Иако постои законска регулатива која го третира мобингот во Законот за работни односи, тоа не е доволно и затоа досега немало судска процедура за психичко вознемирување на работното место, велат кумановските синдикалци.
Психичко вознемирување на работното место или мобинг постои и секојдневно луѓето бараат помош во канцеларијата на Регионалната синдикална организација во Куманово. Гордица Бошковска, правен застапник, вели дека трите члена во Законот за работни односи не се доволни за заштита на работниците од мобингот, а малкумина кумановци знаат што е тоа.
„Мобинг? Сум слушнал, ама не знам.“
„Не сум вработена, тоа се однесува на вработените, ама знам што е.“
„За мобинг? Мислам дека тоа е уценување на работното место. Постои и тоа најповеќе го користат работодавачите. Најчесто ги уценуваат младите убави девојки или жени, а и со исплата на плата.“
Бошковска вели дека, иако постои законска регулатива која го третира мобингот во Законот за работни односи, тоа не е доволно и затоа досега немало судска процедура за психичко вознемирување на работното место. Законската процедура е започната, предлог законот за мобинг поминал на економско-социјалниот совет, претстои владина процедура. Наредната година, информира Бошковска, треба да се донесе посебен Закон за мобинг.
„Таков закон нуди посебна заштита и тогаш очекуваме да имаме некои судски разврски.“
РСЕ: Научија ли граѓаните што е мобинг?
„Мислам дека сè уште не научија. Законот дава јасна и прецизна дефиниција за мобинг, така што оние што трпат мобинг би можеле да го препознаат и на тој начин да бараат заштита“, вели Бошковска.
Мислам дека тоа е уценување на работното место. Постои и тоа најповеќе го користат работодавачите. Најчесто ги уценуваат младите убави девојки или жени, а и со исплата на плата.Анкетиран граѓанин на Куманово.