Ана Гацева со македонска музика во срцето на Менхетен

Ана Гацева.

Свирејќи дела на современите македонски композитори Јана Андреевска, Михаило Трендафиловски, Мајкл Бакрнчев, Гоце Kоларовски и Илија Пејовски, како и композиции од Франсиско Пуланк и Алберто Гинастера, пијанистката Ана Гацева три пати била враќана на бис на својот неодамнешен солистички концерт во галеријата „Ем-Си“ во Њујорк. Со овој инспиративен перформанс, македонската уметница го продолжува својот успешен од по светските подиуми.
По Париз, Виена, Дрезден, Киев, Софија, Загреб и Белград, Ана Гацева со својата врвна интерпретација ја шармира и освои њујоршката публика. Барем оние љубители на музиката кои на крајот на минатиот месец се нашле во галеријата „Ем-Си“ во срцето на њујоршкиот Менхетен и кои не ги штеделе аплаузите по што македонската пијанистка на три пати била враќана да ги продолжи миговите на задоволство од таквата средба.
Доживеав една искрена комуникација со публиката и особено сум горда што делата кои што ги свирев во првиот дел од концертот, а тоа беа творби на современи македонски композитори, собраа големи аплаузи и тоа ме чини радосна и како Македонка, ме чини радосна и како уметник бидејќи се претставив во најдоброто можно светло.
Ана Гацева, пијанистка.

„Доживеав една искрена комуникација со публиката и особено сум горда што делата кои што ги свирев во првиот дел од концертот, а тоа беа творби на современи македонски композитори, собраа големи аплаузи и тоа ме чини радосна и како Македонка, ме чини радосна и како уметник бидејќи се претставив во најдоброто можно светло.“

Гацева на овој свој пијанистички рецитал, покрај композициите од класичниот репертоар меѓу кои биле оние на Франциско Пуланк и нејзиниот омилен аргентински автор Алберто Гинастера, понудила творби од нашите Јана Андреевска, Гоце Коларовски, Илија Пејовски, Михаило Трендафиловски – уметник за кого можеме да кажеме дека веќе има успешна кариера во Велика Британија и младиот Мајкл Бакрнчев од Австралија кој полека го докажува својот неоспорен талент, а за ваквиот одбир вели дека на тој начин само ја следи сопствената линија за промоција на современото македонско творештво.
Македонското творештво е свежо и привлечно. Јас знаев дека њујоршката сцена која што е генерално отворена за светската музика, за нови звуци, особено оние кои што се проткаени со македонски фолклор, со наши ритми на современ начин инкорпорирани во делата, ќе предизвикаат голем интерес и тоа се потврди со овој концерт.
Ана Гацева, пијанистка.

„Македонското творештво е свежо и привлечно. Јас знаев дека њујоршката сцена која што е генерално отворена за светската музика, за нови звуци, особено оние кои што се проткаени со македонски фолклор, со наши ритми на современ начин инкорпорирани во делата, ќе предизвикаат голем интерес и тоа се потврди со овој концерт.“

Таа дополнува дека ако се имаат на ум нејзините настапи на фестивалот Охридско лето, Денови на македонската музика и декемврискиот концерт со Македонската филхармонија, тогаш слободно може да се констатира дека всушност изминатата 2012 година и поминала токму во знакот на домашното современо творештво.

„Сите овие композитори кои што јас ги изведував во Њујорк и кои што сум ги свирела и порано, сум имала чест и задоволство да ми бидат или колеги или блиски пријатели и секогаш биле задоволни од мојот професионален однос и одговор како уметник на нивното творештво. Токму затоа и поради мојот вроден сензибилитет и интуиција, се разбира и искуство, нивните дела прозвучуваат навистина убаво под моите прсти. Барем така велат тие самите.“

Ана Гацева зад себе има 80-тина концерти од кои повеќе од една третина се на светските подиуми и на прашањето колку по овој перформанс во Њујорк ќе и се отворат портите за посилен пробив на интернационалната сцена вели дека успехот зависи од повеќе фактори, но клучен е вистинското менаџирање на кариерата на еден уметник.

„Успехот е многу комплексна формула. Тој зависи пред сè од нашата внатрешна состојба која што би требало за еден уметник да биде сконцентрирана кон неговото работење и квалитетното работење. Несомнено е дека недостасува една концертна агенција во Македонија и тоа претпоставувам и верувам дека ќе ни го скрати патот до успехот и до поголем број на концерти.“

Инаку пијанистката која сега вешто еквилибрира помеѓу мајчинството, секојдневните ангажмани како професор на Академијата(таа е првиот доктор на науки по пијано-интерпретација во Македонија) и потребата што почесто да настапува како солист, камерен музичар и со поголеми ансамбли, во перидов што следува ја очекуваат неколку, како што вели, навистина големи ангажмани за кои однапред не би сакала да зборува, а напоредно и подготовките за објавување на нејзиниот прв носач на звук за кој има документирано снимки од многу нејзини успешни интерпретации.