Неоствареното ветување за реновирање на Бит - пазар и дивите продавачи се дел од причините поради кои пазарџиите одржаа двочасовен предупредувачки протест. Екрем Долек од здружението на пазарџии вели дека Општина Чаир пет години не го реновира пазарот и не се изградил затворен објект.
„Сега е ужасна ситуацијата по пазарите. Втората работа за што протестираме денеска е да апелираме уште еднаш иако многупати досега сме имале состаноци и разговори со Државниот пазарен инспекторат и другите државни институции кои се надлежни за таа работа, да вршат интервенција со цел решавање на проблемот со дивите пазарџии кои ги имаме на пазарите.“
Поради влошената економска ситуацијата по пазарите има празни тезги, вели Долек.
„Значи се додека на пазарите внатре има празни тезги, а се дозволува продажба по тротоари на кутии, зборувам за целата држава го има тоа, тоа нема никаква логика затоа што ние сепак сме легални пазарџии, плаќаме кирии, плаќаме персонален данок на државата.“
Нема никакви услови за работа, но се бориме за парче леб, велат пазарџиите.
„Внатре во пазарот е мрак, особено зимно време , од три часот веќе не се гледа а да пуштат сијалици да светат , ни бараат плус 300 денари месечно. “
Протестите во земјава често добиваат политичка конотација. Запрашани како ќе реагираат на ваква можност, тие одговараат:
„Ние сме голема фамилија на пазарџии, низ цела Македонија сме, ќе им направиме исто како во Грција.“
Наместо за интеретнички проблеми и за политика, албанската заедница сега се буни за вистински, практични проблеми, посочува социологот Илија Ацески.
„Протестот повеќе ја нема таа националистичка конотација, тој сега повеќе се свртува внатре во рамките на овие групи. Досега имавме протести од различни типови, сега почнуваат да се јавуваат итпови на протести внатре во етничките групи против нивните политичари, против нивните политики. “
За време на протестот, со кој се блокираше надвозникот кон влезот на општината Чаир, Битпазар беше затворен.
Сега е ужасна ситуацијата по пазарите. Втората работа за што протестираме денеска е да апелираме уште еднаш иако многупати досега сме имале состаноци и разговори со Државниот пазарен инспекторат и другите државни институции кои се надлежни за таа работа, да вршат интервенција со цел решавање на проблемот со дивите пазарџии кои ги имаме на пазарите.Екрем Долек, Здружение на пазарџии.
„Сега е ужасна ситуацијата по пазарите. Втората работа за што протестираме денеска е да апелираме уште еднаш иако многупати досега сме имале состаноци и разговори со Државниот пазарен инспекторат и другите државни институции кои се надлежни за таа работа, да вршат интервенција со цел решавање на проблемот со дивите пазарџии кои ги имаме на пазарите.“
Поради влошената економска ситуацијата по пазарите има празни тезги, вели Долек.
„Значи се додека на пазарите внатре има празни тезги, а се дозволува продажба по тротоари на кутии, зборувам за целата држава го има тоа, тоа нема никаква логика затоа што ние сепак сме легални пазарџии, плаќаме кирии, плаќаме персонален данок на државата.“
Нема никакви услови за работа, но се бориме за парче леб, велат пазарџиите.
Ние сме голема фамилија на пазарџии, низ цела Македонија сме, ќе им направиме исто како во Грција.Анкетиран пазарџија.