Достапни линкови

Што точно рече Петер Стано за „раната фаза“ за името


Ако добиеме мандат да го допреме на начин предлагајќи пригодна и неопходна рамка, тоа значи да се допре во раната фаза, а не да се остави такво прашање за на крајот на процесот.

„Без да навлегувам во медиумските шпекулациуи во вашата земја, јас ќе ве упатам на формулацијата на препораката на Европската комисија за ФИРОМ“, изјави Петар Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Toj одговараше на новинарско прашање да објасни што значи решавање на спорот околу името со Грција во раната фаза на преговорите за членство меѓу Македонија и ЕУ.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:34 0:00
Директен линк


Стано, сметајќи дека ова прашање е малку извлечено од контекст, посочи дека Комисијата вели дека ова прашање не може да биде оставено за на крајот на процесот.

„Ако го допреме ова прашање, и ако добиеме мандат да го допреме на начин предлагајќи пригодна и неопходна рамка, тоа значи да се допре во раната фаза, а не да се остави такво прашање за на крајот на процесот“, изјави портпаролот Петар Стано денеска во Брисел.
XS
SM
MD
LG