Евроатлантските интеграции, членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО е работа што е неопходна за стабилноста на регионот и тука нема простор за емоции или за ентузијазам. Ова е едноставна работа што треба сите заедно, било тоа да се владејачки политички партии, било да се опозициски партии, да си го сработат своето и да ја постигнеме целта, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Господине Бесими, дали за Македонија НАТО и натаму е приоритетна цел?
Секако. Тоа е приоритетна цел за Република Македонија и е работа и цел што сите граѓани ја посакуваат, значи тоа без дилема останува. Ние работиме во тој дел, секако дека тој пат не е едноставен, треба да се работи во многу сфери. Ние во областа на одбраната и во областа на тоа што треба да се постигне стабилност во земјата и во регионот ги даваме нашите напори, како и во придонесот во меѓународниот мир. Ние продолжуваме со нашето учество во меѓународните мировни мисии, на домашен план создаваме и новитети. Сега на пример во рамките на Воената академија планираме оваа година да промовираме, иницираме формирање на посебен центар за мировни студии кој во иднина би требало да прерасне во регионален центар и центар во соработка со НАТО за постконфликтни ситуации низ светот, каде што може да се овозможи создавање на капацитети во тие земји, превентивно и отпосле како да се помогне на светско и регионално ниво да се создадат стабилни состојби за мир и развој во земјите.
Дали го гледате истиот ентузијазам и кај вашиот коалиционен партнер во владата?
Тоа е прашање што е неопходно за Република Македонија. Не станува збор само за ентузијазам, тоа е многу рационално прашање. Евроатлантските интеграции, членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО е работа што е неопходна за стабилноста на регионот и тука нема простор за емоции или за ентузијазам. Ова е едноставна работа што треба сите заедно, било тоа да се владејачки политички партии, било да се опозициски партии, да си го сработат своето и да ја постигнеме целта.
Ако велите дека НАТО останува приоритетна цел за земјава, тогаш зошто вие како министер се согласивте на намалување на средствата на модернизација на армијата и за учество во мировните мисии?
Креирањето на буџетот не е прашање на согласност на еден министер, на едно министерство, тоа е прашање на цела влада. Ние како ресорно министерство и јас лично информирав за тоа што беше во последниот извештај на НАТО во однос на реформите, во однос на модернизацијата. Тоа што е значајно е дека Македонија и овој пат доби пофалби и признанија за реформите што ги прави и придонесот во меѓународните мировни мисии со вклучување на фактот дека треба дополнително да се направат напори за модернизација, меѓутоа реалните економски прилики во Република Македонија не ни создадоа таков простор за да можеме во оваа фаза да алоцираме повеќе средства за модернизација. Тоа е прашање што Република Македонија ќе го направи на долгорочен план. Ние веќе правиме напори преку разни концепти, смарт дифенс, офсет програмите што ги промовиравме сега скоро, дека на тој начин ќе најдеме соодветни модели за модернизација, меѓутоа тоа што е битно, политичкиот став на владата и наш ресорен е дека доколку буџетот стане услов за членство во НАТО, секако дека тогаш, ако има потреба, само за тоа ќе се направи ребаланс и ќе се додадат средства во буџетот за одбрана на Република Македонија. Тоа што е факт и што треба да се спомене е дека и покрај овие периоди на намалување на буџетот, цело време средствата што се наменети за меѓународни мировни мисии останале на исто ниво и тоа ја покажува политичката позиција на Република Македонија визави целите на НАТО, остануваме кредибилен и доследен партнер за остварување на целта на НАТО, односно воспоставување на глобалниот мир.
Како ја оценувате безбедносната состојба во земјава во последните месеци со оглед на меѓуетничките тензии?
Во однос на состојбата, јас би рекол дека е многу важно да се зачува мирот и стабилноста и да се менаџира соодветно и тоа да биде на едно одржливо ниво. Тоа е преку создавање на добри меѓуетнички односи, чија основа е во Охридскиот договор, но тоа што е уште поважно, тоа е дел од нашиот Устав. Добрите меѓуетнички односи преку меѓусебно почитување и градење доверба меѓу заедниците во Република Македонија е главниот мотор на стабилноста на нашето општество, а со тоа и здрава основа за развој. Мислам дека Македонија има капацитет тоа да го постигне.
Не мислите ли дека националните симболи, знамињата, спомениците, само долеваат масло на огнот?
