Индискиот бизнисмен Субрата Рој вети дека туристичкиот комплекс кој ќе се гради во Охрид ќе биде меѓу најдобрите десет во светот. Градоначалникот Александар Петрески се сомнева во реализацијата на ветувањата.
Проектот Сахараја Македонија ќе биде меѓу десет топ дестинации во светот, вети при посетата на Охрид, сопственикот на индиската компанија Сахара Груп, Субрата Рој. Тој рече дека во Охрид ќе никне Балканскиот Лас Вегас и дека целиот проект вреди неколку стотина милиони евра. Презентираниот проект е само идејно решение на кое се уште се работи.
„Целиот проект ќе има голем ефекет врз вашата економија. Целиот проект пред се е инициран од аспект на бизнис интересите. Нашите заложби не се тоа да биде некој просечен туристички комплекс, туку дестинација која би била меѓу најдобрите пет до десет од таа област во целиот свет. Не сме тука да правиме нешто просечно. Партнери на „Сахара груп“се истите компании што градеа познати туристички дестинации како „Бурџ Ал Араб“ во Дубаи“, рече Рој.
Тој рече дека комлексот ќе биде наменет пред се за клиенти од Европа, Кина и Индија.
„Милиони Индијци верувам дека би дошле тука како туристи. Тука се и Кинезите, Русите, Европејците. Не очекувам голем број гости да дојдат од Канада и САД. Однапред е тешко да се каже кои се би биле гостите тука, но можам да кажам дека овој проект дефинитивно ќе ја подобри економијата, додаде индискиот милијардер“, рече Рој.
Министерот за финансии Зоран Ставрески рече дека со оглед на сложеноста на овој проект бил формиран тим од двете страни но и управувачки комитет од страна на владата кој работел на сите можни детали, правни прашања, финансиски и инфраструктурни прашања.
„Тие тимови на највисоко ниво потоа ги разгледуваат прашањата и на оперативно ниво и ги разговараат со претставници на Сахара Груп. Во таа насока ќе оди придвижувањето на проектот и во наредните неколку месеци со цел да ги решаваме сите можни прашања. Една екипа работи посебно на еколошките прашања“, рече Ставрески.
Охридскиот градоначалник Александар Петрески вели дека сака проектот да се реализира, иако е скептик.
„Убеден сум дека таму ако се гради некоја инвестиција, дека ниту 10% од градбата нема да биде хотел, туку тоа ќе бидат приватни апартмани за продавање. Јас мислам дека за овие работи е земена провизија и по секоја цена, власта на заминување ќе сака овие проекти да ги протурка“, вели Петрески.
Ставрески рече дека жителите на Љубаништа на чии парцели ќе се гради комплексот согласно законот за туристички развојни зони ќе бидат соодветно обесштетени. Според него овој проект ќе влијае многу врз македонската економија, особено врз охридскиот регион бидејќи ќе ја продолжи туристичката сезона.
Целиот проект ќе има голем ефекет врз вашата економија. Целиот проект пред се е инициран од аспект на бизнис интересите. Нашите заложби не се тоа да биде некој просечен туристички комплекс, туку дестинација која би била меѓу најдобрите пет до десет од таа област во целиот свет.Субрата Рој, бизнисмен од Индија.
Тој рече дека комлексот ќе биде наменет пред се за клиенти од Европа, Кина и Индија.
„Милиони Индијци верувам дека би дошле тука како туристи. Тука се и Кинезите, Русите, Европејците. Не очекувам голем број гости да дојдат од Канада и САД. Однапред е тешко да се каже кои се би биле гостите тука, но можам да кажам дека овој проект дефинитивно ќе ја подобри економијата, додаде индискиот милијардер“, рече Рој.
Министерот за финансии Зоран Ставрески рече дека со оглед на сложеноста на овој проект бил формиран тим од двете страни но и управувачки комитет од страна на владата кој работел на сите можни детали, правни прашања, финансиски и инфраструктурни прашања.
Тие тимови на највисоко ниво потоа ги разгледуваат прашањата и на оперативно ниво и ги разговараат со претставници на Сахара Груп.Зоран Ставрески, министер за финансии.