на седницата, претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не му дадат поддршка на Талат Џафери да стане нов министер за одбрана. Тој на прес-конференција пред Собранието, рече дека Џафери не треба да раководи со одбраната затоа што е поранешен командант на ОНА кој пред 12 години ја нападна Македонија. Изборот на Џафери, според него, е понижување на македонските бранители.

„Ги повикувам чесните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, оние малкумина вистински вмровци-патриоти кои сè уште ги има во ВМРО-ДПМНЕ. Барем десет од нив, иако законски се доволно само 9 да не го поддржат предлогот на нивниот претседател и да не гласаат за ова велепредавство, да не гласаат Талат Џафери да стане министер за одбрана во Република Македонија.“

На седницата беа изгласани и заменици министри за внатрешни работи, за транспорт и врски и за финансии - Земри Ќамили, Џељаљ Бајрами и Ардиан Џеладини.

Промените во владиниот кабинет уследија по оставките на Теута Арифи од евроинтеграции и Невзат Бејта од локална самоуправа, кои од министерската функција се откажа во име на трката за градоначалници. Досегашниот министер за одбрана Фатмир Бесими сега ги презеда евроинтеграциите, а на негово место доаѓа пратеникот Талат Џафери. А Тахир Хани од заменик министер за транспорт и врски стана министер за локална самоуправа.