Ќе надвладее ли здравиот разум?

Домашните аналитичари оценуваат дека земјава се наоѓа во тешка ситуација од која, според нив, тешко може да се излезе. Предупредуваат на негативни последици доколку не се дојде до разумно решение колку што е можно побрзо.
Можен ли е излез од политичката криза и кој би бил тој? Домашните аналитичари оценуваат дека земјава се наоѓа во тешка ситуација до која дошло поради неодговорното однесување на политичарите и ниската политичка зрелост. Предупредуваат на негативни последици доколку не се дојде до разумно решение колку што е можно побрзо.
Треба луѓето да си се вратат во Парламент и да дејствуваат како опозиција, а не како власт. Значи јас во ова гледам обид на малцинството да врши терор на мнозинството, мнозинството владее во демократија, не малцинството.
Владимир Божиновски, Институт за политички и правни истражувања.

Владимир Божиновски од Институтот за политички и правни истражувања, вели дека опозицијата е главниот виновник за кризата. Според него, само и единствено таа ќе биде одговорна за последиците од неа.

„Доколку ова беше намера на Господинот Црвенковски како лидер на опозицијата за создаде политичка криза, зошто сега тој истиот Црвенковски би се обидел да ја смири или да ја надмине таа криза?“

Божиновски вели дека е невозможно да се седне на маса, кога лидерот на СДСМ јасно изјави дека нема да прифати ниту лидерска средба, ниту институционално решавање на кризата, а ниту пак избори.
И денеска лајт мотив на политиката, не е мојот успех, туку ништење на другиот. Единствено некој што може да влијае да ги седне е Европската унија, да ги седне страните да разговараат и да почнат да размислуваат за политика, не за омраза.
Алајдин Демири, аналитичар.

„Треба луѓето да си се вратат во Парламент и да дејствуваат како опозиција, а не како власт. Значи јас во ова гледам обид на малцинството да врши терор на мнозинството, мнозинството владее во демократија, не малцинството.“

Во овој момент тешко е да се зборува за излез од кризата во која се најдовме, анализира универзитетскиот професор Алајдин Демири. Во земја во која недостига здрав политички разум и култура, каде нема политичка одговорност од страна на власта и опозицијата тешко можат да се предвидат идните настани. Но, она што е сигурно е дека одолговлекувањето на оваа ситуација само ќе ја продлабочи поделеноста меѓу граѓаните која ќе биде се поизразена, вели Демири.

„И денеска лајт мотив на политиката, не е мојот успех, туку ништење на другиот. Единствено некој што може да влијае да ги седне е Европската унија, да ги седне страните да разговараат и да почнат да размислуваат за политика, не за омраза.“

Одговорноста за евентуалните негативни последици од политичката криза е на власта, односно на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, вели Демири. Но од друга страна не ја иззема од одговорност и актуелната опозиција, која како што вели влегува во сценариото на власта.

„Овојпат опозицијата, а најмногу Бранко Црвенковски е нејасен, тој диктаторски постапува само да дојде на власт, е таа е таа логика што опозицијата ја презема од власта и се однесува исто како нив“, заклучува Демири.

Во меѓувреме опозицијата продолжува да ги спроведува најавените блокади на улиците низ сите поголеми градови и граѓанската непослушност. Од СДСМ вчера изјавија дека остануваат надвор од Собранието и дека за нивната пратеничка група законодавниот дом повеќе не постои.