Стихозбирката „Будност.Лотос“ на Весна Ацевска е добитник на наградата за поезија „Ацо Шопов“, а романот „Резервен живот“ на Лидија Димковска го освои признанието за проза „Стале Попов“ на конкурсот што за изданија објавени во минатата 2012 година го распиша Друштвото на писателите на Македонија.
Во конкуренција од 17 поетски книги од 16 автори, стихозбирката „Будност.Лотос“ на Весна Ацевска, издание на „Дијалог“, е одбрана да биде добитник на наградата за поезија на ДПМ - „Ацо Шопов“. Во поетесен ибор за ова престижно признание биле уште четири книги поезија – „Име од вечност„ на Ефтим Клетников, „Грабнувањето на Европа“ на Иван Џепаровски, „Прикрепи ми ја ракава Мајко“ на Василе Димески и „Исход“ на Јовица Тасевски Етернијан.
„Ритуалниот поетски од на Весна Ацевска ја открива оваа поезија во нејзината свртеност кон она што е вон и она што е во себе, како интелектуално, лирско и универзално созвучје“, ќе рече во образложението за наградата Гордана Михаилова-Бошнаковска, претседателка на жирито во кое беа и Али Алиу и Бранко Цветковски.
А, добитничката , пак, Ацевска откако ќе забележи дека наградата за неа претставува повеќе од признание за остварените резултати за поетското творештво потенцира дека неа ја доживува и како празнување и негување на длабоката поврзаност на лирските дела на нашите македонски современици и претходници.
„Нејзиното доделување го доживувам како празнување и негување на длабоката поврзаност на лирските дела на нашите македонски современици и претходници, достојно симболизирана преку името и делото на нашиот исклучителен лиричар од првата генерација современи македонски поети, Ацо Шопов. Неа ја доживувам и како поттик и повик за негување на лирскиот пев со високи вредности.“
Од друга страна, Лидија Димковска по втор пат стана добитничка на наградата на ДПМ за прозно остварување „Стале Попов“. Овојпат за нејзиниот роман “Резервен живот“ кој минатата година се појави како издание на книгоиздателството „Или или“ и кој е следбеник на дебитанскиот „Скриена камера“ од 2005 година.
Анастасија Ѓурчинова, говорејќи во името на Илхами Емин како претседател и Жарко Кујунџиски како член на жири комисијата, за делото на Димковска наведува дека претставува убав исчекор, како во творечката еволуција на авторката, така и во рамките на македонската прозна продукција.
Во најтесен избор биле и „Историја на луѓето кои умреа од страв“ од Ермис Лафазановски и „Зад аголот“ на Томислав Османли, а македонската писателка која живее и работи во Словенија, по веста за наградата вели дека е почестена и трогната што наново го добива ова престижно признание што го носи името на македонскиот класик Стале Попов.
„Пред сè најмногу сум му благодарна на Стале Попов затоа што постоеше, затоа што го читав како дете, затоа што од него учев и да читам и да пишувам и затоа што е класик во вистинската смисла на зборот на македонската литература. Значи да се понесе ова признание именувано „Стале Попов“ два пати во една деценија е навистина голема чест за мене и се надевам дека ќе го оправдам пред читателите кога ќе го прочитаат романот и секако ако им се допадне.“
Инаку, признанијата на Ацевска и Димковска, заедно со преостанатите две годишни награди на ДПМ - „Димитар Митрев“ за критика и есеи која за 2012 му припадна на Иван Ивановски и „Ванчо Николески“ за литература за деца која овојпат му е доделена на Панде Манојлов, ќе им бидат свечено врачени на 13 февруари кога македонската писателска асоцијација го одбележува денот на своето основање.
Нејзиното доделување го доживувам како празнување и негување на длабоката поврзаност на лирските дела на нашите македонски современици и претходници, достојно симболизирана преку името и делото на нашиот исклучителен лиричар од првата генерација современи македонски поети, Ацо Шопов. Неа ја доживувам и како поттик и повик за негување на лирскиот пев со високи вредности. Весна Ацевска, поет.Весна Ацевска, поет.
Пред сè најмногу сум му благодарна на Стале Попов затоа што постоеше, затоа што го читав како дете, затоа што од него учев и да читам и да пишувам и затоа што е класик во вистинската смисла на зборот на македонската литература. Значи да се понесе ова признание именувано „Стале Попов“ два пати во една деценија е навистина голема чест за мене и се надевам дека ќе го оправдам пред читателите кога ќе го прочитаат романот и секако ако им се допадне.Лидија Димковска, писателка.