Атина се наметна како конструктивна со Меморандумот

Средба на министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Димитрис Аврамопулос и Никола Попоски во Њујорк на 24 септември 2012 година.

Македонија дозволи грчкиот меморандум да се претвори во нејзин конструктивен потег во пресрет на декемврискиот самит, реагираат дел од македонските експерти.
Можеби Македонија навистина требаше да ја искористи шансата и да не дозволи грчкиот меморандум за разбирање да се претвори во нејзин конструктивен потег во пресрет на декемврискиот самит, реагираат дел од македонските експерти по изјавите и на еврокомесарот Филе дека се надева оти Македонија ќе ја искористи шансата нарекувајќи го грчкиот меморандум важен чекор.
Европската дипломатија се ангажираше за да помогне и нормално вложи голем дел од својот кредибилитет, така што има и дел од одговорноста на крајот од процесот, ама она што е важно е да има волја од страните коишто учествуваат во тој спор, а не само од дипломатијата на Брисел којашто има повеќе улога на посредник, отколку на одлучувач.
Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование.

Кој ги знае работите подлабоко знае и дека овој меморандум беше површен и ја имаше исклучиво таа намена Грција да демонстрира конструктивност, но сега настапува време и кога европските дипломати ќе го користат за притисок врз Македонија, вели професор Беким Кадриу.

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис на 20 ноември 2012 година.


„Дека навистина проблемот со деблокирањето на европските интеграции лежи само и само кај Македонија, кај никој друг, во смисла дека Македонија мора да работи поинтензивно со Грција да го реши спорот.“

Што ќе се случи на самитот во Брисел за многумина е извесно. Надежите полека се топат во изјавите на европските дипломати меѓу кои сè уште се јавуваат и оптимисти, но и оние кои ги разбиваат илузиите. Може да се каже и дека европската дипломатија доволно се вложи во изминатиов период и работата повторно се враќа на волјата на страните во проблемот, анализира Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

„Европската дипломатија се ангажираше за да помогне и нормално вложи голем дел од својот кредибилитет, така што има и дел од одговорноста на крајот од процесот, ама она што е важно е да има волја од страните коишто учествуваат во тој спор, а не само од дипломатијата на Брисел којашто има повеќе улога на посредник, отколку на одлучувач.“

Големо изненадување би бил каков и да позитивен исход од овој самит, велат експертите. Засега ништо што навестува такво нешто не доаѓа од Брисел. За дел од нив, сигналите говорат дека заклучокот за Македонија сепак нема да биде сосема ист како и минатата година и дека на некој начин европските дипломати ќе прават обиди да го формулираат така што ќе го одразува духот на годинашната препорака од комисијата во која формулацијата рана фаза би подразбирала и одредени рокови. Иако самитот е за неколку дена, какви и да се прогнози се покажуваат сè уште за невозможни.