Невработеноста, сиромаштијата и корупцијата со години се на врвот на листата проблеми што ги засегаат македонските граѓани. Луѓето се жалат дека живеат тешко, дека секојдневните поскапувања им го отежнуваат и така тешкиот живот, невработените се жалат дека не можат да се вработат, оние пак кои работат стравуваат дека ќе ја загубат работата.
Во земјава има околу 30 проценти невработени, исто така секој трет е сиромашен. И некаде помеѓу бројките и празниот стомак, еве како живеат дел од граѓаните.
Лилјана работи во бутик, вели дека платата што ја зема може да си ги покрие само месечните трошоците за комуналии. А со последните поскапувања, прашање е дали и ќе и стигнат.
„Страшна сиромаштија е, сега се селектираат луѓето на богати и сиромашни, се врши експлоатација на работникот, богатиот живее на сметка на сиромашниот. Со парното е навистина катастрофа, тоа е таков монопол, таков лоповлук, тоа е невидено.“
А секој сака да си купи нешто, да се поднови сега пред Нова година, додава Лилјана.
„Наместо сега да се намалат цените и сиромавиот да биде среќен сега пред Нова година, кај нас цените се зголемуваат и на храна и на облека.“
Државниот завод за статистика оваа година за првпат сиромаштијата во Македонија ја пресметуваше со меѓународниот Лаекен индекс, препорачан од Европската унија. Според овој индекс сиромаштијата во Македонија во 2010 била 27,3%. Според методологијата што претходно се сиромаштијата се движеше над 30%.Според Заводот за статистика, голем дел од граѓаните преживуваат благодарение на социјалната помош и пензиите од постарите. Иако од сиромаштијата се најпогодени невработените, не се исклучуваат ниту луѓето со приходи. Во категоријата сиромашни влегуваат 10 проценти од вработените и 16 отсто од пензионерите во земјава.
Драгица и нејзиниот брат се социјални случаи, државата им дава 1400 денари социјално, а по некогаш и тоа им доцни.
„Некоја е зависен од социјално, а државата не ја интересира дали ти имаш да јадеш или немаш. Пола Скопје е зависно од социјално, немаат леб да јадат, а треба да се плати струја, вода, а со 1400 денари кај можеш“, вели Драгица, а нејзиниот брат вели дека секој ден се мислат од кај да најдат пари за да си купат леб.
„Лошо е, лошо е. Сега со сестра ми се мислиме кај да бараме 50 денари да купиме леб, а никој не ти дава, немаме паричка за леб.“
Можеби на парламентарците и на оние кои земаат големи плати им е убаво, но на нас пензионерите кои имаме по 8000 или по 10. 000 пензија не раскажува една пензионерка со која поразговаравме во центарот на градот.
„За обичниот човек е катастрофа, ако продолжи вака јас не знам зошто тежнееме сите за во Европа, ајде политичарите може, но ние обичниот народ, во која Европа ќе одиме, со колку, со 100 евра? Тогаш ептен ќе треба по контејнери да бараме за јадење.“
Љубе Јаневски-Бардакот 42 години работел во некогашниот гигант ОХИС. Сега вели дека секој ден оди да протестира пред владата и да си ги бара заостанатите 16 плати.
„ОХИС е една обична пералница во која масовно се уништува и се краде. Еве 15- 16 плати немам земено, сини картони немаме земено две години, а за придонеси да не зборуваме.“
Потребно е само добра волја од страна на владата за да се поттурнат малку работите и компанијата повторно да проработи вели тој.
„А владата добива само во време, затоа и протестираме. Девет тендери беа и деветте пропаднаа, изгубивме надеж дека нешто ќе се суреди. Владата малку да пушти волја, слух, разбирање, четири погони на ОХИС може да работат.“
Неговиот колега Дражанин Мумин додава дека дошло време да немаат пари ни за леб, ни за лек.
