Се надевам дека на луѓето овде им се јасни големите последици ако по четири позитивни препораки за почнување преговори со ЕУ, добиете негативна. Затоа прашањето на негативниот извештај нема да биде одговорност на една или друга политичка партија, туку на целата држава, на сите политички партии заедно. И мојата порака до Владата е дека вие сте Влада и вие имате одговорност да ја решите кризата заедно со сите политички партии што се вклучени, изјави Ховит.
Длабоко жалам што сегашната политичка ситуација го загрозува натамошниот прогрес на вашата земја. Искрено се надевам дека сите политички партии во земјава ќе најдат начин да ги остварат интересите на вашата земја на прво место, порача известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит на денешната прес конференција.
„Се надевам дека на луѓето овде им се јасни големите последици ако по четири позитивни препораки за почнување преговори со ЕУ, добиете негативна. Затоа прашањето на негативниот извештај нема да биде одговорност на една или друга политичка партија, туку на целата држава, на сите политички партии заедно. И мојата порака до Владата е дека вие сте Влада и вие имате одговорност да ја решите кризата заедно со сите политички партии што се вклучени“, изјави Ховит.
Европратеникот не постави временска рамка за решавање на кризата, но апелираше дека таа треба да се реши веднаш, затоа што во спротивно ги загрозува перспективите на Македонија.
Ховит изјави дека ја поддржува идејата за формирање на независна анкетна комисија која ќе ги расветли случувањата од 24 декември, иако како што рече нема да го прејудицира резултатот преку барање на виновникот.
„Перцепцијата за она што се случи на 24 декември го доведува во прашање демократскиот кредибилитет на вашата земја. Но, Европскиот парламент не верува во бојкоти на изборите во оваа или која било друга земја. Што се однесува до крајниот рок в сабота и потребното мнозинство кое треба да ги регулира процедурите во следните денови, сакам да кажам дека тоа не е техничко прашање, туку прашање на политичката волја. А мојата порака до политичките партии е дека доколку има политичка волја се уште е можно да се реши спорот“, изјави Ховит.
За неколку недели, Ховит ќе го презентира извештајот пред Европскиотпарламент, но како што посочи размислува да го оддложи неговото гласање, оти се плаши дека ќе биде негативно поради политичката ситација во земјава.
Ховит посочи дека имал конструктивни и отворени разговори со сите политички актери. Меѓудругото, рече дека сите го увериле дека има напредок во процесот за решавање на спорот за името, кој според него е резултат на макотрпната работа и посветеност од двете страни. Истакна дека тој тренд треба да продолжи.
Се надевам дека на луѓето овде им се јасни големите последици ако по четири позитивни препораки за почнување преговори со ЕУ, добиете негативна. Затоа прашањето на негативниот извештај нема да биде одговорност на една или друга политичка партија, туку на целата држава, на сите политички партии заедно. И мојата порака до Владата е дека вие сте Влада и вие имате одговорност да ја решите кризата заедно со сите политички партии што се вклучени.Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот парламент.