Здружението на македонските музички изведувачи бара Министерството за култура да го заштити правото на изведувачите и продуцентите.
Се чувстува несигурност во Министерството за култура и очекувавме похрабро да излезе со став и да го заштити правото на изведувачите и продуцентите, особено очекувавме повеќе да не заштити од сите напади и клевети кои неосновано беа насочени кон Здружението на македонските музички изведувачи, вели претседателот на здружението Бодан Арсовски.
„Се надевам дека ќе се соберат сили, еве сега се најавува дека имаат намера да го менуваат законот. На некој начин законот воопшто не заживеа, а веќе се менува, тоа е малку чудно. Се надевам дека ќе ги преиспитаат своите ставови и дека ќе заземат позитивен однос кон оваа работа. “
Тој додаде дека не треба да се прашува дали треба да се плати за емитување на музика, туку колку треба да се плати, а тоа е нешто за кое со дел од електронските медиуми в петок започнуваат со преговори.
Паоло Сфеци, директор на хрватското здружение на изведувачи Хузип, вели дека како здруженија се наоѓаат во незгодна ситуација да бранат нешто што не е популарно, а тоа е нова давачка, но по пет години од неговата последна посета на Скопје работите не се сменети. Тој вели дека очигледно е оти самите политичари кои го носат законот сакаат и да го опструираат.
„Искрено сум разочаран, ми се чини дека политиката на Македонија покажа дека за да биде фина и пристојна пред меѓународната јавност донесе еден закон но наместо да помогне да се спроведе законот ми се чини дека прави се за да го опструира. Македонскиот парламент пред неколку години донесе закон што треба да се плати во земјава, а ние сега по 10, 15 години подоцна дискутираме дали треба да се плати па тоа е цивилизациска срамота.“
Тој додаде дека електронските медиуми го плаќаат секој производ што го има на нивната програма, од сериски филмови до спортски натпревари, но не сакаат да платат за музиката која ја емитуваат, а тоа, според него, не е ни најмалку фер.
Неодамна трите телевизии со национална концесија, Сител, Канал 5, Алсат-М, најавија дека планираат да не емитуваат домашна музика и побараа да се одземе лиценцата на ММИ.
Од нивните директори не успеавме да добиеме став дали и натаму ќе останат на таа одлука или ќе започнат преговори. Своите барања дел од медиумите со соопштенија ги објаснуваа со ставот дека ТВ станиците не користат фонограми, туку аудио-визуелни дела, односно видеограми, за кои ММИ, според телевизиите, нема добиено лиценца. Но, правниот тим на здружението тврди дека тој аргумент е неиздржан затоа што правата на секој емитуван фонограм или звук носи во себе авторско право, право на изведувачот и на тој кој што го произвел и доколку некој го користи тоа дело или го вгради во некое друго дело или пак направи видео спот за него, со тоа не се укинуваат претходно наведените права.
„Грубо звучи но во овој момент сите македонски медиуми за нас се пирати. Ако не сакате да ги уредите односите вие и натаму ќе бидете пирати. И се знае дека пиратите секогаш некаде ќе заглават, а до сега многумина се обидоа да ја пиратизираат музиката но одредено време си плаќаа казна. Не може цела држава да биде во статус Пират“, вели Сфеци.
Тој како пример го посочи Тоше Проевски кој бил член на хрватското здружение и по неговата смрт неговите родители добиваат пари од Хрватска за емитувањето на неговата музика.
Хрватското здружение има наплата од 90 проценти, меѓу кои редовни плаќачи се 16-те локални ТВ станици и 3-те национални телевизии. Во Словенија се плаќа 50 центи за еден час музика пуштена во локалите.
Се надевам дека ќе се соберат сили, еве сега се најавува дека имаат намера да го менуваат законот. На некој начин законот воопшто не заживеа, а веќе се менува, тоа е малку чудно. Се надевам дека ќе ги преиспитаат своите ставови и дека ќе заземат позитивен однос кон оваа работа.Бодан Арсовски, Здружение на македонските музички изведувачи.
„Се надевам дека ќе се соберат сили, еве сега се најавува дека имаат намера да го менуваат законот. На некој начин законот воопшто не заживеа, а веќе се менува, тоа е малку чудно. Се надевам дека ќе ги преиспитаат своите ставови и дека ќе заземат позитивен однос кон оваа работа. “
Тој додаде дека не треба да се прашува дали треба да се плати за емитување на музика, туку колку треба да се плати, а тоа е нешто за кое со дел од електронските медиуми в петок започнуваат со преговори.
Грубо звучи но во овој момент сите македонски медиуми за нас се пирати. Ако не сакате да ги уредите односите вие и натаму ќе бидете пирати. И се знае дека пиратите секогаш некаде ќе заглават, а до сега многумина се обидоа да ја пиратизираат музиката но одредено време си плаќаа казна. Не може цела држава да биде во статус Пират.Паоло Сфеци, директор на хрватското здружение на изведувачи Хузип.