Веќе три години минаа откако Македонците, Србите и Црногорците добија слободно патување без визи во 26 земји на Шенгенската зона. На Босанците и Албанците тоа им беше дозволено една година потоа. За нив тоа е, како што пишува весникот „Економист“, единствената највредна награда во процесот за интегрирање во Европската унија. Но, по се изгледа можеби нема да им биде дозволено и да ја задржат.
Главната причина за тоа е зголемениот број на баратели на азил, посебно од Србија и Македонија.
Во 2009 година, пред да бидат укинати визите за овие земји, 9.860 нивни граѓани аплицираа за азил во Европската унија. До октомври минатата година, тој број порасна на 33.530.
Само во Германија над 10 илјади Срби и над 6 илјади Македонци побарале азил. Србите се на врвот на баратели на азил, далеку пред Авганистанците и Сиријците.
„Веќе не може да се прифати натамошно зголемување на злоупотребата на системот за азил“, вели германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих, додавајќи:
„Огромниот прилив на српски и македонски граѓани мора веднаш да биде запрен.“
Во октомври, шестмина министри за внтарешни работи на Европската унија побараа побрза акција за да се дозволи суспензија на безвизното патување.
Она што бројките не го покажуваат е тоа дека 95 насто од барателите на азил се сиромашни Роми, пишува „Економист“, додавајќи:
„Животот можеби им е тежок дома, но таму не постои отворен прогон. Во Македонија и Србија тие се подобро интегрирани во општеството од во повеќето други земји.“
Овие баратели на азил дури знаат дека нема да го добијат. Од 2009 до 2011 година од над 19 илјади српски апликанти во Германија, Шведска и Луксембург азил добија само 15 од нив.
Но, тие продолжуваат да се обидуваат, благодарение на, како што се наведува во најновата студија на Европската инцијатива за стабилност, широката достапност на информациите за бенефитите што ги имаат барателите на азил.
За време на неколкумесечното чекање да решат властите дали барањето е лажно или вистинско, државата им дава пари, сместување и здравствено осигурување.
Со оглед на фактот што во Македонија просечната месечна плата е 330 евра, јасна е економската логика да се замине на север на неколку месеци. Визите би можело годинава повторно да бидат воведени за Србите и Македонците.
„Во таков случај, на тоа ќе се гледа како на отфрлање и казна и ќе и наштети на и онака намалената поддршка за влез во Европската унија“, цитира весникот „Економист“ еден неименуван српски официјален претставник.
Словенечката пратеничка во европаралментот Тања Фијон верува дека европските политичари го користат тоа и за добивање политички поени, особено во Германија која се наоѓа во изборна година.
Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд вели дека безвизниот режим би требало да биде заштитен, но оти во тоа треба да бидат вклучени, како што наведува, „двата краја на проблемот“.
Иако Македонија сега почна да ги спречува луѓето да патуваат доколку немаат одредена сума пари за секој ден од престојот, ваквата тактика може да се оцени како незаконска и расистичка.
Очигледниот одговор, според Гералд Кнаус, шеф на Европската иницијатива за стабилност, е Германија и другите земји да ги забрзаат одлуките за барателите на азил од безбедните Балкански земји.
Откако Швајцарија го стори тоа, бројот на азиланти опадна. Но, кога во јули минатата година германскиот Уставен суд трикратно ги зголеми бенефитите за барателите на азил, бројот се зголеми, пишува „Економист“.
Огромниот прилив на српски и македонски граѓани мора веднаш да биде запрен.Ханс Петер Фридрих, германски министер за внатрешни работи.
Во 2009 година, пред да бидат укинати визите за овие земји, 9.860 нивни граѓани аплицираа за азил во Европската унија. До октомври минатата година, тој број порасна на 33.530.
Само во Германија над 10 илјади Срби и над 6 илјади Македонци побарале азил. Србите се на врвот на баратели на азил, далеку пред Авганистанците и Сиријците.
„Веќе не може да се прифати натамошно зголемување на злоупотребата на системот за азил“, вели германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих, додавајќи:
Животот можеби им е тежок дома, но таму не постои отворен прогон. Во Македонија и Србија тие се подобро интегрирани во општеството од во повеќето други земји.Економист.
„Огромниот прилив на српски и македонски граѓани мора веднаш да биде запрен.“
Во октомври, шестмина министри за внтарешни работи на Европската унија побараа побрза акција за да се дозволи суспензија на безвизното патување.
Она што бројките не го покажуваат е тоа дека 95 насто од барателите на азил се сиромашни Роми, пишува „Економист“, додавајќи:
„Животот можеби им е тежок дома, но таму не постои отворен прогон. Во Македонија и Србија тие се подобро интегрирани во општеството од во повеќето други земји.“
Иако Македонија сега почна да ги спречува луѓето да патуваат доколку немаат одредена сума пари за секој ден од престојот, ваквата тактика може да се оцени како незаконска и расистичка.Економист.