Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски најави дека веднаш по божиќните празници ќе ги распише локалните избори. Централен одбор на СДСМ вечерва ќе решава што ќе прави.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски најави дека веднаш по божиќните празници ќе ги распише локалните избори. Во собранието велат дека се уште не знаат кога Вељаноски ќе го стори тоа. Доколку неделава ги распише изборите, тогаш според законските прописи од денот на денесувањето одлука за одржување избори до денот на нивото одржување не смеат да поминат повеќе од 90 дена а помалку од 70 што значи дека тие би требало да се оддржат меѓу 24 март и 14 април.
Од СДСМ најавија дека денеска во 18 часот ќе оддржат седница на Централниот одбор на која се очекува да донесат важни одлуки согласно со актуелните случувања во државата. Повеќе детали за седницата не откриваат, но неофицијално се очекува денеска да се одврзе и политичкиот јазол околу изборите, односно дали опозицијата ќе учествува на локалните избори или ќе остане на својот став дека ќе ги бојкотира.
Според аналитичарите, можни се неколку сценарија. Алберт Муслиу вели дека најцрното сценарио е дека опозицијата нема да учествува на изборите, а власта ќе ги спроведе само со своите кандидати.
„И после ќе влеземе во фаза на политичка нестабилност бидејќи опозицијата секако нема да ги прифати како легитимни. Тие може да бидат легални но секако нема да ги прифати како легитимни затоа што дел од граѓаните нема да учествуваат во изборниот процес.“
Тој додава дека во моментов најмалку веројатно сценарио е власта да донесе одлука да не оди на избори без опозицијата. Муслиу вели дека сега е потребно да се изнајде начин да двете страни да се договорат за заедничко учествува во изборите, затоа што државава се доведе во ситуација која демократијата стана компромис, а таа е најбитниот компонента за целиот изборен процес.
„Независно од локалните избори ние влегуваме во процес на тенденција на опозицијата да го делегитимира парламентот, а со тоа да ја делитимира и работата на владата. Така да ако двете страни одат со исклучива и без комуникација, без тенденција за изнаоѓање на некое решение и излез од оваа ситуација, секако ќе влеземе на политичка нестабилност.“
По повикот на претставници на меѓународната заедница на разумност и дејствување низ расправа во Собранието можно е и сценарио во кое опозицијата ќе се повлече од ставот за бојкот на изворите но со нови услови за нивно оддржување. За аналитичарите можно двете страни под притисок на евроатланските пријатели да ги приближат ставовите и да изнајдат решение.
Во меѓувреме албанската владеачка партија ДУИ веќе започна со соопштување на кандидатите за градоначалници.
Видео: Протест на здружената опозиција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 29 декември 2012.
И после ќе влеземе во фаза на политичка нестабилност бидејќи опозицијата секако нема да ги прифати како легитимни. Тие може да бидат легални но секако нема да ги прифати како легитимни затоа што дел од граѓаните нема да учествуваат во изборниот процес.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
Од СДСМ најавија дека денеска во 18 часот ќе оддржат седница на Централниот одбор на која се очекува да донесат важни одлуки согласно со актуелните случувања во државата. Повеќе детали за седницата не откриваат, но неофицијално се очекува денеска да се одврзе и политичкиот јазол околу изборите, односно дали опозицијата ќе учествува на локалните избори или ќе остане на својот став дека ќе ги бојкотира.
Според аналитичарите, можни се неколку сценарија. Алберт Муслиу вели дека најцрното сценарио е дека опозицијата нема да учествува на изборите, а власта ќе ги спроведе само со своите кандидати.
„И после ќе влеземе во фаза на политичка нестабилност бидејќи опозицијата секако нема да ги прифати како легитимни. Тие може да бидат легални но секако нема да ги прифати како легитимни затоа што дел од граѓаните нема да учествуваат во изборниот процес.“
Тој додава дека во моментов најмалку веројатно сценарио е власта да донесе одлука да не оди на избори без опозицијата. Муслиу вели дека сега е потребно да се изнајде начин да двете страни да се договорат за заедничко учествува во изборите, затоа што државава се доведе во ситуација која демократијата стана компромис, а таа е најбитниот компонента за целиот изборен процес.
„Независно од локалните избори ние влегуваме во процес на тенденција на опозицијата да го делегитимира парламентот, а со тоа да ја делитимира и работата на владата. Така да ако двете страни одат со исклучива и без комуникација, без тенденција за изнаоѓање на некое решение и излез од оваа ситуација, секако ќе влеземе на политичка нестабилност.“
По повикот на претставници на меѓународната заедница на разумност и дејствување низ расправа во Собранието можно е и сценарио во кое опозицијата ќе се повлече од ставот за бојкот на изворите но со нови услови за нивно оддржување. За аналитичарите можно двете страни под притисок на евроатланските пријатели да ги приближат ставовите и да изнајдат решение.
Во меѓувреме албанската владеачка партија ДУИ веќе започна со соопштување на кандидатите за градоначалници.
Видео: Протест на здружената опозиција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 29 декември 2012.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5