Меѓу 71 пријавени филмови од неанглиско говорно подрачје за годинашниот Оскар е и македонскиот филм „Трето полувреме“ на Дарко Митревски. Филмот е приказна за фудбалскиот клуб „Македонија“ ,за тажната судбина на Еврејката Нета Коен, за бугарската окупација врз Македонија во Втората светска војна и за холокаустот на македонските Евреи. Филмот е базиран врз основа на историски факти, фотографии, снимки и сведоштва, вели режисерот Дарко Митревски во интервју за Радио Слободна Европа.
Ве молам, обидете се да разберете дека информациите, фактите и податоците презентирани во овој филм се идентични и јас ќе повторам идентични со информациите кои би можеле лесно да се најдат на веб-страниците, на пример во американскиот музеј на Холокаустот во Вашингтон, Центарот „Јад Вашем“ во Тел Авив и Еврејскиот музеј во Берлин. Сите тие важни институции кои се занимаваат со прашањата на Холокаустот, го потврдија ова пред три години. Јас би рекол, децении порано, така што не постојат полемики, изјави Дарко Митревски во интерву за Деана Ќука од Централната редакција на РСЕ.
За авторот, филмот кој ја прикажува историската приказна за фудбалскиот клуб „Македонија“ и неговиот познат тренер од еврејско потекло Рудолф Шпиц, филмот не носи силна суштинска политичка порака, туку само се обидува да ги потсети луѓето на омразата што се случи во тоа време.
„Тогаш живеела генерацијата на моите родители и таа омраза на Балканот видовме дека може лесно да се повтори. Пред околу 20 години омразата повторно избувна и јас бев генерацијата која беше сведок на тоа. И тоа навистина беше силна мотивација за мене. Да се бориме против тоа или да покаже дека секоја генерација мора да се бори одново и одново, доколку сакаме мир во регионот“, вели Митревски.
За македонскиот режисер, реакциите на официјална Софија дека филмот е обид да се манипулира со балканската историја, ширејќи омраза, е неразбирлива.
„Тие, го нарекуваат филмот со разни имиња, но не го виделе. Па како некој може да разговараат за филм што не го видел? Врз основа на приказни, гласини и озборувања кои тој ќе ги најде на интернет?“, додава Митревски.
Тој смета дека бугарската страна можеби е загрижена дека историската улога на нивниот политички идол и патрон, бугарскиот цар Борис Трети може да бидат претставени од негативен аспект.
„Да, јас треба да кажам, тие треба да бидат загрижени. Но, како што реков можете лесно да ги најдете фактите на интернет“, наведува Митрески во интервјуто за РФЕРЛ.
За Митревски, бугарската реакција не била со цел да се нападне содржината на филмот туку обид да се спречи неговото завршување и дистрибуција, што „за среќа не успеала бидејќи билетите за прикажување на филмот во Македонија се распродадени однапред“.
Семејството на Еврејката Коен, чија приказна е прикажана во филмот присуствувало на премиерата и според режисерот, за нив делото е еден вид „помирување“, бидејќи многу години тие не знаеле што да мислат за тие времиња и дали нивната роднина била жртва или победник.
Американската академија за филмски уметности и науки денеска, според најавите, ќе го објави потесниот избор од девет филмови, кои ќе останат во трката за Оскар за најдобар странски филм. Конечните номинации ќе бидат објавени на 10 јануари.

Тогаш живеела генерацијата на моите родители и таа омраза на Балканот видовме дека може лесно да се повтори. Пред околу 20 години омразата повторно избувна и јас бев генерацијата која беше сведок на тоа. И тоа навистина беше силна мотивација за мене. Да се бориме против тоа или да покаже дека секоја генерација мора да се бори одново и одново, доколку сакаме мир во регионот.Дарко Митревски, режисер.