„Македонска книжевна авангарда“ во рацете на Елена Пренџова

Елена Пренџова, поетеса.

Елена Пренџова на крајот на минатата година доби две значајни литературни награди - „Македонска книжевна авангарда“ за збирката „Живот под ѕвездите“ и беше прогласена за најдобар поет на интернационалната манифестација „Први регионални поетски средби“ во Брчко, Босна и Херцеговина. Наедно таа е приредувач на „Антологија на младата македонска авангардна поезија“ на книгоиздателството „Феникс“ и од неодамна член на Друштвото на писателите на Македонија.
„Македонска книжевна авангарда“, најдобар поет на интернационалните „Први регионални поетски средби“ во Брчко, Босна и Херцеговина, добитничка на прва и специјална награда на Мелничките вечери на поезијата во Бугарија во 2007 и 2011година, наградата „Бели мугри“ што ја доделува Домот на култура „Кочо Рацин“...се само некои од признанијата што за своето творештво досега ги има добиено младата Елена Пренџова. Од таму нималку не чуди што таа знае да каже дека наградите се за човекот, а поезијата за поетот.
Како човек нормално дека се радувам на наградите и драги ми се, а како поет секогаш кога ќе помине еуфоријата околу наградата се запрашувам – што понатаму. Сметам дека овие награди и се доделени на Елена Пренџова како носител, меѓутоа за нејзината поезија. Повеќе би се рекло дека нагардите се за поезијата, а она што е добра поезија секогаш испливува на површина бидејќи секој може да ја препознае. Не е потребно човек да биде научно, критички и книжевно изграден за да може да прими некоја добра поезија. Секој човек гаи во себе некое одредено чувство на естетика и го препознава тоа.
Елена Пренџова, поетеса.

„Како човек нормално дека се радувам на наградите и драги ми се, а како поет секогаш кога ќе помине еуфоријата околу наградата се запрашувам – што понатаму. Сметам дека овие награди и се доделени на Елена Пренџова како носител, меѓутоа за нејзината поезија. Повеќе би се рекло дека нагардите се за поезијата, а она што е добра поезија секогаш испливува на површина бидејќи секој може да ја препознае. Не е потребно човек да биде научно, критички и книжевно изграден за да може да прими некоја добра поезија. Секој човек гаи во себе некое одредено чувство на естетика и го препознава тоа. “

По „Јас“ (2006, „Современост“), „Таа“ (2009, „Академски печат“), „Пораки од морето“ (2011, Дом на културата „Кочо Рацин“), штотуку промовираната „Живот под ѕвездите“ (2013, „Македонија Презент“) е четвртата поетска книга на Пренџова за која критиката ќе забележи дека донесува „урбана, сигналистичка поезија, која е специфична и оригинална и според тематско-мотивската носивост и содржина, но и според необичниот графички и визуелен изглед на песните. Објавата содржи 53 песни, поделени во два циклуса „Наивки“ и „Урбанки“, а Пренџова вели дека кога ја правела нивната подела на ум го имала поетот Вилијам Блејк и неговите „Песни на невиноста“ и „Песни на искуството“.
Кај мене „Наивки“ се оние песни кои што зборуваат за љубовта, односно интимистичката лирика, а „Урбанки“ се песните што зборуваат за некои егзистенцијалистички прашања, за човекот како социјално и општествено суштество и т.н. А, инаку со калиограмите, односно со визуелното претставување на поезијата започнав уште со својата втора книга „Таа“ меѓутоа со текот на времето ги усовршив и почнав да правам посложени форми.
Елена Пренџова, поетеса.


„Кај мене „Наивки“ се оние песни кои што зборуваат за љубовта, односно интимистичката лирика, а „Урбанки“ се песните што зборуваат за некои егзистенцијалистички прашања, за човекот како социјално и општествено суштество и т.н. А, инаку со калиограмите, односно со визуелното претставување на поезијата започнав уште со својата втора книга „Таа“ меѓутоа со текот на времето ги усовршив и почнав да правам посложени форми“, дополнува поетесата која минатиот септември, заедно со уметникот Горан Јованов, како коавторка го реализираше дводневниот ликовен перформанс „Зад виножитото“.

Од друга страна, Елена Пренџова нагласува дека самата е исклучиво урбана поетеса која сето свое задоволство или незадоволство од градот во кој што живее затоа што сите ние имаме измешани чувства за местата во кои битисаме ги преточува во својата поезија, а за сопствената или генерациската авангардност нагласува дека е тешко во 21 век некој да измисли нешто ново, посебно и различно.

„Сè се повторува меѓутоа во некоја видоизменета форма. Да, веќе се е кажано, но јас сакам да го кажам поинаку и на мој начин.“

Родена 1985 година во Скопје, Пренџова е дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност и е постдипломка на Филолошкиот факултет во Скопје, отсек англиска книжевност. Таа објавува поезија, проза, есеи и преводи во македонската периодика, во книжевните списанија и приредувач е на „Антологија на младата македонска авангардна поезија“ што во 2012 година ја објави книгоиздателството „Феникс“ од Скопје.

Нејзината поезија е преведена на полски и украински јазик, а член е на редакцијата на списанието за литература, култура и уметност „Тренд“ и на жирито за избор на најдобри книжевни творби од децата без родители и децата со посебни потреби, во организација на невладината организација „Таленти“.

Конечно, поетесата пишува и афоризми и очекува заедничкиот проект со Душко Кралевски наскоро да и биде претставен на културната јавност, а говорејќи за себе вели дека „ќе пишува сè додека тлее поетски жубор во неа и дека секогаш ќе има нешто ново што ќе сака да го сподели со љубителите на пишаниот збор“.
Врачувањето на наградата „Македонска книжевна авангарда“ на Елена Пренџова и промоцијата на нејзината стихозбирка „Живот под ѕвездите“ се одржаа во рамките на „Фестивалот на чајот и читањето“.