Билдер и холивудски актер - независни кандидати за градоначалник на Битола

Зоран Лазаревски, боди-билдер и кандидат за градоначалник на Битола.

Боди-билдерот Лазаревски ветува економска преродба на градот, а холивудскиот актер Огненовски најавува дека од Битола ќе направи филмски град.
Битола на претстојните локални избори ќе има двајца независни кандидати за градоначалник. Кандидатури доставија еден бодибилдер и еден актер. Во екпресен рок од само неколку дена потписите ги собра бодибилдерот Зоран Лазаревски, кого битолчани го нарекуваат уште и битолски Шварценегер. Тој ветува економска преродба на градот и смета дека е дојдено времето на независните политичари.
И Шварценегер бил глумец и немаше никакво искуство, па стана гувернер на Калифорнија, на најбогатата држава во Америка.
Зоран Лазаревски, боди-билдер и кандидат за градоначалник на Битола.

„И Шварценегер бил глумец и немаше никакво искуство, па стана гувернер на Калифорнија, на најбогатата држава во Америка. Во општина во Њујорк спортски натпреварувач стана градоначалник, го отпушти обезбедувањето и со метрото оди на работа. Во Лондон има независен кандидат, во Сплит, Лион, Франција. Сега живееме во времето на интернетот, лаги нема, нека отворат интернет ќе си видат“, вели Лазаревски.

Јорго Огненовски, македонски актер од Холивуд, кандидат за градоначалник на Битола.


Македонскиот актер од Холивуд, Јорго Огненовски во Америка снимил четири филма, а филмската кариера најпрво ја почнал со карате. Најавува дека од Битола ќе направи филмски град.
Јас 25 години живеев во Америка, имам врски со странски компании, инвеститори и наши иселеници кои можам да ги привлечам да дојдат да инвестираат овде. Бидејќи сум продуцент, имам снимено филмови таму, имам пријатели од светот на филмот и планирам да ги привлечам да дојдат тука да се направи мини индустрија за снимање на филмови.
Јорго Огненовски, македонски актер од Холивуд, кандидат за градоначалник на Битола.

„Јас 25 години живеев во Америка, имам врски со странски компании, инвеститори и наши иселеници кои можам да ги привлечам да дојдат да инвестираат овде. Бидејќи сум продуцент, имам снимено филмови таму, имам пријатели од светот на филмот и планирам да ги привлечам да дојдат тука да се направи мини индустрија за снимање на филмови“, вели Огненовски.

Поетот Љубомир Груевски не успеа да собере 350 потписи за да се кандидира. Според него, тешко е да се соберат толку потписи во вакво поларизирано општество. Доколку успееше да истакне кандидатура, Груевски планираше да ја минимизира моќта на градоначалничката функција.

„Законодавецот премногу власт сконцентрирал во еден човек. Од таму јас одам на концептот да го обезгласнам местото градоначалник, вклучувајќи се и себе, зашто сметам дека премногу власт во еден човек ги претвори некои луѓе во вистински паши на локалната самоуправа“, велеше Груевски.

Потписи за независна кандидатска листа собираше и бизнисменот Илија Стојанов, некогашен активист на МААК. Тој вели дека има цел да го разбие монополот на двете најголеми политички партии во одлучувањето за иднината на битолчани.

За првпат годинава потписи за градоначалник не собираше Христо Ѓоргиевски-Спанаќот, кој се години како независен кадидат се обидуваше да стане градоначалник. Но, откако пред две години ја запали куќата, беше згрижен во болницата во Демир Хисар.