Случувањата во северно Косово може да имаат пошироки регионални последици. Сè друго во односите Србија-Косово е локализиран проблем и нема голем потенцијал за прелевање вон тие граници, вели Ставо Пендаровски.
Односите на релација Србија-Косово кои сè уште ги подгреваат регионалните тензии, во последниве денови во Прешевската Долина, но и во Белград и Приштина со натамошните пораки кои си ги испраќаат, треба да се следат со внимание и во поширок контекст, посочуваат експертите. Тоа само упатува дека Македонија како непосреден сосед мора да ги има предвид сите случувања од овој контекст кој може да биде поопасен доколку трае или се зголемува внатрешната политичка нестабилност, предупредуваат експертите.
Во политичката состојба во која се наоѓа Македонија, таа не може да испраќа пораки за стабилност, ниту од аспект на функционирањето на институциите, ниту од аспект на внатрешната сплотеност, вели аналитичарот Исмет Рамадани.
„Ако веќе имаме ваква ситуација во Републиката кои имаат сосема друг аспект, но и тоа се нарекува нестабилност во однос на власт-опозиција или меѓуетнички односи. Сето тоа на некој начин само помага во она што значи нестабилност во еден дел од регионот како што е Косово.“
На најавите на српските власти за уривање на споменикот на борците на ОНА во Прешево, не остана рамнодушна ниту Тирана. Оттаму премиерот Сали Бериша испрати порака дека на ваквата најава гледа како на провокација. Аналитичарите за утеха го нудат фактот дека на денот кој е најавен за последен рок за отстранување или уривањето на споменикот најавена е и средба на косовскиот и на српскиот премиер. Албанскиот премиер, пак, Бериша, внесе вознемиреност деновиве и со повикот за обединување на сите Албанци отворајќи ги страниците на историјата, но и според аналитичарите отворајќи уште една тема за својата предизборна кампања.
„Изјавата конкретно на Бериша е дадена со цел да си ја зацврсти својата позиција во пресрет на изборите, бидејќи и во Албанија има избори годинава и во насока на зацврстување на неговата регионална фигура или регионално значење, нрактично на терен неговите изјави немаат никакво значење“, вели професор Стево Пендаровски.
Тоа што е само на ниво на реторика не може да ги понесе Албанците од поширокиот простор на Балканот, вели тој, освен доколку не се случуваат промени во северниот дел на Косово, автономија или отцепување со сила или со договор. Единствено ова прашање, според него, може да предизвика пошироки турбуленции во регионот и да се рефлектира на безбедноста и во Македонија. Сè останато, според него, што се однесува на односите Србија-Косово е локализиран проблем и нема голем потенцијал за прелевање вон тие граници.
Изјавата конкретно на Бериша е дадена со цел да си ја зацврсти својата позиција во пресрет на изборите, бидејќи и во Албанија има избори годинава и во насока на зацврстување на неговата регионална фигура или регионално значење, нрактично на терен неговите изјави немаат никакво значење.Стево Пендаровски, универзитетски професор, член на Советот за НАТО интеграции на СДСМ.