На Интернет има толку многу музика издадена под лиценца што дозволува слободно слушање што сигурно ќе најдете некој мек џез што се впива во ѕидовите на Вашиот дуќан. И токму како последица на лиценците, разни луѓе прават различни сервиси за Creative Commons и создаваат разновидни компилации спремни за спуштање од интернет и додавање на нашите плеј-листи, пишува Новица Наков, блогер и истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Пред неколку дена една новинарка ме праша нешто отпрлика вака: „Дали има доволно свесност кај македонските граѓани да се бојкотира Македонската музичка индустрија и да не се слуша музика?“ Одговорив нешто во смисла дека тоа на крајот зависи од здруженијата на компании, стопанските комори и слично кон чии членови во крајна инстанца е насочена новата регулатива.
По кратко размислување бев зачуден од прашањето. Зошто вакво бинарно гледиште? Зошто или музика или тишина? Одговорот секако е поради доминантите промоции и кампањи за режимот на авторски права. Но, токму поигрувањето со тој режим го создаде најголемиот хак во скорашната историја. Главното прашање значи е зошто не сме запознаени со начинот како слободно да се слуша музика?
Следејќи ги стапките на Ричард Сталман и движењето за слободен софтвер, пред десетина години Лоренс Лесиг, професор по право од САД, еден од водечките умови во областа на авторските права, луциден писател и особено забавен говорник, го започнува проектот Creative Commons.
Суштината на Creative Commons е создавање на алтернатива на вообичаното „сите права задржани“ кон која авторите сами можат да се приклучат. Ова се остварува преку лиценците што ги обезбедува организацијата кои овозможуваат пак практично спроведување на идејата за побогат екосистем на слободна култура и културна размена соодветна на основната ткаенина на општеството како најголем медиум споделување.
Дали е успешен? Лиценците на Creative Commons се распространети во 70 јурисдикции ширум светот вклучувајќи ја тука и Македонија. Најголемата светска енциклопедија и можеби најзначајниот проект од културата – Википедија, ги користи тие лиценци. Книги, филмски проекти и, можеби најважно за поентата на овој текст, музички изданија на големи бендови како Nine Inch Nails се објавени под некоја од лиценците на Creative Commons.
Признавам, музиката на NIN можеби и нема да одговара како фон во маалскиот фризерски салон, но на Интернет има толку многу музика издадена под лиценца што дозволува слободно слушање што сигурно ќе најдете некој мек џез што се впива во ѕидовите на Вашиот дуќан. И токму како последица на лиценците разни луѓе прават различни сервиси за Creative Commons и создаваат разновидни компилации спремни за спуштање од интернет и додавање на нашите плеј-листи.
За крај, ако имате 25 минути, тогаш можете да го гледате Лоренс Лесиг како елаборира за давителската улога што законите за авторски права во односот со културата што се создава во едно општество. Но, ако само сакте да дојдете до музика за Вашиот дуќан, музика поради која нема да добиете фактура од ММИ, тогаш упатете се на jamendo.com – еден од најголемите директориум на интернет каде се споделува музика растеретена од „сите права задржани“.