„Ни за леб немаме, ние со 35 години работен стаж, ни сини картони немаме. Да е поголема трагедија овие што се социјалци што никогаш не работеле, тие си земаат плави картони, а ние со толку работен стаж не.“
Секоја планина со своја тежина вели една народна. Кој нема пари, кој има ама не му стасуваат за се, кој е невработен, кој е вработен ама не зема плата. Но како живеат студентите? Нико и Дејан се од помал град од внатрешноста на земјата, а студираат во Скопје. Велат дека и студентите се соочуваат со проблеми, можеби не толку големи како оние на возрасните, но и нив ги мачат професори, студентки прашања, политиката при сместувањето во студентските домови. Еве што велат тие за нивниот студентски живот.
„И професорите и органите кои треба да не сослушуваат се проблем, за еден обичен печат може да те вратат 10 пати. Студентските прашања кои треба да бидат за студенти се случувало кога е летна сесија да патуваме и по 150 километри и тие да ни речат дојдете утре. “
„А за сместувањето во студентските домови да не правиме муабет, ако немаш вујко владика, нема кај да спиеш. Нема ни кај да се пожалиш и тие организации кои мислевме дека се организации не велат и ние не можеме и нас не контролираат и тоа е тоа.“
Како една од причините за лошата состојба граѓаните ја посочуваат и корупцијата. Таа толку навлегла во сите пори на општеството, што граѓаните велат дека не можат да замислат да тропнат на било која врата во некоја институција без да дадат нешто или без да побараат некој познат. Од одење на лекар, со полагање на испити, документи преку ред, до вработувања. Корупцијата толку се одомаќинила во општеството, што не е ни веќе чудно, велат граѓаните. Димитар од Скопје вели дека неговата ќерки не е вработени оти секаде се примаат партиски војници, а за да се вработат во администрација требаат врски или пари.
„Магистер на науки е, а јас да и плаќам придонеси за да биде продавачка, навистина е жално. И кај едните и кај другите е исто и тие и тие велат не примаме партиски војници во администрација, а истото го прават, моќта е во нив. Врски ќе има секогаш, привилегии ќе има секогаш, но ако си хемиски техничар нека те вработат по струка, ама не може ветеринар да биде директор за телекомуникации.“
Граѓаните се свесни за постоењето на корупцијата, ја препознаваат и во последно време се повеќе пријавуваат случаи на корупција, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија . Таа вели дека за три месеци имале повеќе од 140 пријави за случаи на корупција. Ја прашавме Тасева зошто со години наназад еден од основните проблеми на граѓаните им е корупцијата.
http://www.makdenes.org/externalaudio-FLRM/Audio/380122.html
„Очигледно дека во Македонија постои сериозен проблем со корупцијата и тоа е таа корупција која ги засега директно граѓаните. Ако во услови на висока вработеност , вработувањето може само по пат а корупција или ако во услови на скапо образование до место во образованието, може да се стигне по пат на корупција. Во услови кога единствен инвеститор и финансиер е државата, да се стигне до тендер, до набавка или до некаков договор со државата, може единствено со корупција, значи се што сакаат да направат граѓаните се прави на основа на корупција.“
Но и покрај проблемите, ретко кога граѓаните го креваат својот глас и тогаш кога има некакви протести тие се мали, негласни, ќе се собере мала група на луѓе со свои проблеми и никој не се солидаризира со неа. Ни масовните поскапувања кои ја зафатија земјава пред некој месец не го извадија народот на улица. Зошто е тоа така одговор побаравме од социологот Илија Ацески.
„Се изгуби една енергија кај луѓето, настапи една апатија, едно разочарување дека било кава активност организирана надвор од институциите нема да има плод, нема да доведе до подобрување.
Експертите велат дека за да се подобрат состојбите во земјата е потреба политичка волја за да се департизира општеството, да им се дозволи на институциите да си ја работат работата, да профункционира правниот систем, за да може граѓаните да се чувствуваат сигурни.
Страшна сиромаштија е, сега се селектираат луѓето на богати и сиромашни, се врши експлоатација на работникот, богатиот живее на сметка на сиромашниот.Анкетиран граѓанин.
Лилјана работи во бутик, вели дека платата што ја зема може да си ги покрие само месечните трошоците за комуналии. А со последните поскапувања, прашање е дали и ќе и стигнат.
