Голем хотел ќе никне во индустриската зона Жабени кај Битола, соопштуваат локалните власти, но не кажуваат кој е инвеститорот и каков тип на хотел ќе се гради. Велат дека хотелот ќе ги опслужува потребите на бизнисмените, посетителите и минувачите.
Во индустриската зона Жабени, освен фабрики ќе се гради и голем хотел, соопштија од општина Битола. Парцелата е веќе продадена, но надлежните не соопштуваат кој е инвеститорот и каков тип на хотел ќе се гради.
„Индустриската зона Жабени главно има намена за стопанство, но во еден дел има и комерцијални објекти. Таму и за хотели е едно евро со наддавање. Летото минатата година беше продадена парцела за хотел, уште инвеститорите немаат дојдено со барање да добијат одобрение за градба. Тие наддаваа, си ја купија парцелата, договорот е солемнизиран. Каков ќе биде хотелот не знам се додека не го донесат проектот“, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Запрашани која е потребата меѓу фабрики да има и хотел, од општина велат дека тој ќе ги опслужува потребите на бизнисмените, посетителите, минувачите.
„Ќе се појави вистинска потреба и за деловен простор. Очигледно е дека таму ќе се заинтересираат дел од банките да имаат свои претставништва. Ќе се отвори простор за деловни објекти кои ќе им даваат услуги на инвеститорите. Но, досега немам сознанија дали тоа токму ќе се случува во тој хотелски комплекс“, вели Талески.
Од општината додаваат дека во хотелот ќе можат да престојуваат и работниците, иако најголемиот дел од нив, според најавите ќе бидат битолчани со место на живеење оддалечено на неколку километри. Досега во Жабени се продадени 49 парцели, па за продажба останува уште една третина од зоната. Сепак, фабрика има изградено само германската компанија „Кронберг и Шуберт“.
Освен во Жабени, парцела за градба на уште еден хотел е продадена на растојание од пет километри во близина на граничниот премин Меџитлија каде се очекува да биде отворено и казино, па да се привлечат посетители од Грција.
„Очекувам во идниот период и тие да побараат одобрение за градба. Мислам дека е голема придобивка зашто на тој начин се зголемува конкуренцијата, инвестициите и можностите за вработување“, вели Талески.
Ќе се појави вистинска потреба и за деловен простор. Очигледно е дека таму ќе се заинтересираат дел од банките да имаат свои претставништва. Ќе се отвори простор за деловни објекти кои ќе им даваат услуги на инвеститорите.Владимир Талески, градоначалник на Битола.