Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски беше домаќин на уште една координација за непомирливите разлики меѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ околу буџетот за 2013. Повторно без резултат. Суштината на кавгата е во пакетот за штедење од 204 милиона евра што го предложи опозицијата, а се однесувал на непродуктивни трошоци. За власта станува збор за набрзина направен план спротивен на нивната програма.
И додека власта и опозицијата се обидуваат да докажат кој е во право во дебатата за новиот буџет, јавноста останува збунета. СДСМ тврди дека планот за буџетски заштеди кој го доставија до Владата има за цел кратење на 204 милиони евра, за како што велат, планираните непродуктивни трошоци на власта.
Вистината кажана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, е сосема поинаква. Нашиот впечаток е дека тоа што СДСМ го нарекува план е сработен набрзина и истиот е оправдување на она што се случува во Собранието, велат извори од ВМРО-ДПМНЕ.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски уверува дека предлогот е логичен и конструктивен, а истиот опфаќа кратење на 204 милиони евра наменети за, како што велат, неразумното трошење во услови на криза.
„Ставките од коишто сакаме да се одземат парите се истите овие мебел, возила, туристички и скапи патувања, барокни фасади, барокни мостови, нови споменици“, изјави Ивановски.
Но, според министерот за финансии Зоран Ставрески предлогот на опозицијата е нелогичен и навлегува во суштината на реализацијата на владините проекти.
„Се предлагаат кратења кај позиции коишто би значеле целосно закочување на секторите како што е здравството, од кадешто се предлагаат 80 милиони евра да се намалат, да не се плаќаат обврските за лаборатории и други набавки коишто се веќе завршени, да не се плаќаат обврските за парно, за електрична енергија, односно да се намалат таму износите“, изјави Стеврески.
Но, зошто двете партии не можат да се договорат околу дополнителниот предлог на опозицијата? Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предлогот на СДСМ не е деловнички и не може да влезе во собраниска процедура. Она што сега може да се направи е двете надлежни комисии за финансирање и буџет и законодавно правната комисија да ги завршат расправите, па предлогот да биде испратен до Владата, за таа да се произнесе за буџетот, велат од владејачката партија. На прашањето зошто сметаат дека СДСМ ќе прифати да го одблокира собранието ако се остава на волјата на Владата да одлучува за нивниот дополнителен предлог, од владејачката партија велат дека тоа во моменотот е единствениот институционален механизам кој може да се понуди.
Ова што според ВМРО-ДПМНЕ е разумно решение, за СДСМ не е ништо.
„И што е овој план?Поминете ги амандманите за два дена па ние ќе видиме што ќе правиме. Тоа е план?“, вели Ивановски.
Преговорите во лавиринт, буџетот закочен
И во ваков лавиринт на разговори, преговори, кавги и расправии кои го надминаа нивото на политичка култура и зрелост, експертите оценуваат дека двете најголеми спротиставени партии тераат инает и немаат намера да попуштат поради партиските рејтинзи.
Изјавите што следат ги потврдуваат тврдите спротиставени позиции на двете партии.
„Ако СДСМ смета дека со бесконечно многу амандмани може да ја уценува целата држава, тешко се лаже. Нема да помине ова однесување“, изјави Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ
„До последниот амандман ќе се бориме образложувајќи ги конкретните работи и барања на граѓаните“, вели Игор Ивановски од СДСМ.
Ставките од коишто сакаме да се одземат парите се истите овие мебел, возила, туристички и скапи патувања, барокни фасади, барокни мостови, нови споменици.Игор Ивановски, СДСМ.
Вистината кажана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, е сосема поинаква. Нашиот впечаток е дека тоа што СДСМ го нарекува план е сработен набрзина и истиот е оправдување на она што се случува во Собранието, велат извори од ВМРО-ДПМНЕ.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски уверува дека предлогот е логичен и конструктивен, а истиот опфаќа кратење на 204 милиони евра наменети за, како што велат, неразумното трошење во услови на криза.
„Ставките од коишто сакаме да се одземат парите се истите овие мебел, возила, туристички и скапи патувања, барокни фасади, барокни мостови, нови споменици“, изјави Ивановски.
Се предлагаат кратења кај позиции коишто би значеле целосно закочување на секторите како што е здравството, од кадешто се предлагаат 80 милиони евра да се намалат, да не се плаќаат обврските за лаборатории и други набавки коишто се веќе завршени, да не се плаќаат обврските за парно, за електрична енергија, односно да се намалат таму износите.Зоран Ставрески, министер за финансии.