Преглед на печат - прослави и поделби

Сите печатени медиуми пишуваат за прославата на 100-годишнината на независноста на Албанија, но и за внатрепартиските односи во СДСМ и за економијата.
Малку резервирано, ама сите печатени медиуми пишуваат по некоја информација или прават анализа на пораките искажани од прославата на 100-годишнината на државата Албанија и албанското знаме во Скопје.
Има ли европски дух во пораките на Бериша, Тачи и Ахмети.
Утрински весник.


Дневник пишува за „Двете лица на пораките од прославата“, а Утрински прашува: „Има ли европски дух во пораките на Бериша, Тачи и Ахмети“.

Прослава по повод 100 годишнината од албанската независност. Вицепремиерот Муса Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, премиерот на Албанија Сали Бериша и премиерот на Косово Хашим Тачи.


Истиот весник констатира дека полицијата се' уште не ги открила учесниците во серијата инциденти што се случија за време на прославата на албанското знаме минатиот викенд. Нова Македонија забележува: „Зборуваат за соживот, на терен го минираат“ и ја пренесува реакцијата на СДСМ дека „Денот на албанското знаме ги драматизира меѓуетничките односи и дека владините коалициони партнери шират национализам во наизменични периоди, не водејќи сметка за последиците“.
Бучковски најави жестока пресметка на конгресот во мај.
Нова Македонија.

Внатрепартиските односи во СДСМ исто така ги провоцира печатените медиуми да прават анализи за тоа што признал Црвенковски во интервјуто во емисија на Алсат и колку Бучковски придонесува за раслојувањата во партијата:
„Судир - политичките кавги ги доведоа до развод“, насловува Утрински, а Нова Македонија информира: „Бучковски најави жестока пресметка на конгресот во мај“.

Премиерот Никола Груевски поставува камен темелник за изградба на нов пат.


Економијата - стандардно во минус: Дневник пишува дека индустриското производство е во минус и во октомври под наслов кој веројатно некого и загрижува: „Индустријата цела година на колена“. Дневник и Вечер во наслов го пренесуваат мислењето на гувернерот Богов: „Финансискиот сектор е стабилен“, додека Капитал оди исто така со неговата прогноза, но кажана во вториот дел од изјавата: „Идната година ќе биде многу неизвесна за Македонија“.

Вечер најавува дека „Автопатишта ќе градиме со кредити од кинески банки“, а дневниот Капитал потсетува дека премиерот Груевски во 2009 година вети 8 милијарди евра инвестиции за изградба на автопатишта, пред извесно време објаснуваше дека автопатишта не се граделе зашто македонските граѓани малку ги користеле, па сега зема кинески кредити за истата намена - овој став сам по себе е напредок кој ветува, вели Капитал дека во следните седум години можеби ќе се изградат повеќе од шест километри автопат, колку што се изградија во изминатите седум.