Од 23 до 25 ноември, во Домот на АРМ во Скопје, во организација на фестивалот „Таксират 14“, ќе се одржи Првата меѓународна музичка конференција, на која е најавено да учествуваат повеќе од 400 странски и домашни експерти кои ќе дебатираат за повеќе суштествени прашања од областа на современата музика. Сето тоа ќе биде надополнето со 40 концертни настапи на неколку одбрани и алтернативни локации во градот.
Како дел од проектот „Музика без граници“, проект финансиран од Европската унија и во партнерство со „Култур актив“ од Германија, „Генератор“ од Србија и „Мировна група младих“ од Хрватска, фестивалот „Таксират 14“, од 23 до 25 ноември, ќе ја организира Првата меѓународна музичка конференција на која е најавено дека ќе учествуваат над 400 странски и домашни експерти. Тие ќе дебатираат во рамките на 20-те панел дискусии кои е планирано да бидат реализирани во Домот на АРМ во Скопје.
Ана Шутиновска, координаторот на оваа ПИН-конференција, истакнува дека станува збор за истакнати личности од музичката индустрија, НВО активисти, културни работници, музичари, менаџери, букинг-агенти, па се до организатори на фестивали, музички новинари, експерти и промотори. Таа дополнува дека како гости ги очекуваат Пружина Жип, една од највлијателните жени во музичката индустрија и програмски селектор на познатиот „Зигет фестивал“ од Унгарија, Рут Беренц – промотор и човек кој што работи на „Јуросоник фестивал“ од Холандија, Петар Јањатовиќ – еден од најпознатите новинари од просторот на поранешна Југославија и автор на „Ју-рок енциклопедија“, Ахмет Улук од Турција организатор на „Рок-ен-коук фестивал“ и блуз и џез фестивалот во Истанбул, а тука е и Ендрју Дабер - основач на Пан-европската организација за музика, култура, креативност и развој, академски истражувач на одделот за музичка култура во престижниот Бирмингем сити јуниверзити, автор, промотор и блогер.
„Грег Палмер е човекот кој исто така доаѓа од Обединетото Кралство и е уредник на тамошниот музички магазин „Ај-кју“. Тој е еден од најинтересните учесници на ПИН-конференцијата затоа што успеа да си постави Гинисов рекорд посетувајќи 26 фестивали само за 30 дена и тоа во различни европски земји.“
Шутиновска дополнува дека од Република Македонија, како модератори или панел-дискутанти на оваа ПИН-конференција е планирано да се појават гитаристот Влатко Стефановски, Бобан Милошевски од „Авалон продукција“, Костадин Шурбановски од „Скопје џез фестивал“ и други, а официјалниот почеток ќе биде со прикажувањето „2012 - Последните Македонци“ на Драмски театар во режија на Сашо Миленковски.
Наедно во рамките на програмата публиката ќе има можност да проследи уште три театарски претстави, а во вечерните часови на неколку одбрани и алтернативни простори во градов, меѓу кои и кината „Вардар 1“ и „Вардар2“ кои по цели 15 години ќе бидат отворени за посетители, ќе се одвива интензивна музичка програма со главно млади бендови од земјава и од регионот. Планирани се да музицираат „Шутка рома рап“, Сашко Костов, „Бла, бла, бла“, „Калап“, Џака Накот, Бугарите „Уикеда“, Андреас Херц од Германија, „Лемон бакет оркестра“, Пакистанецот Ариеб Азхар, „Новиот почеток“ и други, а влезот за сите концерти ќе биде слободен.
„Во рамките на ПИН-конференцијата ќе биде поставена и изложбата „Мултикултурализмот во музиката“, која што всушност претставува една патувачка изложба и која што започна токму минатата година на „Таксират“, потоа продолжи на „Ин мјузик фестивал“ во Хрватска, па на „Егзит“ во Србија и еве ја повторно овде кај нас во Македонија“, вели Ана Шутиновска.
Инаку, од сите случувања е обезбеден онлајн-видео пренос, а организаторите „Пасворд продукција“ најавуваат дека ПИН-конференцијата ќе биде повеќе од убав вовед во она што потоа следува - Позитивниот концерт на кој „Суперхикс“ ќе го одбележат сопственото творечко полнолетство, перформансот на Французите „Новел ваг“ и конечно финалната вечер на „Таксират 14“ со артистот од Австрија - Паров Стелар, “Скиндред“, Че Судака, Тања Стивенс, нашиот Кирил Џајковски како главна ѕвезда на вечерта и повратниците, култната хип-хоп дружина „Чиста околина“ која по цели 11 години се враќа на македонската музичка сцена.
Грег Палмер е човекот кој исто така доаѓа од Обединетото Кралство и е уредник на тамошниот музички магазин „Ај-кју“. Тој е еден од најинтересните учесници на ПИН-конференцијата затоа што успеа да си постави Гинисов рекорд посетувајќи 26 фестивали само за 30 дена и тоа во различни европски земји.Ана Шутиновска, координатор на ПИН-конференцијата.
Во рамките на ПИН-конференцијата ќе биде поставена и изложбата „Мултикултурализмот во музиката“, која што всушност претставува една патувачка изложба и која што започна токму минатата година на „Таксират“, потоа продолжи на „Ин мјузик фестивал“ во Хрватска, па на „Егзит“ во Србија и еве ја повторно овде кај нас во Македонија.Ана Шутиновска, координатор на ПИН-конференцијата.