„Страшна сиромаштија е, сега се селектираат луѓето на богати и сиромашни, се врши експлоатација на работникот, богатиот живее на сметка на сиромашниот. Со парното е навистина катастрофа, тоа е таков монопол, таков лоповлук, тоа е невидено.“
А секој сака да си купи нешто, да се поднови сега пред Нова година, додава Лилјана.
Некоја е зависен од социјално, а државата не ја интересира дали ти имаш да јадеш или немаш. Пола Скопје е зависно од социјално, немаат леб да јадат, а треба да се плати струја, вода, а со 1400 денари кај можеш.Анкетиран граѓанин.
„Наместо сега да се намалат цените и сиромавиот да биде среќен сега пред Нова година, кај нас цените се зголемуваат и на храна и на облека.“
Државниот завод за статистика оваа година за првпат сиромаштијата во Македонија ја пресметуваше со меѓународниот Лаекен индекс, препорачан од Европската унија. Според овој индекс сиромаштијата во Македонија во 2010 била 27,3%. Според методологијата што претходно се сиромаштијата се движеше над 30%.Според Заводот за статистика, голем дел од граѓаните преживуваат благодарение на социјалната помош и пензиите од постарите. Иако од сиромаштијата се најпогодени невработените, не се исклучуваат ниту луѓето со приходи. Во категоријата сиромашни влегуваат 10 проценти од вработените и 16 отсто од пензионерите во земјава.
Драгица и нејзиниот брат се социјални случаи, државата им дава 1400 денари социјално, а по некогаш и тоа им доцни.
Лошо е, лошо е. Сега со сестра ми се мислиме кај да бараме 50 денари да купиме леб, а никој не ти дава, немаме паричка за леб.Анкетиран граѓанин.
„Некоја е зависен од социјално, а државата не ја интересира дали ти имаш да јадеш или немаш. Пола Скопје е зависно од социјално, немаат леб да јадат, а треба да се плати струја, вода, а со 1400 денари кај можеш“, вели Драгица, а нејзиниот брат вели дека секој ден се мислат од кај да најдат пари за да си купат леб.
„Лошо е, лошо е. Сега со сестра ми се мислиме кај да бараме 50 денари да купиме леб, а никој не ти дава, немаме паричка за леб.“
Можеби на парламентарците и на оние кои земаат големи плати им е убаво, но на нас пензионерите кои имаме по 8000 или по 10. 000 пензија не раскажува една пензионерка со која поразговаравме во центарот на градот.
За обичниот човек е катастрофа, ако продолжи вака јас не знам зошто тежнееме сите за во Европа, ајде политичарите може, но ние обичниот народ, во која Европа ќе одиме, со колку, со 100 евра? Тогаш ептен ќе треба по контејнери да бараме за јадење.Анкетиран граѓанин.
„За обичниот човек е катастрофа, ако продолжи вака јас не знам зошто тежнееме сите за во Европа, ајде политичарите може, но ние обичниот народ, во која Европа ќе одиме, со колку, со 100 евра? Тогаш ептен ќе треба по контејнери да бараме за јадење.“
Љубе Јаневски-Бардакот 42 години работел во некогашниот гигант ОХИС. Сега вели дека секој ден оди да протестира пред владата и да си ги бара заостанатите 16 плати.
„ОХИС е една обична пералница во која масовно се уништува и се краде. Еве 15- 16 плати немам земено, сини картони немаме земено две години, а за придонеси да не зборуваме.“
Потребно е само добра волја од страна на владата за да се поттурнат малку работите и компанијата повторно да проработи вели тој.
А за сместувањето во студентските домови да не правиме муабет, ако немаш вујко владика, нема кај да спиеш. Нема ни кај да се пожалиш и тие организации кои мислевме дека се организации не велат и ние не можеме и нас не контролираат и тоа е тоа.Анкетиран граѓанин.
„А владата добива само во време, затоа и протестираме. Девет тендери беа и деветте пропаднаа, изгубивме надеж дека нешто ќе се суреди. Владата малку да пушти волја, слух, разбирање, четири погони на ОХИС може да работат.“
Неговиот колега Дражанин Мумин додава дека дошло време да немаат пари ни за леб, ни за лек.
