Дебар без соодветен градски пазар

Архивска фотографија - Градски пазар во Дебар.

На Дебар му е потребен нов градски пазар, оти постоечкиот е нечист, пренатрупан, а производите се продаваат и на улица, реагираат граѓаните. Поради оваа состојба, локалните власти започнаа подготовки за изградба на нов пазар.
Жителите на Дебар, но и селските населби и блиските региони на Жупа и Река, се соочуваат со проблем во саботите кога е пазарен ден, бидејќи актуелниот градски пазар не ги задоволува потребите. Тој е тесен, несоодветен и ги нема потребните предуслови за еден солиден пазар. Добар дел од земјоделските производи не се продаваат на тезги, туку на улица, а пак за условите за продажба на млечните производи и да не говориме, тие се под сите стандарди.
Пазарот е многу нечист, тој е пренатрупан, производите се продаваат и на улица, тука минуваат возила, тој е тесен и кратко речено граѓаните не можат слободно да си купат онаа што им треба.
Анкетиран граѓанин.

Хаосот кој владее во саботите кога во Дебар е пазарен ден го чувствуваат како оние кои продаваат, така и оние кои купуваат. Имајќи предвид дека покрај локалните пазарџии на овој пазар се поголем е бројот и на пазарџиите од населените погранични места на Албанија, локацијата на пазарот не дава можности да дојдете до потребниот производ.

Газменд Цами, архитект во одделението за урбанизам во општина Дебар.


Сегашниот градски пазар не ги задоволува потребите на граѓаните од нашата општина и пошироко. Доаѓаат многу луѓе и од пограничниот дел на Албанија. Предложената локација е во процес на анкета и јавна дебата.
Газменд Цами, архитект во одделението за урбанизам во општина Дебар.
„Пазарот е многу нечист, тој е пренатрупан, производите се продаваат и на улица, тука минуваат возила, тој е тесен и кратко речено граѓаните не можат слободно да си купат онаа што им треба. Овој пазар бидејќи е мал можеби треба да се преуреди во дневен пазар, но на Дебар му треба еден голем пазар кој ќе ги задоволува потребите и би се користел во пазарните денови. Треба друга локација каде она што се изложува ќе биде добро средено, хигиенски поставено за да можат пазарџиите да купуваат без проблем“, ова е само едно од бројните реагирања и барања на граѓаните на Дебар кога е во прашање состојбата на актуелниот градски пазар.

Дебарчани со право бараат изградба на нов градски пазар бидејќи тоа е потреба на времето. Поради оваа состојба на градскиот пазар, локалните власти ги започнаа подготовките за изградба на нов градски пазар.

„Моментално сме во фаза на презентација на деталниот урбанистички план за Блок три, каде што се наоѓа и новата локација на градскиот пазар. Сегашниот градски пазар не ги задоволува потребите на граѓаните од нашата општина и пошироко. Доаѓаат многу луѓе и од пограничниот дел на Албанија. Предложената локација е во процес на анкета и јавна дебата. Локацијата се предвидува да има над 8.000 квадратни метри. Многу е битно и тоа што локацијата е во близина на автобуската станица и на тоа место ќе се гради катна гаража, со што го решаваме и проблемот со паркирањето на возилата со кои граѓаните би доаѓале на градскиот пазар и би ја транспортирале купената стока“, вели архитектот во одделението за урбанизам при општина Дебар Газменд Цами. Според него, по завршувањето на постапката ќе започне и изградбата на пазарот.

Локалната власт дава предност на овој проект бидејќи проблемот е актуелен и бара брзо решение.