Достапни линкови

Индустриското производство паѓа повеќе од една година


Граѓаните не може да очекуваат раст на стандардот доколку нема подршка на стопанството, се согласуваат упатените.

Падот на индустриското производство, кој трае веќе 14 месеци, фрла сенка на проекциите за економски раст догодина, а граѓаните не може да очекуваат раст на стандардот доколку нема подршка на стопанството, се согласуваат упатените. Покрај ваквата состојба, Владата за догодина очекува економски раст од два отсто.
Како резултат на тоа уште повеќе се намалува производството и сите стопански активности, а од друга страна се намалува и вработеноста. Тоа е еден круг којшто укажува дека сè оди надолу или сè оди нагоре, во нагорна или во надолна линија.
Марија Зарезанкова Потевска, универзитетски професор.

Професор Марија Зарезанкова Потевска вели дека во вакви услови нереално е да се очекува голем раст на бруто домашниот производ.

„Може само со некое волшебно стапче. Ако се подобри состојбата во Европа, што се сомневам, може и тоа да влијае да се зголеми и македонското производство, а со тоа и стопанскиот раст.“

Падот на индустриското производство го кочи растот на БДП, што резултира во намалена куповна моќ на населението, објаснува Потевска.

„Како резултат на тоа уште повеќе се намалува производството и сите стопански активности, а од друга страна се намалува и вработеноста. Тоа е еден круг којшто укажува дека сè оди надолу или сè оди нагоре, во нагорна или во надолна линија, така што граѓаните во никој случај не може да очекуваат некои драстични подобрувања на нивната финансиска состојба“, вели Зарезанкова Потевска.
Може да се преземат мерки во врска со поттикнувањето на домашната побарувачка и со решавање на проблемот со неликвидноста на стопанството.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

Државниот завод за статистика вчера објави дека 14 месец индустриското производство е со негативен предзнак. Постојат повеќе причини за ваквата состојба, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

„Прво е намалената побарувачка од странство, второ е намалената домашна побарувачка и големата неликвидност во која се наоѓа македонското стопанство.“

Владата не може да интервенира во странските побарувања, вели Чекреџи.

„Може да се преземат мерки во врска со поттикнувањето на домашната побарувачка и со решавање на проблемот со неликвидноста на стопанството.“

Во овој контекст вреди да се спомене и предвидувањето на Организацијата за економска соработка и развој дека растот на светската економија следната година значително ќе забави, а должничката криза во еврозоната „моментално претставува најголема закана за глобалната економија“. Останува да се види дали Македонската економија ќе се дигне над нулата во 2013 година.
XS
SM
MD
LG