Од опозицијата најавија дека не се враќаат во Парламентот, а најавија дека не одат ни на избори.
Коалицијата „Сојуз за иднината“ од вечерва се враќа на протести, по паузата за новогодишните празници. Од вечерва во Скопје на „Рекорд“ и во повеќето градови во земјата ќе одржуваат т.н. отворени седници на граѓански парламент.
Од СДСМ велат дека без дилеми тие продолжуваат со враќањето на демократијата во земјата.
Опозицијата одби да се врати во парламентот, со образложение дека тоа ќе остане „новогодишна желба“ на премиерот Никола Груевски. Тој во новогодишно обраќање ја повика опозицијата да се врати во Собранието и да земе учество на локалните избори напролет.
Од опозициската СДСМ повторија дека нема да одат на избори. Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев вели дека условите како промената на изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХИР и избирачкиот список, важеле до 24 минатиот месец.
„Од тој ден, од тој понеделник, тие услови веќе стануваат ирелевантни, во ситуација кога имаме диктаторски режим кој не може да организира нормални, слободни, фер избори, затоа повторувам, ние на следните избори нема да учествуваме.“
Што се однесува пак на понудата на Али Ахмети да посредува за враќање на СДСМ во Парпалемтот, Георгиев коментира дека Ахмети по настаните во Собранието нема кредибилитет и интегритет да посредува во било што.
Од СДСМ реагираа и на соопштението на МВР за претставката на Здружението на новинарите.
„Срамно и недолично, но и очекувано, е што сите наредбодавци на режимското насилство во Собранието се обидуваат да ја сокријат вистината“, вели Георгиев.
Здружението на новинарите на Македонија соопшти дека е „крајно незадоволно“ од одговорот на Министерството на внатрешни работи за претставката на ЗНМ во врска со исфрлањето на новинарите од Собранието кога се носеше буџетот за 2013 година.
„Одговорите на МВР не се однесуваат на нашата претставка. Ние баравме да се утврди одговорност на наредбодавачите и извршителите на одлуката која е спротивна на Уставот и со која беа спречени новинарите да ги следат настаните во Собранието. Насилното исфрлување на новинарите без никаква правна основа од галеријата во Собранието е чин на цензура што е забрането со член 16 од Уставот“, се вели во реакцијата од ЗНМ.
Во соопштение на МВР е наведено дека претставката на Здружението на новинарите е неоснована.
Од тој ден, од тој понеделник, тие услови веќе стануваат ирелевантни, во ситуација кога имаме диктаторски режим кој не може да организира нормални, слободни, фер избори, затоа повторувам, ние на следните избори нема да учествуваме.Гордан Георгиев, СДСМ.
Од СДСМ велат дека без дилеми тие продолжуваат со враќањето на демократијата во земјата.
Опозицијата одби да се врати во парламентот, со образложение дека тоа ќе остане „новогодишна желба“ на премиерот Никола Груевски. Тој во новогодишно обраќање ја повика опозицијата да се врати во Собранието и да земе учество на локалните избори напролет.
Од опозициската СДСМ повторија дека нема да одат на избори. Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев вели дека условите како промената на изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХИР и избирачкиот список, важеле до 24 минатиот месец.
Одговорите на МВР не се однесуваат на нашата претставка. Ние баравме да се утврди одговорност на наредбодавачите и извршителите на одлуката која е спротивна на Уставот и со која беа спречени новинарите да ги следат настаните во Собранието.Соопштение од ЗНМ.