И во Куратица карневал за Василица има

Carnival customs in Ohrid village Kuratica.

Карневалот во охридското село Куратица е еден од начините и за промоција на ова село во кое живеат само стотина жители кои се обидуваат да развијат селски туризам во текот на цела година.
Вевчанскиот карневал не е единствениот по кој е препознатлив охридско струшкиот регион. Карневалски обичаи има и во охридското планинско село Куратица. Помладите жители и оние кои потекнуваат од Куратица пред 15 години ја возообновија традицијата стара неколку векови на маскирање под отворено небо за време на празникот Василица. Традицијата предвидува маскираните да ги посетат сите семејства во селото и отстапување од тоа нема, вели Горан Ангелкоски претседател на месната заедница. Посетата завршува рано наутро, а веќе следниот ден, следува подготвката на традиционaлни јадења кои им се делат на сите присутни гости.
Карневалот започнува со традиционалната вечер на 13-ти со василичарскиот оган, кој е запален од Бадник и кој ќе гори се до Василица. Околу 18 часот е планирање, собирање на групите кои ќе го посетат целото село зетот, невестата и ѓаволот, бајачот и останатите учесници. Групата секогаш брои околу 200 до 300 членови кои имаат задача да го посетат селото од прва до последна куќа.
Горан Ангелкоски, претседател на месната заедница во Куратица.

„Карневалот започнува со традиционалната вечер на 13-ти со василичарскиот оган, кој е запален од Бадник и кој ќе гори се до Василица. Околу 18 часот е планирање, собирање на групите кои ќе го посетат целото село зетот, невестата и ѓаволот, бајачот и останатите учесници. Групата секогаш брои околу 200 до 300 членови кои имаат задача да го посетат селото од прва до последна куќа“, вели Ангелоски.

Се очекува присуство на стотина маски и десетина карневалски групи од повеќе градови од Македонија, а маскенбалот се прави со цел да ги развесели луѓето, а не да навреди. Томку поради тоа курајчани внимаваат и при изработката на маските. Карневалот е еден од начините и за промоција на ова село во кое живеат само стотина жители, но кое се обидува да го развива селскиот туризам во текот на цела година.
Ски лифтот ни е во фаза на набавка но имаме проблеми во однос на финансиската конструкција на целата таа постапка. Зимскиот дел кога би можеле да го заокружиме со една рекреативна ски патека тоа би било фантастично и со мали средства од 50.000 евра ќе значи дека околу 100 домаќинства од селото би нашле своја егзистенција во текот на целата година.
Горан Мицковски, жител на Куратица.

Веќе три години селото поради својата природа и специјалитети е интересно за холандските туристи, а од месната заедница интенизвно работат на развој и на зимскиот туризам. Минатата година беше набавена машината за снег Ратрак, а во план е изградба и на ски патека во должина од 800 метри, вели Горан Мицковски кој потекнува од Куратица.

„Ски лифтот ни е во фаза на набавка но имаме проблеми во однос на финансиската конструкција на целата таа постапка. Зимскиот дел кога би можеле да го заокружиме со една рекреативна ски патека тоа би било фантастично и со мали средства од 50.000 евра ќе значи дека околу 100 домаќинства од селото би нашле своја егзистенција во текот на целата година“, вели Мицковски.

На влезот од селото стои табла на која пишува Куратица. ЕУ. Мицковски вели дека се чуствуваат европски и затоа плановите кои прават за развојот на селото се европски.

„Размислуваме поинаку од другите од многу луѓе кои масовно ги напуштаат своите рурални средини. Наместо да се иселуваме и да го напуштаме нашето село, ние сметавме дека можностите кои ни се пружаат треба да ги заокружиме на еден таков ироничен начин со поставување на табла Европа, Куратица. еу“, вели Мицковски.

Селото има своја веб страна, а 24 часа преку веб камери може да се следи и состојбата во селото Куратица.