За Македонија е важна оваа посета, оценува политикологот Владимир Божиновски со оглед на тоа дека станува збор за земја, близок пријател на Грција.
Во Скопје сум како претседавач со Европската унија, изјави накусо министерката за надворешни работи на Кипар, Ерато Козаку Маркулис по денешната средба со македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски. Во соопштението од МНР се вели дека министерката Козаку Маркулис ја реафирмирала заложбата на Кипарското претседателство за динамизирање на процесот на проширување, но ја нагласила и важноста на добрососедските односи како една од темелните вредности на европската интеграција.
Министерот Попоски, пак, нагласил дека Македонија е целосно подготвена да влезе во следната фаза од преговорите и дека тоа е неопходно да се случи во интерес на реформите, меѓуетничката кохезија и кредибилитетот на Унијата. Тој исто така рекол дека земјава е подготвена за интензивирање на разговорите за името и за доаѓање до решение кое ќе ги почитува меѓународното право, демократските принципи и човековите права.
Денешната посета на шефицата на кипарската дипломатија Ерато Козаку Маркулис е дел од дипломатското раздвижување во пресрет на декемврискиот самит на ЕУ со цел, како што и самата појасни претходно, да се посетат земјите аспиранти и веројатно да се нагласи значењето што кипарското претседателство му го придава на процесот на проширувањето.
За Македонија е важна оваа посета, оценува политикологот Владимир Божиновски со оглед на тоа дека станува збор за земја, близок пријател на Грција.
„Нормално дека тоа треба да се искористи, бидејќи без разлика дали тоа е само за Кипар да создаде перцепција, сепак го носи прашањето за Македонија и за проширувањето повисоко на агендата.“
Во случајов, додава Божиновски, ваквиот потег е резултат на проактивната политика на ЕК кон Македонија, која Кипар мора да ја следи. Козаку Маркулис пред неколку дена имаше средба и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе на која тема било прашањето за проширувањето и подготовката на декемврискиот Самит.
Во пресрет на денешната посета, Маркулис рече дека тема на средбите во Скопје ќе бидат односите со Грција и прашањето за името. Се надевам дека моите состаноци во Скопје ќе ги разјаснат сликата и перспективата за пробив во пресрет на одлучувачкиот декемвриски совет, изјави кипарската министерка за надворешни работи која најави и дека нејзиниот пристап ќе биде претпазлив со цел да остане ослободен од влијание врз исходот од декемврискиот совет.
Една од битните улоги на претседавачот со Унијата е тоа што ја промовира агендата и ги создава приоритетите на Унијата во шестмесечниот период, појаснува Божиновски. Во случајот со Кипар, тенденцијата беше да се потисне прашањето за Македонија, но најверојатно тоа сега станува помалку веројатно поради евидентниот притисок и врз Грција за надминување на спорот, додава Божиновски, и поради заложбите на еврокомесарот и проактивната политика на Комисијата.
„Мора да покаже проактивна улога и во однос на самото проширување, во случајов со Македонија, или барем да создаде перцепција за тоа“, вели Божиновски.
Козаку Маркулис ќе има средби со министерот за надворешни работи Никола Попоски, со претседателот Иванов и со вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи. Информации за текот на овие разговори можат да се очекуваат само преку соопштение, најавија од сите три кабинети.
Нормално дека тоа треба да се искористи, бидејќи без разлика дали тоа е само за Кипар да создаде перцепција, сепак го носи прашањето за Македонија и за проширувањето повисоко на агендата.Владимир Божиновски, политиколог.
Денешната посета на шефицата на кипарската дипломатија Ерато Козаку Маркулис е дел од дипломатското раздвижување во пресрет на декемврискиот самит на ЕУ со цел, како што и самата појасни претходно, да се посетат земјите аспиранти и веројатно да се нагласи значењето што кипарското претседателство му го придава на процесот на проширувањето.
Мора да покаже проактивна улога и во однос на самото проширување, во случајов со Македонија, или барем да создаде перцепција за тоa.Владимир Божиновски, политиколог.