По задолжувањата кај Светската банка и Дојче Банк во вредност од 290 милиони евра, кои уште не легнале на државната сметка, владата денеска ќе се обиде од домашните банки и фондови да добие заем од 127 милиони евра.
Владата најави нови задолжувања, кои експертите оценуваат дека негативно ќе се одразат врз домашната економија. По оние кај Светската банка и Дојче Банк во вредност од 290 милиони евра, кои уште не легнале на државната сметка, владата денеска ќе се обиде од домашните банки и фондови да добие заем од 127 милиони евра. Во меѓувреме денеска достасува за наплата и последната рата од евро-обврзницата, која со каматата изнесува 183 милиони евра.
Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека новото задолжување не е изненадување, бидејќи Македонија години наназад има невозможно висок буџет, а притоа стагнира БДП и индустриското производство.
„Нормално дека кога не создаваме нови вредности мора да се задолжуваме ако буџетот се зголемува, ако јавната потрошувачка се зголемува. Уште поризично овде е што јас мислам дека владата исклучиво популистички оди на зголемување на пензиите, а се знае дека нема друг начин да се зголемат пензиите освен со ново задолжување, бидејќи нити има нови вработувања, нити пак просечните плати во државата, од каде што всушност се храни во најголем дел Фондот, не пораснале“, вели Витанов.
Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека парите со кои се задолжува владата не треба да ги користи за некапитални трошоци.
„Јас мислам дека овие кредити потоа би се употребиле да го поддржиме извозот како една многу стратешка гранка, да ги поддржиме локалните компании кои имаат конкурентна предност на регионалните пазари, како и да го поддржиме претприемништвото како еден многу добар концепт за Македонија за нови креативни бизниси“, вели Адеми.
Според Витанов владата се обидува да задоволи една група на граѓани, а тоа се пензионерите кои на избори се најактивни, а од друга страна, сето тоа ќе биде на сметка на идните генерации.
„Тоа е класична политика на преживување од денеска за утре, па нека ми ја мисли тој што ќе дојде подоцна на власт. Тоа што сликовито треба да се каже во овој момент е дека ние сме на една санта мраз, но на висока температура и сантата мраз непрекинато и брзо се топи, зборувам како национална економија и сметам дека нема да можеме да го спречиме тој процес и дека таа политика од денеска за утре ќе надвладее и мислам дека Македонија ќе навлезе во фазата, не само на средно, но мислам дека ќе мора да оди понатаму и на високо задолжување“, вели Витанов.
Според, на Македонија ѝ треба економска опозиција, која ќе се спротивстави на таквата политика и која ќе ја разбуди јавноста.
Нормално дека кога не создаваме нови вредности мора да се задолжуваме ако буџетот се зголемува, ако јавната потрошувачка се зголемува. Уште поризично овде е што јас мислам дека владата исклучиво популистички оди на зголемување на пензиите, а се знае дека нема друг начин да се зголемат пензиите освен со ново задолжување, бидејќи нити има нови вработувања, нити пак просечните плати во државата, од каде што всушност се храни во најголем дел Фондот, не пораснале.Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.