Иако има уште еден месец до почетокот, предизборната кампања во Охрид веќе започна. СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да прекине со предвремената предизборна кампања. ВМРО-ДПМНЕ, пак, одговара дека не се во кампања, туку ја тераат партиската агенда.
Охридските социјалдемократи од надлежните државни институции бараат да го санкционираат, како што велат, кршењето на законите од страна на партијата на власт. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и нивниот кандидат за градоначалник Никола Бакрачески еден месец порано ја започнале предизборната кампања за локалните избори. Ова, според СДСМ, е очигледен пример за кршење на законите и непочитување на демократските процеси.
Томислав Тунтев, координатор на советничката група на СДСМ во Охрид, вели дека ВМРО-ДПМНЕ со ова покажува дека партиските интереси ги става над државните интереси.
„Постои изборен законик, каков е - таков е, во процес на менување и постојат правила на игра кои мора да се почитуваат. Навистина не ни е јасно како е можно кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со неколку советници и истакнати членови на ОК и парламентарци да вршат промоција на изборната програма“, рече Тунтев.
Бакрачески во изминативе неколку дека имаше средби со неколку здруженија на граѓани, спортски риболовци, охридските бродари, здружение на авто-превозници. Од СДСМ бараат од ОБСЕ/ОДИХР да го имаат предвид, како што велат, кршењето на одредбите од Изборниот законик и нарушувањето на процесите за фер и демократски избори.
„Очекуваме нашите забелешки да бидат прифатени и да реагираат кај политичката партија. Воопшто нема потреба предвреме да започнува изборната кампања, ќе има време секој да си ја претстави својата програма“, рече Тунтев.
Од ВМРО-ДПМНЕ негираат дека станува збор за водење кампања. Дејан Пановски, координатор на нивната советничка група, рече дека станува збор за партиска агенда и состаноци со целни групи на граѓани.
„Не се работи за никакви јавни собири. На тие состаноци нема политички говори, нема напади на политичкиот противник ниту делење на кампањски материјали, туку само се во функција на запознавање и воспоставување на програмските цели за иднината на Охрид. Како изгледа кампања ќе видат сите после 4 март“, рече Пановски.
Тој најави дека таквите средби ќе продолжеле и во наредниот период.
Од СДСМ, пак, реагираат и дека кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Бакрачески, средбите ги одржувал во тек на работното време.
„Наместо како лекар да си ја врши работата во Центарот за рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања, тој ги занемарува пациентите и води предвремена предизборна кампања“, додаваат од СДСМ Охрид.
Навистина не ни е јасно како е можно кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со неколку советници и истакнати членови на ОК и парламентарци да вршат промоција на изборната програма.Томислав Тунтев, координатор на советничката група на СДСМ во Охрид.
Томислав Тунтев, координатор на советничката група на СДСМ во Охрид, вели дека ВМРО-ДПМНЕ со ова покажува дека партиските интереси ги става над државните интереси.
„Постои изборен законик, каков е - таков е, во процес на менување и постојат правила на игра кои мора да се почитуваат. Навистина не ни е јасно како е можно кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со неколку советници и истакнати членови на ОК и парламентарци да вршат промоција на изборната програма“, рече Тунтев.
Бакрачески во изминативе неколку дека имаше средби со неколку здруженија на граѓани, спортски риболовци, охридските бродари, здружение на авто-превозници. Од СДСМ бараат од ОБСЕ/ОДИХР да го имаат предвид, како што велат, кршењето на одредбите од Изборниот законик и нарушувањето на процесите за фер и демократски избори.
Не се работи за никакви јавни собири. На тие состаноци нема политички говори, нема напади на политичкиот противник ниту делење на кампањски материјали, туку само се во функција на запознавање и воспоставување на програмските цели за иднината на Охрид. Како изгледа кампања ќе видат сите после 4 март.Дејан Пановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.