„Ни за леб немаме, ние со 35 години работен стаж, ни сини картони немаме. Да е поголема трагедија овие што се социјалци што никогаш не работеле, тие си земаат плави картони, а ние со толку работен стаж не.“
Секоја планина со своја тежина вели една народна. Кој нема пари, кој има ама не му стасуваат за се, кој е невработен, кој е вработен ама не зема плата. Но како живеат студентите? Нико и Дејан се од помал град од внатрешноста на земјата, а студираат во Скопје. Велат дека и студентите се соочуваат со проблеми, можеби не толку големи како оние на возрасните, но и нив ги мачат професори, студентки прашања, политиката при сместувањето во студентските домови. Еве што велат тие за нивниот студентски живот.
Магистер на науки е, а јас да и плаќам придонеси за да биде продавачка, навистина е жално. И кај едните и кај другите е исто и тие и тие велат не примаме партиски војници во администрација, а истото го прават, моќта е во нив. Врски ќе има секогаш, привилегии ќе има секогаш, но ако си хемиски техничар нека те вработат по струка, ама не може ветеринар да биде директор за телекомуникации.Анкетиран граѓанин.
„И професорите и органите кои треба да не сослушуваат се проблем, за еден обичен печат може да те вратат 10 пати. Студентските прашања кои треба да бидат за студенти се случувало кога е летна сесија да патуваме и по 150 километри и тие да ни речат дојдете утре. “
„А за сместувањето во студентските домови да не правиме муабет, ако немаш вујко владика, нема кај да спиеш. Нема ни кај да се пожалиш и тие организации кои мислевме дека се организации не велат и ние не можеме и нас не контролираат и тоа е тоа.“
Како една од причините за лошата состојба граѓаните ја посочуваат и корупцијата. Таа толку навлегла во сите пори на општеството, што граѓаните велат дека не можат да замислат да тропнат на било која врата во некоја институција без да дадат нешто или без да побараат некој познат. Од одење на лекар, со полагање на испити, документи преку ред, до вработувања. Корупцијата толку се одомаќинила во општеството, што не е ни веќе чудно, велат граѓаните. Димитар од Скопје вели дека неговата ќерки не е вработени оти секаде се примаат партиски војници, а за да се вработат во администрација требаат врски или пари.
„Магистер на науки е, а јас да и плаќам придонеси за да биде продавачка, навистина е жално. И кај едните и кај другите е исто и тие и тие велат не примаме партиски војници во администрација, а истото го прават, моќта е во нив. Врски ќе има секогаш, привилегии ќе има секогаш, но ако си хемиски техничар нека те вработат по струка, ама не може ветеринар да биде директор за телекомуникации.“
Граѓаните се свесни за постоењето на корупцијата, ја препознаваат и во последно време се повеќе пријавуваат случаи на корупција, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија . Таа вели дека за три месеци имале повеќе од 140 пријави за случаи на корупција. Ја прашавме Тасева зошто со години наназад еден од основните проблеми на граѓаните им е корупцијата.
http://www.makdenes.org/externalaudio-FLRM/Audio/380122.html
„Очигледно дека во Македонија постои сериозен проблем со корупцијата и тоа е таа корупција која ги засега директно граѓаните. Ако во услови на висока вработеност , вработувањето може само по пат а корупција или ако во услови на скапо образование до место во образованието, може да се стигне по пат на корупција. Во услови кога единствен инвеститор и финансиер е државата, да се стигне до тендер, до набавка или до некаков договор со државата, може единствено со корупција, значи се што сакаат да направат граѓаните се прави на основа на корупција.“
Но и покрај проблемите, ретко кога граѓаните го креваат својот глас и тогаш кога има некакви протести тие се мали, негласни, ќе се собере мала група на луѓе со свои проблеми и никој не се солидаризира со неа. Ни масовните поскапувања кои ја зафатија земјава пред некој месец не го извадија народот на улица. Зошто е тоа така одговор побаравме од социологот Илија Ацески.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5