65 необјавени или неизложени фотографии се поместени на постановката „Текстура на животот“ од Иван Блажев, што во периодот од 23 ноември до 23 јануари наредната година, се одржува во Музеј на современа уметност во Скопје.
Со фреквентноста во продукцијата и со грижливо осмислените настапи, кои ги реализираше во текот на изминатата деценија, Иван Блажев е една од најзабележителните авторски профилирани појави во македонската фотографија.
Неговото творештво денес го препознаваме по редица впечатливи изложби и книги во кои се занимава со актуелни социјални теми(како „Искри“ од 2004 работена за проблемот на постконфликтните поделби меѓу учениците во Тетово, или „Дома“ од 2009 за животот на студентите во бараките на студентскиот дом „Стив Наумов“), или со различни урбани нарации(како „Пријатели“ од 2004, „Скопје со широко отворени очи“ од 2008 или „Лицата на невидливиот град“ од 2011 во кои на индиректен начин ја допира контроверзната дебата за создавање на новиот идентитет на Скопје). Но без оглед на карактерот на темите кои ги обработува, она што е најсилно обележје во делото на Блажев е едно изразено чувство за поврзување и субјективно проникнување во ликовите и пределите на неговите фотографии.
Ова ќе го запише Зоран Петровски, куратор на изложбата „Текстура на животот“, на која до 23 јануари, во Музеј на современа уметност во Скопје, се претставени 65 досега необјавувани фотографии од авторот кој својот израз го темели врз традициите на документарната фотографија. Петровски дополнува дека спротивно на неговата досегашна практика на тематски конципирани изложби, Блажев овојпат се решил на еден поинаков исчекор обидувајќи се да најде одговор и на прашањето дали фотографиите извадени од документарниот контекст, можат да стојат самостојно и секоја од нив да создава своја засебна целина која е некаде помеѓу фикцијата и реалноста.
„Идејата за оваа изложба во еден ваков момент за мене беше да ги обединам сите тие фотографии што сум ги направил, но коишто досега не се изложувани. Со други зборови, јас така би ја нарекол, некој вид на ретроспективна изложба, но не во контекст на некоја моја историзација, туку ретроспективна во смисла на изложба која што обединува доста работи што сум работел, а кои што не биле јавно покажани никаде“, вели Иван Блажев.
Тој, притоа, истакнува дека оваа изложба му е особено важна бидејќи самиот чувствува дека во последниве година-две авторски се наоѓа во една точка на пресвртница во сопственото творештво и дека со неа тој ги става темелите на она со што во иднина би сакал да се занимава.
„Во овој момент јас немам осмислен проект што ќе правам следно и самата изложба претставува процес на размислување, на евалуација на тоа што сум го работел и поставување на некакви темели за понатамошната работа.“
Роден 1974 година во Скопје, Иван Блажев дипломирал филмска режија на Бруклинскиот колеџ во САД, а постдипломски студии по фотографија завршил на Ликовната академија во Нови Сад, соседна Србија. Од 1996 до 2000 година работи во филмската индустрија реализирајќи кратки и документарни филмови, музички видеа и реклами, за да потем комплетно и се посвети на фотографијата. Зад себе има 12 самостојни изложби во земјава и во странство(Скопје, Краков, Чачак, Цетиње...), учесник е на повеќе групни претставувања (Берлин, Брисел, Мадрид, Виена, Солун, Љубљана) и автор е на пет фотографски книги.
„Како на фотограф на кој посебно му се допаѓа медиумот на книга би сакал овие фотографии да се стават во едно такво издание, но во овој момент тоа не е планирано“, истакнува Блажев.
Уметникот, притоа, не го исклучува моментот „Текстура на животот“ да се најде и во други галериски простори, но заклучува дека за такво нешто е прерано да се говори и дури допрва ќе се види како ќе се развива патот на изложбата.
Без оглед на карактерот на темите кои ги обработува, она што е најсилно обележје во делото на Блажев е едно изразено чувство за поврзување и субјективно проникнување во ликовите и пределите на неговите фотографии.Зоран Петровски, куратор на изложбата „Текстура на животот“ на Иван Блажев.
Идејата за оваа изложба во еден ваков момент за мене беше да ги обединам сите тие фотографии што сум ги направил, но коишто досега не се изложувани. Со други зборови, јас така би ја нарекол, некој вид на ретроспективна изложба, но не во контекст на некоја моја историзација, туку ретроспективна во смисла на изложба која што обединува доста работи што сум работел, а кои што не биле јавно покажани никаде.Иван Блажев, фотограф.