Видете, јас на ова прашање не гледам црно-бело. Тоа се гледа така ако ние идентитетот го дефинираме како апсолутна вредност, како единствена вредност на човекот. Такво објаснување има за некои војни што се случуваа во минатото на светско ниво, има такви објаснувања и во теоријата, меѓутоа во последно време сè повеќе се коментира тоа што е дел од глобализацијата, а тоа е нешто што се вика неколкукратен идентитет, односно секој има повеќе идентитети. Едниот е етничкиот идентитет, друг може да е професионален идентитет, религиозен идентитет или државен идентитет. Ако се гледаат работите од овој аспект, етничкиот идентитет е израз на чувство дека припаѓаш на одредена етничка заедница, но тоа не го истиснува државниот идентитет. Значи, може во исто време, како што стои во Уставот, да е Македонец, да е граѓанин на Република Македонија, да е Албанец и да е граѓанин на Република Македонија, да е Турчин, да е граѓанин на Република Македонија и сите други заедници кои ги има во Уставот. Всушност, во нашиот Устав е јасно дефинирано дека државотворен статус имаат овие етнички заедници што се спомнати во Уставот, а тука се и Албанците, бидејќи вашето прашање алудира на тоа прашање во последните денови во однос на изразување на етничките симболи. Мислам дека во тој контекст, повторно ќе се повикам на Уставот, каде што е наведено дека сите овие етнички заедници повикувајќи се на минатото и жртвите од минатото за слободата и мирот во Република Македонија, уште од Крушевската Република, уште од АСНОМ и мислам дека тука е многу јасно и ако излистаме книги од историјата ќе видиме дека и во Крушевската Република и во Народно ослободителната војна вие ги имате и Македонците и Албанците заедно. Зборуваме за тема за која се залагале луѓето, за демократија, за мир, за слобода. А тука неопходна компонента во овие современи периоди е евроатланската интеграција. Евроатланската интеграција е таа што гарантира заедништво, мир, слобода и развој за сите во регионот, а во овој случај и за Република Македонија, кадешто сите етнички заедници би можеле да ги одразат своите идентитети, а во исто време да го промовираат својот заеднички државен идентитет.
Денеска повеќе од било кога се добива впечаток дека владејачките партии манипулираат со чувствата на граѓаните во контекст на изборите кои не очекуваат?
Јас не би го специфицирал тоа како манипулација заради избори, некои работи се случуваат без притоа да има било каква врска со тоа дали изборите се за неколку денови, месеци или години, некои работи едноставно се случуваат во моментот кога се создадени услови за тоа. Во однос на изразувањето на етничките чувства и идентитет, тие работи како што споменав не значи дека се конкуренти една со друга. Од тој аспект јас не гледам тука дека тоа што се случува може да се направи единствено со цел за политички поени, меѓутоа ние сме свесни дека тоа може да има импликации и врз политичкиот тек на настаните.
Сепак, дали можевте малку повеќе со ВМРО-ДПМНЕ да организирате заеднички прослави кои ќе се зближуваат Македонците со Албанците?
Јас сум за. Секогаш кога би имало таква можност, добро е тоа да се направи, било тоа да се заеднички празници или празници на едната или на другата заедница и токму тоа е сигнал на меѓусебната почит.
Зошто не го направивте тоа?
Па ние тоа го правиме во Македонија во континуитет, посебно кога се работи за религиозни празници, секогаш едната и другата страна слават без разлика на религиската припадност. По однос на овие прашања, еве и во последниот период, значи славењето на 100-годишнината од албанското знаме и независност на Албанија, поголемиот дел од активностите се предвидени и во програмата на значајни активности во Собранието, така што има неколку настани, тоа по дифолт не значи дека може да се следи истиот пример за сите настани, меѓутоа интенцијата е и јас би рекол дека е добро да има такви настани и во иднина.
Од оваа дистанца, гледајќи како се загреваат меѓуетничките односи, каде вие го гледате изворот на тие тензии?
Сите работи што се случуваат се одраз на недоволното работење на меѓуетнчките односи. Не би оделил една политичка структура или друга, тука треба на моменти да бидеме и автокритични, дека не доволно е работено, сега зборувам не за политички периоди, туку генерално за меѓуетничките односи. Треба уште повеќе да работиме на меѓуетничките односи, ова е само сигнал дека Република Македонија има уште работа за подобрување на меѓуетничките односи, меѓутоа тој пат треба да се оди и Македонија чекори по тој пат со сите предизвици што ги има. Тој пат е јасен, тој пат е Македонија во ЕУ, тој пат е Македонија во НАТО.
Ќе се вклучите ли во трката за градоначалничките места?
За тоа е рано. Ова што го правам во Министерството за одбрана е многу важно за Република Македонија и во овој период главниот фокус ми е на оваа тема. Што се однесува до темата за локалните избори, тоа официјално е уште далеку. Ние како партија сме добро структурирани и кога ќе дојде тоа на дневен ред, секако и јавноста ќе дознае за тоа.