Пораст на малолетничка деликвенција во Прилеп

Прилеп.

Прилеп тешко се справува со малолетничката деликвенција. Зголемен е бројот на малолетници кои се евидентирани како сторители на одредени прекршоци и кривични дела. Лани биле регистрирани 124 малолетници кои сториле незаконски престапи, што е за седум повеќе во однос на 2011 година.
Малолетничката деликвенција во Прилеп е во пораст. Статистичките податоци говорат дека 124 малолетници лани биле евидентирани како сторители на прекршочни и кривични дела. Меѓу нив се и деца на возраст од 8 до 10 години.
Малолетници, сторители на кривични дела кои тешко може да се социјализираат и да се ресоцијализираат и после нивното полнолетство, значи бројката во 2011 била 55, а во 2012 година е 36, значи нас овие показатели ни даваат за право уште повеќе да работиме на превенција на малолетничка деликвенција.
Снежана Јованоска, директор на Меѓуопштинскиот ценар за социјална работа.


Еден малолетник е во затвор, а двајца други се наоѓаат во воспитно- поправен дом во Скопје. Но, особено загрижува фактот што меѓу малолетниците со асоцијално однесување се 9 годишници, кои се фатени како земаат дрога. Овие деца потекнуваат најчесто од дисфункционални, семејства на зависници, социјално загрозени и семејства во кои родителите воопшто не водат грижа за воспитувањето на своите деца.

„Малолетници, сторители на кривични дела кои тешко може да се социјализираат и да се ресоцијализираат и после нивното полнолетство, значи бројката во 2011 била 55, а во 2012 година е 36, значи нас овие показатели ни даваат за право уште повеќе да работиме на превенција на малолетничка деликвенција“, вели Снежана Јованоска, директор на Меѓуопштинскиот ценар за социјална работа. Овие малолетници обично се вклучуваат во групи при извршување на кражби, сообраќајни и други прекршоци.
Во соработка со другите институции пред се со семејството, училиштата, јавното обвинителство, судовите, невладиниот сектор, сите овие фактори можат да придонесат да дејствуваме превентивно уште кога станува збор за малолетници од 8 до 10 години, односно малолетници кои не се кривично одговорни.
Снежана Јованоска, директор на Меѓуопштинскиот ценар за социјална работа.

„Во соработка со другите институции пред се со семејството, училиштата, јавното обвинителство, судовите, невладиниот сектор, сите овие фактори можат да придонесат да дејствуваме превентивно уште кога станува збор за малолетници од 8 до 10 години, односно малолетници кои не се кривично одговорни. Со нив најмногу и најголеми резултати се постигнуваат, ако се работи превентивно“, оценува директорката Јованоска, која сепак смета дека клучна улога има семејството и родителите. Ова е особено битно ако се има предвид фактот дека овие мали сторители на кривични дела, се всушност идните криминогени структури во социјалната средина. Затоа во Прилеп е формиран и активно работи Советот за превенција.

„Бројката која ја имаме во оваа година, нас не не заплашува, значи ние треба да работиме со малолетниците, не треба да ни се зголемува бројката на сторители на кривични дела или сторители на одредени физички напади“, вели Јованоска, која е и потпретседател на Советот. Со новата законска регулатива, социјалните работници преземаат мерки на помош и заштита во сите основни училишта, па при првите алармантни знаци во однесувањето на децата, ги повикуваат и родителите. Мерките се различни во зависност од прекршокот, од возраста, а почнуваат со укор. Има случаи каде се изрекуваат кај повозрасните тинејџери, мерки на засилен надзор од страна на органот за старателство, а во потешки случаи малолетниците се сместуваат во поправни домови или малолетнички затвор.