Одлуката на Советот на министрите на ЕУ е навистина разочарувачка, велат дел од аналитичарите. Дел од нив се песимисти дека спорот со името може брзо да биде решен.
Одлуката на Советот на министрите на ЕУ е навистина разочарувачка за Македонија, велат дел од аналитичарите. Иако поголемиот дел од нив се песимисти дека нешто може да се промени во следните 6 месеци, за да може земјата да добие датум за преговори, сепак останува малку оптимизам дека работите може да се придвижат.
Поранешниот дипломат и аналитичар Димитар Мирчев вели дека иако одлуката е разочарувачка, сепак не треба да не обесхрабрува. Мирчев вели дека курсот кон евро-атланските интеграции е цврсто зацртан, а во следниот период тој очекува да се работи повеќе на реформите и секако на спорот за името со Грција.
„Очекуваме во јануари нови контакти и предлози во посредникот Нимиц и тоа е се во нашите раце, нешто друго не можеме да направиме. Меѓутоа јас сум се уште оптимист, бидејќи за оваа прашање на Советот за министри доста долго се разговарало, изгледа дека се зголемува поддршката за нашата земја.“
Неуспехот во Брисел многу потежок од оној во Букурешт?
Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, вели дека неуспехот во Брисел е многу потежок од оној во Букурешт, бидејќи во Букурешт работите беа многу појасно кажани.
„Денеска немаме условно наречено тешење, туку едноставно после оваа сува одлука од вчера практично се става точка и се става до знаење во еден реал-политички стил -водевте таква политика, ви се случи тоа што го заслужувавте.“
Нано Ружин додава дека е дојдено време македонската страна да се освести, оти ова е најтежок пораз на македонската дипломатија и на оваа влада.
Македонија може да го искористи меморандумот со Бугарија
Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование вели дека тие ги гледаат заклучоците исклучиво од позитивна гледна точка, затоа што за разлика од минатите години кога добивавме само препорака сега барем се гледа кај е целта, но дали ќе се стаса до целта зависи од тоа што ќе го направи владата. Таа вели дека во јули може да се очекува датум за почеток на преговори, но има неколку „сопки“, на тој пат како локалните избори, Рамковниот договор и се разбира спорот за името.
„На пример тие не бараат од нас да го решиме името, тие бараат од нас да покажеме волја дека ќе го решаваме името. А како се покажува таа волја, на пример Груевски бидејќи го има мнозинството во државата може да побара од опозицијата да направат голема коалиција наменски само за името. Опозицијата цело време зборува дека имаат бланко поддршка, па сега на дело нека покажат каква е таа бланко поддршка.“
Димова додава дека Македонија може да го искористи меморандумот со Бугарија.
„Македонија може врз основа на она што ќе го направи со Бугарија, Комисија да го искористи и да рече видете што Македонија постигна за кратко време со Бугарија, истото може да го направи и со Грција, така да истото може да го искористиме како алатка од наша страна.“
Шест месеци недоволно за решение
Одлуката беше очекувана, вели аналитичарот Беким Кадриу, оти Македонија не направи буквално ништо на полето на решавање на спорот за името, од моментот кога комесарот за проширување Штефан Филе, рече дека ќе се разгледува опцијата за почнување на преговори, па решение на името во „рана фаза. А тука и одговорот на меморандумот од Грција, одговорот на македонската страна беше многу крут, вели Кадриу.
„Треба сериозно да се седне, за се разговара и да се види дали може да се постигне еден компромис. Спорт за името трае отприлика петнаесетина години, значи ако ние за овој период ние не сме направиле ништо, што би направиле за шест месеци, малку и прашањето е песимистичко“, вели Кардиу.
Очекуваме во јануари нови контакти и предлози во посредникот Нимиц и тоа е се во нашите раце, нешто друго не можеме да направиме.Димитар Мирчев, аналитичар.
Поранешниот дипломат и аналитичар Димитар Мирчев вели дека иако одлуката е разочарувачка, сепак не треба да не обесхрабрува. Мирчев вели дека курсот кон евро-атланските интеграции е цврсто зацртан, а во следниот период тој очекува да се работи повеќе на реформите и секако на спорот за името со Грција.
„Очекуваме во јануари нови контакти и предлози во посредникот Нимиц и тоа е се во нашите раце, нешто друго не можеме да направиме. Меѓутоа јас сум се уште оптимист, бидејќи за оваа прашање на Советот за министри доста долго се разговарало, изгледа дека се зголемува поддршката за нашата земја.“
Денеска немаме условно наречено тешење, туку едноставно после оваа сува одлука од вчера практично се става точка и се става до знаење во еден реал-политички стил -водевте таква политика, ви се случи тоа што го заслужувавте.Нано Ружин, универзитетски професор.
Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, вели дека неуспехот во Брисел е многу потежок од оној во Букурешт, бидејќи во Букурешт работите беа многу појасно кажани.
„Денеска немаме условно наречено тешење, туку едноставно после оваа сува одлука од вчера практично се става точка и се става до знаење во еден реал-политички стил -водевте таква политика, ви се случи тоа што го заслужувавте.“
Нано Ружин додава дека е дојдено време македонската страна да се освести, оти ова е најтежок пораз на македонската дипломатија и на оваа влада.
Македонија може да го искористи меморандумот со Бугарија
Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование вели дека тие ги гледаат заклучоците исклучиво од позитивна гледна точка, затоа што за разлика од минатите години кога добивавме само препорака сега барем се гледа кај е целта, но дали ќе се стаса до целта зависи од тоа што ќе го направи владата. Таа вели дека во јули може да се очекува датум за почеток на преговори, но има неколку „сопки“, на тој пат како локалните избори, Рамковниот договор и се разбира спорот за името.
На пример тие не бараат од нас да го решиме името, тие бараат од нас да покажеме волја дека ќе го решаваме името. А како се покажува таа волја, на пример Груевски бидејќи го има мнозинството во државата може да побара од опозицијата да направат голема коалиција наменски само за името. Опозицијата цело време зборува дека имаат бланко поддршка, па сега на дело нека покажат каква е таа бланко поддршка.Лидија Димова, Македонски центар за европско образование.