На три месеци пред локалните избори, по нарачка на општина Битола снимен е филм во траење од 20 минути во кого се промовираат проектите на локалната власт предводена од градоначалникот Владимир Талески. Филмот „Сјајот на Битола“ содржи видео материјали од реконструирани улици, обновени паркови, шеталишта, поставени споменици и други проекти кои Талески ги реализира во двата мантада. Ова на еден начин претставува телевизиска форма на печатениот отчет на општината, публикација на 144 страни испечатена во 6.000 примероци.
Васко Ковачевски, претседател на СДСМ од Битола со критика:
„Деновиве повторно сме сведоци како градоначалникот Владимир Талески немилосрдно ги троши парите на општина Битола за себерекламирање. Откако виде дека не му успеа приказната со скапата сликовница наречена отчет, Талески направи филм и се расфрла со буџетски пари, во време кога општина Битола тоне во долгови. Училиштата немаат греење и работат со скратени часови, а сметките веќе со месеци им се блокирани. Доблесно е Талески да излезе и да каже колку чини филмот за неговото саморекламирање и колку буџетски пари дополнително ќе се фрлат за презентација и емитување на филмот низ медиумите“, вели Ковачевски.
Талески кој аплицираше за кандидат за градоначалник на интерниот конкурс на ВМР0 –ДПМНЕ, изјави дека филмот не е дел од неговата предизборна кампања, туку општински проект за презентација на сработените проекти пред граѓаните.
„Ова не е кампања, туку отчет пред граѓаните. Нашата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ се уште нема кажано кои ќе бидат кандидатите за иднинте локални избори. Доколку јас ја имам можноста за кампања сето ова што го покажаме предвреме добро ќе го искористиме“, изјави Талески.
Тој не откри колку пари општината потроши за изработката на видео материјалот.
„Филмот е по нарачка на општина Битола, за да дадеме отчет пред граѓаните за сработеното. Не знам колку чинеше, можеме да провериме. Не знам што е спорно, не само што има право туку и обврска е на локалната самопуправа да изнајде начин и форми да се претстави пред граѓаните што направила зашто безобразието и дрскоста на опозицијата оди до таму што тие кажуваат дека ништо не направила локалната самоуправа“, изјави Талески.
Деновиве повторно сме сведоци како градоначалникот Владимир Талески немилосрдно ги троши парите на општина Битола за себерекламирање. Откако виде дека не му успеа приказната со скапата сликовница наречена отчет, Талески направи филм и се расфрла со буџетски пари, во време кога општина Битола тоне во долгови.Васко Ковачевски, СДСМ од Битола.
Васко Ковачевски, претседател на СДСМ од Битола со критика:
„Деновиве повторно сме сведоци како градоначалникот Владимир Талески немилосрдно ги троши парите на општина Битола за себерекламирање. Откако виде дека не му успеа приказната со скапата сликовница наречена отчет, Талески направи филм и се расфрла со буџетски пари, во време кога општина Битола тоне во долгови. Училиштата немаат греење и работат со скратени часови, а сметките веќе со месеци им се блокирани. Доблесно е Талески да излезе и да каже колку чини филмот за неговото саморекламирање и колку буџетски пари дополнително ќе се фрлат за презентација и емитување на филмот низ медиумите“, вели Ковачевски.
Ова не е кампања, туку отчет пред граѓаните. Нашата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ се уште нема кажано кои ќе бидат кандидатите за иднинте локални избори.Владимир Талески, градоначалник на Битола.